Нови 87 заразени со ковид-19, најмногу активни случаи има во Чаир и во Бутел

Фото: Арбнора Мемети

Во последните 24 часа се направени 987 тестирања, а регистрирани се 87 нови случаи на ковид-19. Од нив, најголем број се во Скопје – 41, во Куманово 12, во Штип 16, во Тетово има 10, по еден случај има во Гостивар и во Струга, во Охрид двајца и во Пробиштип четворица. Во Министерството за здравство информираат дека денеска Институтот за јавно здравје регистрирал петмина оздравени пациенти, како и дека на Клиниката за кардиологија починал пациент од Куманово на возраст од 74 години, кој бил хоспитализиран пред два дена, а кој бил позитивен на вирусот.

„Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3.239, бројката на оздравени пациенти е 1.658, починати се 157 лица, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.424“, велат оттаму.

Најголем број активни случаи има во Чаир 192, во Бутел 68, во Центар 66, во Гази Баба 63, во Аеродром 61, а во Карпош 57. Во општина Сарај има 55 активни случаи, во Кисела Вода 37, по 23 во Ѓорче Петров и во Арачиново, 21 во Шуто Оризари и 20 во Студеничани. Во Илинден оваа бројка е 18, во Петровец шест, во Чучер Сандево три и во Сопиште два случаи. Ковид-19 имаат и двајца странци.