fbpx
Таг: ковид -19

таг: ковид -19

Фестивалот „Охридско лето“ годинава ќе се адаптира на препораките за борба против ковид-19

Подготовките за реализација на годинешново 60-то јубилејно фестивалско издание на „Охридско лето“ започнаа веднаш по завршувањето на минатото издание. Повеќето работи до овој период од годината се завршени, но дирекцијата на фестивалот периодов работи на прилагодување на некои фестивалски активности на новонастанатата состојба со ковид-19 во нашата земја. Од фестивалот велат дека постојано се во преговори со уметниците кои годинава...

Медиумите во време на пандемија, приватност и исклучоци

Балансот помеѓу потребата за професионално и инспиративно известување од една страна и приватноста на заразените пациенти со ковид-19 од друга страна, е еден од новите предизвици со кој се соочени новинарите, а експертите велат дека изборот мора да се направи внимателно. Покрај загрозувањето на личното здравје, со избувнување на пандемијата на ковид-19 медиумите во Косово се соочија со нова ситуација...

Нови 87 заразени со ковид-19, најмногу активни случаи има во Чаир и во Бутел

Во последните 24 часа се направени 987 тестирања, а регистрирани се 87 нови случаи на ковид-19. Од нив, најголем број се во Скопје - 41, во Куманово 12, во Штип 16, во Тетово има 10, по еден случај има во Гостивар и во Струга, во Охрид двајца и во Пробиштип четворица. Во Министерството за здравство информираат дека денеска Институтот...

Текстилните работници се враќаат на работа, меѓу заболените и двајца медицински работници во штипската болница

По вчерашниот рекорден број на заболени во Штип, кога беа евидентирани 33 позитивни главно тесктилни работници, денеска беше потврдено дека меѓу заболените има и двајца медицински работници. Медицинска сестра од Инфективното одделение од Клиничката болница од Штип е позитивна на ковид-19, како и еден вработен на Физикалното одделние. По потврдата на болеста кај медицинската сестра, во изолација се шестмина други...

Деветмина заразени од коронавирусот во градинка во Кочани, скринингот спречи катастрофа

Деветмина вработени во градинката „Павлина Велјанова“ во Кочани се заразени со коронавирусот, објави на својот профил на Фејсбук градоначалникот Николчо Илијев. Тој повикува на максимална внимателност за да се спречат последици од поголем размер. Тестирањето на вработените во градинките низ државата е дел од скринингот кој го спроведуваат здравствените власти, пред да ги отворат за згрижување деца. „Скринингот на вработените покажа...

Бројката на заболени од ковид-19 надмина 3.000, пикот беше предвиден до 2.500

Министерството за здравство информира дека во изминатово деноноќие се направени 854 тестирања, а притоа се регистрирани 111 нови случаи на Ковид-19. По градови, најмногу случаи има во Скопје - 63, а по главниот град следуваат Штип со 12, Куманово со 11, Кочани со 9, Тетово со 8, Гостивар и Велес со по 3, и Охрид и Крива Паланка со...

Поттикнување етнички и верски тензии со манипулативната лажна вест за Грција

Дезинформацијата дека жителите на одредени општини од Северна Македонија добиваат забрана за влез во Грција која ја демаскираше КриТинк, едновремено служи и за поттикнување меѓуетнички тензии и нетрпеливост на верска основа. Таквите текстови првобитно беа објавени на 3 јуни од „Вечер“ и „ТВ Сител“ под наслов „Грција забрани влез за општините од Македонија со најмногу заразени – меѓу нив Тетово...

МЦМС истражување: 71,3 отсто од граѓаните се загрижени за состојбата со корона вирусот

Состојбата предизвикана од Ковид-19 беше повод Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) да направи истражување за ставовите на граѓаните поврзани со здравјето, но и со поголем број други состојби кои ги предизвика болеста Ковид-19. Истражувањето покажа голема загриженост кај 71,3 отсто од граѓаните за моменталната состојба предизвикана од корона вирусот. Демографски, жените се позагрижени (80,6 отсто) наспроти мажите (61,7...

Филипче: И после 100 прес-конференции и апели, има граѓани кои не ја прифаќаат реалноста

Вирусот не е шега и нема да замине додека не прифатиме дека е закана за секој кој не ги почитува мерките. И после 100 oдржани прес-конференции и повторени апели и пораки, еден дел од граѓаните одбива да ја прифати реалноста дека вирусот е сериозна закана, истакна пред малку на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче кој информираше за новите...

Предлог за цел викенд во карантин за Скопје, Штип, Куманово и за Тетово

Во претстојниот продолжен викенд, забрана за движење, односно полициски час, да има од четврток (4 јуни) од 21:00 часот до понеделник (8 јуни) до 05:00 часот наутро, и тоа во сите скопски општини, како и во Куманово, Липково, Штип, Тетово, Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце. Ова е одлуката која во форма на предлог е дадена на усвојување во Владата,...

