fbpx

Педесет пациенти оздравеа од Ковид-19, новозаразени се 22, а двајца пациенти починаа

-

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 50 оздравени пациенти во Скопје, Куманово, Прилеп, Тетово, Велес, Крива Паланка и во Валандово.

Министерство за здравство информира дека во ГОБ „8 Септември“ почина пациент од Скопје на седумдесет и осум годишна возраст, кој бил примен на 7 мај, како и пациент од Тетово (77), кој бил на болничко лекување од 14 мај.

„Во изминатите 24 часа направени се 533 тестирања, а регистрирани се 22 нови случаи на ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.839, бројката на оздравени пациенти е 1.351, на починати е 106, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 382. Направени се 533 теста во последното деноноќие, а вкупно досега во земјата се направени 22.255 тестирања,“ се вели во соопштението.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 203 теста се во рамките на скринингот во градинки во Велес и Скопје и сите се негативни. Од досега направените 908 тестирања на вработените во градинките во Битола, Скопје и Велес потврден е само еден позитивен случај на Ковид-19 во Битола.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни во изминативе 24 часа примени се двајца нови пациенти, а хоспитализирани се вкупно 43 пациенти. Двајца пациенти се на механичка вентилација. Во ГОБ „8 септември“ примени се осум нови, а вкупно хоспитализиран е 21 пациент. На респиратор се четворица пациенти, a со потешка клиничка слика се уште двајца пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани седуммина, на домашно лекување се следат уште двајца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани четворица пациенти. На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Охрид и Прилеп се хоспитализирани 51 пациент, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...