МЦМС истражување: 71,3 отсто од граѓаните се загрижени за состојбата со корона вирусот

-

Состојбата предизвикана од Ковид-19 беше повод Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) да направи истражување за ставовите на граѓаните поврзани со здравјето, но и со поголем број други состојби кои ги предизвика болеста Ковид-19. Истражувањето покажа голема загриженост кај 71,3 отсто од граѓаните за моменталната состојба предизвикана од корона вирусот. Демографски, жените се позагрижени (80,6 отсто) наспроти мажите (61,7 отсто), како и 75,4 отсто од етничките Македонци се позагрижени наспроти 56,2 отсто од Албанците.

Според степенот на образование на испитаниците, вкупно 60 отсто се загрижени дека лично ќе се заразат со корона вирусот, а меѓу нив, поголем е процентот на жените (68,4 отсто) од оној на мажите (51,7 отсто). За жал, граѓаните се поделени во грижата дека без да знаат го имаат и го шират вирусот. Ваква грижа на совест имаат 48,8 отсто од граѓаните, додека 45,5 отсто од нивните сограѓани рекле дека воопшто или само до некаде се загрижени за оваа можност.

Висок е процентот (42,7 отсто) на оние кои сметаат дека Ковид-19 е „излезен“ од лабораторија. Од нив, 36,7 отсто оцениле дека тоа е сторено со намера, а 6 отсто сметаат дека се случила грешка. Вкупно 19 отсто рекле дека вирусот се појавил природно, а 10,3 отсто дека не веруваат дека постои.

Популарните теории дека појавата на Ковид-19 е поврзана со воспоставувањето на 5Г мрежите има поддршка од 4,9 отсто од испитаниците. Гледано низ призмата на етничка припадност, Македонците се посклони да веруваат дека вирусот е направен во лабораторија, а Албанците, дека тој не постои.

Мнозинство од испитаниците одговориле дека во моментов работат од работното место, 22 отсто дека се на принуден одмор, а 17,8 отсто рекле дека работат од дома. За речиси половината (49,2 отсто) нема разлика при завршување на работата, додека за 31,1 отсто од испитаниците рекле дека е сега потешко да се заврши работата од дома. За околу една петтина од вработените, овој начин на работа воопшто не е одржлив.

Дури 80 отсто сметаат дека работното место им е сигурно, а меѓу нив, побројни се мажите. Поголема сигурност во работното место покажуваат вработените во јавни институции (84,9 отсто), за разлика од вработените во приватни компании (75,2 отсто). Покрај сигурноста во работното место, од одговорите е евидентна и сигурноста во приходите на граѓаните (76,2 отсто). Но, иако се сигурни за своето работно место, дури 79,3 отсто од испитаниците сметаат дека многу луѓе ќе го изгубат работното место поради вирусот, стои во првиот дел од истражувањето на МЦМС.

Податоците се прибирани во телефонска анкета, во периодот од 16 до 22 мај 2020 година, на национален репрезентативен примерок од 1.000 испитаници.

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста на животната...

Идниот месец ќе се знае колку линдан остана во ОХИС и колку ќе чини чистењето

Колку точно линдан останува во малата депонија во ОХИС и колку време и пари ќе бидат потребни за нејзиното целосно расчистување ќе се знае во текот на јуни. Испитувањата на мострите...

Засолниште има, но кучиња скитници продолжуваат да ја загрозуваат безбедноста во Тетово

И покрај отворањето на засолниште за кучињата скитници во Тетово, граѓаните се уште се соочуваат со бројните кучиња по населбите. Официјалните податоци покажуваат дека во текот на изминатите четири години стотици...

Велика Британија и Европа ѝ наметнуваат големи санкции на Русија по повикот меѓу Путин и Трамп

Обединетото Кралство и Европа најавија големи санкции против Русија, откако стана јасно дека телефонскиот повик меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин не донел никакви значајни отстапки од Москва, пренесува Гардијан. Украинскиот претседател,...

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста...