fbpx

Денеска потврдени 25 нови случаи на Ковид-19, оздравени се 8 пациенти, починаа 3 лица

-

Министерството за здравство информира дека во изминатото деноноќие се регистрирани 25 нови случаи на Ковид-19, и тоа во Скопје најмногу – дури 16, во Тетово 4, во Охрид и Велес по 2 и во Струга еден нов случај. Во изминативе 24 часа направени се 286 тестирања.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починала 60-годишна пациентка од Куманово, хоспитализирана на клиниката од 27 април. Во ГОБ „8 септември“ починал 59-годишен пациент од Струга, примен на 16 мај и 51-годишен пациент од Скопје хоспитализиран на 4 мај.

Институтот за јавно здравје денеска регистрирал 8 оздравени пациенти, и тоа во Скопје 7, а во Прилеп еден оздравен.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.817, бројката на оздравени пациенти е 1.301, на починати е 104, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 412. Најголем број од активните случаи се во Скопје, вкупно 152.

На Клиниката за инфективни и фебрилни болести во изминативе 24 часа примени се 2 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 48 пациенти. Двајца пациенти се на механичка вентилација, 23 се потешко болни и на кислородна поддршка.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 20 пациенти. На респиратор се 6 пациенти, а со потешка клиничка слика се уште 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 7, додека на домашно лекување се следат уште 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 4 пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Охрид и Прилеп се хоспитализирани 47 пациенти позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...