Фото: Арбнора Мехмети, Мета.мк

Од 771 тестирање за Ковид-19 направени во последните 24 часа, регистрирани се 62 новозаболени. Во истиот период бројката на починати се искачи за двајца пациенти, а 17 се оздравени, кажуваат податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Од 17-те оздравени, најмногу има од Тетово – 9, од Скопје 5, а по еден од Куманово, Битола и Гостивар.

Во ГОБ „8 Септември“ починал 60-годишен пациент од Струга примен во болницата на 22 мај. Евидентиран е 64-годишен пациент од Гостивар, кој бил примен и починал во гостиварската болница во петокот, а тестот направен по смртта покажал позитивен резултат на Ковид-19.

Од новодијагностицираните најмногу се од Скопје – 24, а потоа следуваат Штип со 14, Тетово со 12, Струга 4, Гостивар 3, Куманово 2 од Велес, Кочани и Валандово по еден случај. Од новодијагностицираните во Скопје, најмногу има од општина Чаир – 11, а следна општина по број на нови случаи е Бутел со 6, по што следуваат Карпош, Аеродром и Сарај со по 2 случаи и Гази Баба има 1 нов случај.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.226, бројката на оздравени пациенти е 1.552, на починати е 133, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 541. Последната дистрибуција по градови е следната:

• Скопје – 841, активни 267
• Куманово – 455, активни 45
• Дебар – 51, активни 0
• Штип – 76, активни 41
• Прилеп –211, активни 41
• Тетово – 210, активни 78
• Струга – 84, активни 14
• Велес – 130, активни 30
• Битола –28, активни 3
• Охрид –23, активни 6
• Кавадарци – 5, активни 0
• Гостивар –26, активни 6
• Гевгелија – 4, активни 0
• Струмица – 3, активни 1
• Крива Паланка- 6, активни 0
• Радовиш – 4, активни 0
• Крушево – 3, активни 0
• Кочани – 33, активни 2
• Пробиштип – 2, активни 0
• Кичево – 3, активни 1
• Неготино -12, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
• Демир Хисар – 1, активни 0
• Македонски Брод – 2, активни 0
• Пехчево- 3, активни 0
• Делчево-1, активни 0
• Валандово -2, активни 1
• Виница – 3, активни 1
• Кратово-2, активни 0
• Берово-1, активни 0
• Свети Николе-1, активни 1.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие, 221 тест се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи, при што не се откриени нови случаи. Досега во рамките на скринингот се направени 3.723 тестирања, а потврдени се вкупно 6 позитивни случаи на ковид-19.