fbpx

Поттикнување етнички и верски тензии со манипулативната лажна вест за Грција

-

Дезинформацијата дека жителите на одредени општини од Северна Македонија добиваат забрана за влез во Грција која ја демаскираше КриТинк, едновремено служи и за поттикнување меѓуетнички тензии и нетрпеливост на верска основа.

Таквите текстови првобитно беа објавени на 3 јуни од „Вечер“ и „ТВ Сител“ под наслов „Грција забрани влез за општините од Македонија со најмногу заразени – меѓу нив Тетово и Чаир“. Истите дезинформации ги пренесе и „Република“ и уште неколку медиуми кои се дел од истата групација поврзани со политички центар на моќ.

Во нив се наведува дека се работи за „општините со најголем број новозаразени од коронавирусот во Македонија“, при што се наведуваат жителите на Тетово, Чаир, Сарај, Бутел, Арачиново, но и уште неколку општини меѓу кои и Шуто Оризари.

Симптоматично е дека во ваквите списоци се наведуваат само општини во кои има поголемо присуство на албанско и ромско муслиманско население, но не и општина Штип, во која етничките Македонци православни христијани се мнозинство. А, токму таа општина деновиве е идентификувана како едно од клучните жаришта на инфекцијата, поврзано со сомнеж за непочитување на мерките во текстилната индустрија, пишува „КриТинк“.

Ваквата селективност укажува на манипулативната техника на користење кодиран јазик, односно „шифри“ чие значење е јавна тајна, со цел поттикнување негативни чувства и дискриминација кон одредени општествени групи. Притоа, термините „тетовци, чаирчани, бутелчани“ кај читателите поттикнуваат негативни асоцијации кон Албанците, како дел од креирање наратив (теорија на заговор) дека само припадниците на одредени етнички или верски заедници се виновни за ширење на болеста Ковид-19.

Во дел од овие написи како „извор“ на наводен список на неподобни општини беше цитирано наводно соопштение од Министерството за надворешни работи на Република Грција, во вид на фотошопирана слика. Проверката на Критинк утврди дека такво соопштение не постои на сајтот на грчкото МНР, додека во вистинското соопштение нема споменување на одделни општини. И македонското МНР во објава на Фејсбук оваа дезинформација ја означи како „лажна вест“.

Критинк посочи и дека ваквата евентуалната забрана за патување издадена од органи од една држава, а која би се однесувала само на граѓани кои живеат на делови од територии од друга држава, би го нарушила ETIAS договорот меѓу Република Северна Македонија и Европската унија.

Дел од медиумите кои ја објавија лажната вест по неколку часа ја отстранија од своите веб-сајтови, меѓу кои „Вечер“ и Сител ТВ, без да објават корекција и извинување до читателите како што налагаат новинарските стандарди.

Целиот текст може да го прочитате тука.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Германија добива онлајн регистар на донори на органи

Германскиот онлајн регистар на донори на органи вчера беше отворен со две години задоцнување. Министерот за здравство Карл Лаутербах оцени дека тоа придонесува за транспарентност и поголема подготвеност на...