Девет нови случаи на Kовид-19 во Штип, текстилната фабрика останува жариште

-

Група епидемиолози од Институтот за јавно здравје во Скопје денеска се во Штип, во увид на состојбата, откако деновиве се појавија нови случаи на заболени од Kовид-19, со жариште во текстилна фабрика. Во Центарот за јавно здравје во Штип денеска се евидентирани девет нови случаи до 12 часот, додека во евиденцијата на Министерството за здравство, според вчерашните тестирања, има 4 новозаболени лица, од кои две се текстилни работнички. Над 130 граѓани се во изолација.

На лекување на Инфективното одделение на Клиничката болница во Штип се девет пациенти.

„Денеска ќе бидат прегледани новите девет заболени, по што инфектолозите ќе одлучат дали ќе задржат некои од нив на болничко лекување“, изјави Ален Ѓеоргијев, директор на Клиничката болница од Штип.

Во меѓувреме, ангажирани се сите ресурси на општината, со цел, како што рече градоначалникот Благој Бочварски, вирусот да не се прошири во другите текстилни фабрики. Со истиот автобус со кој се превезувале заболените конфекционерки, се возеле работници на уште три конфекции. Засега заболените доаѓаат од една конфекција, која веќе три дена е затворена.

„Стапивме во контакт со сопственици на конфекции и списоците на работници се предадени на епидемиолозите, точно е утврдно кои работници, како се превезувале. Станува збор за три конфекции, чии работници се возеле во ист автобус. За очекување е дека ќе се појават нови случаи, но се надевам дека ќе се затвори кругот. За жал, во последно време не се почитуваа мерките, но, тоа е единствена заштита и мерките мора да се почитуваат“, рече Бочварски на денешната прес-конференција.

Прашан за можните сценарија во случај на зголемување на бројот на заболени, тој рече дека се уште нема рапидно зголемување на бројот, а појавување на новите случаи е опомена да не се опуштаме.

„Кризниот штаб ќе ја следи состојбата и со сериозен ангажман ќе настојува да се затвори кругот,“ кажа Бочварски.

По информациите дека фабричките авотбуси и натаму се полни, без одржување на социјална дистанца, надлежните очекувањата дека превозниците крајно сериозно ќе пријдат кон својата работа, бидејќи и од нивното и однесувањето на работниците зависи дали ќе растат бројките.

 

Антикорупциска покрена истрага за патувањата на функционерите во Вашингтон

По бројните реакции во јавноста, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) отвори предмет за патувањето на македонските функционери на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, пишува Порталб.мк. „Државната комисија за спречување...

Трамп нареди објавување на илјадници класифицирани досиеја за атентатите на Џон Кенеди и Мартин Лутер Кинг помладиот

Американскиот претседател Доналд Трамп им нареди на функционерите да направат планови за декласификација на документите поврзани со три атентати - на Џон Ф. Кенеди, Роберт Ф. Кенеди и Мартин Лутер Кинг...

ТАВ Аеродроми: Нова директна авиолинија Скопје – Париз до аеродромот Орли

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, објавува дека „easyJet“, втората по големина авиокомпанија за летови на кратки и средни релации во Франција и со водечка улога во локалното поврзување, воведува нов директен...

Уште четири лица осомничени за терористичка организација

Под раководство на јавен обвинител, вчера била спроведено координирана акција на Агенцијата за национална безбедност и одделите за сузбивање на организиран и сериозен криминал и за специјални полициски операции, во рамки...

Антикорупциска покрена истрага за патувањата на функционерите во Вашингтон

По бројните реакции во јавноста, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) отвори предмет за патувањето на македонските функционери на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, пишува Порталб.мк. „Државната комисија...