fbpx

Зголемениот број новозаразени е резултат на олабавените мерки, но епидемијата е под контрола

-

Сите здравствени и нездравствени работници, кои се на првата линија на фронтот во битката со ковид-19, ќе добијат награда од 20 отсто поголема плата, информира на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. Тој напомена дека се работи за сите оние кои се вклучени во работата со пациентите со корона вирус – доктори, медицински сестри, болничари, транспортери, возачи во итната медицинска помош.

– Поголемата плата за 20 отсто ќе ја добијат два месеци по ред. Наградата се однесува на вработените во јавноздравствените институции, болниците, во здравствените домови. Никој нема да биде изоставен, начиниот на исплата ќе биде со платежната картичка за што повеќе информации ќе даде Министерството за финансии – рече министерот.

Владата одлучила да го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести за нормализирање на јавниот градски и меѓуградски јавен превоз од и кон Куманово. Прифатен е и предлогот со кој патниците од странски земји по завршување на 14 дневниот задолжителен државен карантин да не бидат упатувани на домашна изолација.

– Зголемениот број на новозаразени пациенти периодов е резултат на олабавените мерки и поголемото движење на граѓаните. Тоа е случај и во соседните земји и тоа е очекувано. Истото се случува и во Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, во Албанија. Првата битка ја добивме, но војната не е завршена. Не се оптовари здравствениот систем, заради што комисијата минатата недела донесе предлог план за намалување на рестриктивните мерки – додаде Филипче.

Тој потенцира дека вирусот е тука и никој од нас не е имун на него.

– Тој нема да исчезне додека не се стекне имунитет. Тоа значи дека ќе мора да живееме со вирусот. Сите стопански гранки, компании, организации се дел од оваа борба без исклучок и затоа сите треба да се прилагодат на новата реалност. Вирусот ќе има и втор бран. Започнуваме голема инвестиција во здравствениот систем и ги зајакнуваме капацитетите. Ги опремуваме одделенијата за интензивна нега ширум земјата, со цел да го дочекаме поподготвени. Покажавме што значи да се работи во интерес на граѓаните – додаде министерот.

Филипче истакна дека има ризик во Чаир да се рашири вирусот, нешто што е поврзано со семеен настан, каде имало 20 случаи. Освен Чаир ризик е и Тетово и околината, но освен овие две општини, рече дека нема нешто што е ризик кој е непредвидлив.

Во однос на изборите, министерот рече дека она што било побарано од здравствените власти било да се разработат аспекти и да се имплементираат протоколи.

– А другите, правни, демократски процеси, како и за тоа, кога треба да се случат изборите, тоа работа на лидерите да одлучат. Мандатот на Комисијата за заразни болести е да ги каже здравствените аспекти, а тоа е направено – додаде тој.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЈО: Сомнеж за поткуп во Делчево и неправилности во селото Бучим

Согласно информациите добиени од јавните обвинителства низ целата држава, денешниот изборен ден на кој се гласа во првиот круг од изборите за претседател на Република Северна Македонија, до овој...