Во Штип од денеска нема да работи уште една поголема конфекција

Текстилна фабрика со околу 250 работници од денеска не работи, а работниците ќе чекаат да бидат тестирани на Ковид-19. Ова го потврди градоначалникот на Штип, Благој Бочварски, кој рече дека сопственикот се согласил привремено да престанат со работа, до завршувањето на скринингот. Како што дознаваме, позитивни се четири работнички од оваа текстилна фабрика. Со претходните шест, оваа е седмата текстилна...

За едно деноноќие 101 нов случај на Ковид-19, можно затворање на одредени општини

Во последните 24 часа се направени 974 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на Ковид-19, информираат во Министерството за здравство. Најголем број од новозаразените се во Скопје - 59 лица. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 84-годишен пациент од Прилеп, хоспитализиран на 17 мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Тетово (75г) примен на 24...

Филипче: Игнорирањето на вирусот и негирањето дека тој постои не помага никому

Игнорирањето на вирусот и негирањето дека тој постои не помага никому. Оние кои се одговорни и кои доследно се придржуваат на мерките треба да се пример за сите останати. Рестрикциите се непожелни и ќе ги избегнеме само ако се однесуваме дисциплинирано, рече на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче откако соопшти дека се регистрирани 67 новозаболени од Ковид-19,...

Филипче: Можно е да се врати полицискиот час и да се воведе карантин за Чаир, Студеничани, Штип и Гази Баба

Комисијата за заразни болести засега нема да предложи до Владата воведување полициски час или затворање на општините со голем број заразени, но тоа ќе се случи ако бројот на новозаразени расте, рече министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција. Тој кажа дека комисијата утрово ги анализирала бројките, па и покрај високите бројки, немало пациенти кои се јавуваат во болниците,...

Денеска 89 новозаболени и 7 починати – ќе има ли нов полициски час и карантин за Штип, Чаир, Гази Баба и Сарај?

Нема друг излез од ситуацијава освен повторно да се воведе полициски час и да се затворат општините во кои бројот на заразени со ковид-19 е голем, смета епидемиологот Александар Стојанов, коментирајќи ја бројката од 89 новозаразени и седуммина починати лица за само едно деноноќие. Тој вели дека државата презела сè што презедоа и останатите власти во развиените држави, но...

Потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири објави дека е позитивен на корона вирусот

Мухамед Зекири, потпретседател на СДСМ и пратеник во последниот парламентарен состав, денеска преку Фејсбук соопшти дека тој, неговата сопруга и тримесечната ќерка се позитивни на ковид-19. „И покрај внимателноста и придржувањето до препораките за минимум контакти, би сакал да ве информирам дека јас, сопругата и тримесечната ќерка имаме позитивни резултати на ковид-19. За среќа немам никакви симптоми, но тестот покажа...

Изминатите 24 часа направени се 771 тестирања за Ковид-19, откриени 62 нови случаи, двајца починати и 17 оздравени

Од 771 тестирање за Ковид-19 направени во последните 24 часа, регистрирани се 62 новозаболени. Во истиот период бројката на починати се искачи за двајца пациенти, а 17 се оздравени, кажуваат податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Од 17-те оздравени, најмногу има од Тетово - 9, од Скопје 5, а по еден од Куманово, Битола и Гостивар. Во ГОБ „8 Септември“...

Нови 35 случаи на корона вирус од 1.120 тестирања, оздравени се 19 пациенти, починаа петмина

Министерството за здравство денеска информира дека во последните 24 часа починаа пет пациенти како последица од корона вирусот. Направени се 1.120 тестирања а регистрирани се нови 35 случаи на Ковид-19. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (69г.) хоспитализиран на 15 мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Струга (70г.) примен во болницата на...

Донесени протоколите за запишување во градинките и во сите образовни институции

Владата на вчерашната седница ги донесе протоколите за запишување за приемните и другите испити во прво одделение во основните училишта, во средните училишта, во Математичко-информатичката гимназија и на високообразованите институции. Усвоен е и протоколот за градинките, а медиумите добија поддршка од Фондот за справување со кризата предизвикана од Ковид-19. На оваа седница, на предлог на Министерството за труд и социјална...

Руски провладин сајт дезинформира дека секој четврти Американец се спротивставува на вакцинирањето против корона вирусот

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот и во светот. Познатиот портал за борба против дезинформациите polygraph.info анализираше статија од рускиот провладин...

Димитров: Грција и Северна Македонија постигнаа договор во Преспа, не се враќајте назад

При полагањето на заклетвата, претседателката Гордана Сиљановска Давкова ја испушти придавката „Северна“ и рече само „Македонија“, и покрај тоа што истиот ден потпиша официјална заклетва под уставното име на...