Eкипа на ТВ „Клан“ добила закани да ги избрише снимките од емигранти кај Ваксинце

-

Здружението на новинарите на Македонија најостро ги осудува заканите кон новинарската екипа на ТВ „Клан“.

„Денеска новинарот Фуркан Салиу и снимателот Ибрахим Мамути биле на терен во селото Ваксинце, каде забележале и снимиле поголема група на емигранти која се движела во тој регион. Откако ја направиле снимката, тие со автомобил се упатиле назад кон Скопје, по што, еден автомобил со кумановска регистрациска табличка им го пресекол патот, а од него излегол човек кој директно им се заканил на новинарите и побрал од нив да ги избришат снимките и да не ги објавуваат,“ информираат од ЗНМ.

Здружението на новинарите на Македонија бара од Министерството за внатрешни работи итно да го идентификува лицето кое се заканило на новинарите и да поднесе соодветна кривична пријава до Основното јавно обвинителство.

„Според новинарската екипа на ТВ „Клан“, случајот е пријавен во полиција веднаш по примање на заканите. Затоа, очекуваме МВР веднаш да започне истрага, а со тоа да се испрати порака дека такви напади нема да се толерираат. Освен тоа, ги повикуваме домашните и меѓународните институции кои работат на заштита на правата на мигрантите да се заинтересираат за случајот и да помогнат за целосно расчистување. Потсетуваме дека цензурата е забранета со Уставот, а заканите кон новинарите се апсолутно неприфатливи, претставуваат кривично дело и за нив се одговара пред судот,“ регираат од ЗНМ.

foom-logo-disklejmer

Текстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Израел изјави дека ќе го почитува примирјето со Иран „сè додека другата страна го прави тоа“

Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел во 12-дневната војна со Иран ја отстранил „заканата од нуклеарно уништување“ и дека ќе го почитува примирјето со Иран сè додека другата страна го прави истото,...

Иран ќе започне да ги обновува oбјектите оштетени во израелските напади

Иранските власти соопштија дека ќе започнат со обнова на домовите и објектите оштетени во израелските напади, пренесува „Гардијан“.  Тие ќе ги обновуваат станбените области и јавната инфраструктура, кои беа оштетени во израелските...

Работилница во Подгорица: Дезинформациите привлекуваат кликови, но фактите градат доверба

Поминавме долг пат од економијата на пари, преку економијата на информации, потоа до економијата на внимание, па се до економијата на емоции. Денес имаме економија на доверба. Клучната промена е што...

Усвоен акциски план при топлотен бран: Да се реорганизираат работните процеси за вработените изложени на сонце

Владата денеска ја усвои Информацијата за спроведување на мерки согласно фаза 3 од акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025 – 2030. „Се задолжуваат сите...

Израел изјави дека ќе го почитува примирјето со Иран „сè додека другата страна го прави тоа“

Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел во 12-дневната војна со Иран ја отстранил „заканата од нуклеарно уништување“ и дека ќе го почитува примирјето со Иран сè додека другата страна го...