fbpx

ДЗС: Бројот на починати лица во земјава лани пораснал за 3,6 отсто

-

Бројот на починати лица во државава лани е поголем за 3,6 отсто, во однос на претходната 2018 година, и изнесува 20.446 умрени лица, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС), од кои најголемиот број се во Скопје – 5.510. Поголем број од починатите се од машки пол, и тоа 10.616 или 51,9 отсто.

Бројот на умрените доенчиња изнесува 112, a нивното учество во вкупниот број умрени лица изнесува 0,5 отсто, на 100 починати лица.

Според месецот на смрт, најголем број случаи лани имало во јануари – 2.027, во февруари – 1.873 и во март – 1.925. Просечната возраст кај починатите од машки пол изнесува 71,6 години, односно 76 години кај лицата од женски пол, или за 4,4 години е повисока просечна возраст кај жените.

Како и во минатите години, ДЗС регистрира дека во вкупниот број на починати најголемо е учеството на лицата од болести на циркулаторниот систем, и тоа во 51,8 отсто од сите случаи, потоа се лицата кај кои како причина за смрт се неоплазмите, со учество од 18,6 отсто, со 4,6 отсто се застапени случаите каде причина за смрт се ендокрините, нутритивните и метаболичките болести, а случаите кај кои причина за смрт се болестите на респираторниот систем, застапени се со 4,4 отсто во вкупниот број на починати.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Зеленски не ја вовлече Украина во војна

Украина не е таа која сака војна, ниту, пак, украинскиот претседател Зеленски ја вовлекол земјата во војна, како што неточно тврди објавата. Русија ја нападна Украина, а таа има...