fbpx

Полициски час утре и в понеделник, пензиите ќе се исплаќаат од среда

-

Покрај стандарниот полициски час, од 19 часот вечерва, до 5 часот утре, Владата наложи и долг полициски час што ќе почне утре во 11 часот (претпладне) и ќе трае до 5 часот во вторник.

На својата 56-та седница вчера, Владата ја изменила и одлуката за карантин за македонските граѓани што се враќаат од странство, па ако тие приложат ПЦР тест за коронавирусот КОВИД-19 направен во последните 72 часа пред да влезат на територијата на земјава, наместо во задолжителен државен карантин, се упатуваат во задолжителна домашна самоизолација.

Исто така, Владата донела одлука и за управните и надзорните одбори, и им овозможила да се состануваат. Според најновите измени на Протокол за одржување на седници на органи на управување и конференции, бројот на учесници не е ограничен, но потребно е задолжително да се обезбеди физичко растојание на учесниците од 1,5-2 м2, и понатаму остануваат задолжителното носење заштитни маски на учесниците во текот на целиот настан, задолжителното обезбедување на средство за дезинфекција на рацете и на просториите, честото проветрување на просториите со задолжителни паузи, како и ограниченото групирање на присутните на не повеќе од 5 лица со задолжително одржување на физичко растојание.

Донесена е и одлука пензиите за мај да се исплаќаат од 27 мај. Притоа, банките се задолжени да обезбедат доволно банкноти, за пензијата да може да се исплаќа на банкарските шалтери по следниот распоред:

– В среда, 27.05.2020 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;

– В четврток, 28.05.2020 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;

– В петок, 29.05.2020 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;

– В понеделник, 1.06.2020 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари.

Владата овозможи и полагање испити, но и настава на универзитетите. Имено, на 56-та седница одржана вчера, Владата донела и Уредба со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за високото образование за време на вонредна состојба, со која се овозможува да се одржуваат испити на универзитетите
Согласно одредбите, на високообразовните установи каде постои можност за целосна примена на протоколот за полагање испити на високообразовните установи, а во согласност со мерките за заштита од коронавирусот КОВИД-19 од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, може да се реализираат студиските програми, како и проверката на знаењето, со физичко присуство на студентот.

На високообразовните установи каде постои можност за целосна примена на протоколот, со физичко присуство на студентот може да се реализираат предавањата, вежбите, форми на континуирана проверка на знаењето, индивидуалната настава и други облици кои се соодветни на специфичноста на наставно – научната и уметничката област, консултативно – инструктивната настава, индивидуална студиска работа (истражување на литература, семинарски задачи, проектна работа), полагањето на испитите и колоквиумите, како и одбраната на дипломска, магистерска теза, и докторска труд.

Исто така со оваа Уредба се регулира и работата на Стручната служба, може да се врши со физичко присуство на вработените, ако за тоа постои можност за примена на протоколот.

Владата исто така одредила дека уште 200 дена од престанокот на траењето на вонредната состојба ќе мора да се применуваат мерките за обезбедување на редарска служба при влезот и во внатрешноста на трговските објекти, дезинфекција за раце при влез во објектот, поставување на соодветни ознаки со кои се обележува правецот на движење и запазување на минимум потребното растојание при чекање ред на лицата пред и во објектот, како и истовремено пазарување најмногу по едно лице на површина од секои 20 метри квадратни, додека со површина помала од 20 метри квадратни може да пазарува само едно лице, како и обезбедување на заштитна опрема (маски и ракавици) од страна на трговецот за вработените во објектот, кои се должни да ја носат за времетраење на работното време.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...