fbpx

Текстилните работници се враќаат на работа, меѓу заболените и двајца медицински работници во штипската болница

-

По вчерашниот рекорден број на заболени во Штип, кога беа евидентирани 33 позитивни главно тесктилни работници, денеска беше потврдено дека меѓу заболените има и двајца медицински работници.

Медицинска сестра од Инфективното одделение од Клиничката болница од Штип е позитивна на ковид-19, како и еден вработен на Физикалното одделние. По потврдата на болеста кај медицинската сестра, во изолација се шестмина други вработени, од кои двајца доктори, три сестри и еден лаборант. На помош на Инфективното одделение доаѓа инфектолог од Струмица, потврди директорот на Клиничката болница од Штип, Ален Ѓеоргијев.

„По препораки на епидемиолозите до сега имаме шест работници во изолација. Без разлика што имаме еден вработен на Инфективното одделение, не можеме да кажеме дека инфекцијата ја добил на работа,“ кажа Ѓеоргијев.

Ова е по втор пат од почетокот на пандемијата вработени од Инфективното одделение да одат во изолација. Од Физикалното одделение засега нема останато никој во изолација, а дали ќе има, ќе зависи од препораките на епидемилозите.

Со денови бројот на пацинети, кои се лекуваат на Инфективното одделние не паѓа под 20. Во моментов, како што кажа директорот Ѓеоргијев се лекуваат 24 пацинети, 22 од Штип и двајца од Кочани. Синоќа еден пацинет, кој беше на кислородна поддршка е префрлен на Клиниката за инфективни болести во Скопје.

„Тој е во стабилна состојба, а има неколку пацинети кои имаат потреба од повремена кислородна поддршка,“ изјави Ѓеоргијев.

Потенцијалниот раст на хоспитализирани е разгледуван од самиот почетокот на појавата на епидемијата. Доколку дојде до пораст на бројот на хоспирализирани од ковид-19, ќе биде испразнето Одделението за неврологија, кое се наоѓа во едно од крилата на Инфективното одделение.

И додека здравствените работници се подготвуваат на секакви сценарија, текстилните компании, се враќаат во нормала. Сите работници кои имале негативен тест, од вчера се на работа. Меѓу конфекциите има такви кои ги поделиле работниците во две бригади. Работат тие што немале позитивни во нивните редови, додека останатите се во самоиозлација. Има и помали конфекции, кои целосно се затворени, затоа што повеќето раобтници се болни. Две поголеми конфекции, со цел да продолжат со работа, само ги тргнаа од процесот позитивните и тие што треба да одат во изолација, додека останатите се редовно на работа. Околу 300 работници од една од поголемите конфекции се на колективен одмор додека да стивне заразата.

Таму каде што се работи, сопствениците им наложиле на работниците да не го користат организираниот превоз, да одат пеш на работа или со сопствен превоз.

Во Центарот за јавно здравје и натаму се вршат интензивни тестирања, а информациите за јавноста целосно ги препуштија на Министерството за здравство. Директорката на Центарот за социјални работи, Марија Димитрова денеска не одговараше на повикот на новинарите, додека во изјава за емисијата „360 степени“ кажа дека ситуацијата е излезена од контрола.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не е точно дека француски трупи пристигнале во украинскиот град Славјанск

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја...