fbpx
Таг: климатски промени

таг: климатски промени

ТОП 5 теории на заговор во С. Македонија за минатата година

Пропаганда од Кремљ за војната во Украина, вакцини, Кју-анон, климатски промени, како и теории на заговор за различни моќни лица, беа најсподелуваните теми претходната година. Штетното влијание на вакцини и намалување на сериозноста за климатските промени се теми што се повторуваат секоја година, а други како движењето Кју-анон беа особено популарни во 2023та. Константа е честата поврзаност на темите...

Ученици и наставници во Шуто Оризари учеа за климатските промени и заштита на животната средина

Најмалку 150 ученици Роми од основните и средното училиште во Шуто Оризари учествуваа во работилници за подобрување на нивното здравје, за климатските промени и за заштита на животната средина. Работилниците за подигнување на јавната свест и за подобрување на капацитетите, знаењето и вештините на учениците за поврзаноста на климатските промени, здравата околина за живеење и подобрување на здравјето се...

Колку јас лично придонесувам за климатските промени во светот?

Иако енергетскиот сектор, индустриските капацитети, шумските пожари и транспортот се убедливо најголемите предизвикувачи на климатските промени, личниот придонес на секој граѓанин во менувањето на секојдневните навики може многу да придонесе во намалувањето на емисиите на стакленички гасови. На Планетата живеат над 8 милијарди луѓе, а доколку секој од нив направи барем една климатска акција, тогаш финалниот исход може да...

Европа и заштитата на климата – најважни прашања за Германците за 2024 година

Зајакнувањето на единството на Европа за повеќе од половина (52 отсто) од германските граѓани е најважното надворешнополитичко прашање за следната година. Следно, со 35 отсто гласови е подобрувањето на глобалната заштита на климата, покажува анкетата на институтот Форса за списанието „Интернешнл Политик“ (Internationale Politik), пренесува германската новинска агенција ДПА. Со тесна разлика, 32 отсто од испитаниците го навеле ограничувањето на влијанието...

Норвешка со изведба на топлински пумпи се справува со климатските промени

Две-третини од домаќинствата во Норвешка имаат топлински пумпи во своите домови, што е повеќе од кое било друго место во светот. Европската земја со 5 милиони жители долго време ги користеше фосилните горива за загревање на домовите, но по нафтената криза во 1973 година, кога цените на дериватите пораснаа, политичките лидери направиле свесен избор да промовираат алтернативни начини на...

Климатските промени ќе ја чинат Грција две милијарди евра годишно

Трошоците од климатските промени за Грција до крајот на веков се проценуваат на 2,2 милијарди годишно, односно околу 1 отсто од сегашната вредност на БДП на Грција, пишува грчки „Екатимерини“, цитирајќи го извештајот на Банката на Грција и нејзиниот гувернер Јанис Стурнарас, за еколошките, економските и социјалните ефекти од климатските промени. Во извештајот е вклучена и штетата од шумски пожари,...

Обезбедени инвестиции од три милијарди евра за замена на јагленот со обновлива енергија

Во рамките СОР28 беше потпишана заедничка декларација за Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција за Северна Македонија, преку која треба да се мобилизираат до три милијарди евра инвестиции за забрзување на енергетската транзиција на земјата преку обновливи извори на енергија. На настанот за презентирање на платформата присуствуваа министерката за животна средина Каја Шукова и министерот за економија Крешник Бектеши, по...

Трка со времето кој да го наплати данокот од јаглерод, ЕУ или Македонија

РЕК Битола фото: ЕСм
Дали Европската Унија или Македонија ќе ги собира парите од данокот на јаглерод? Дилемата сè уште е актуелна, а државата е во трка со времето, до 2026 година да обезбеди механизми давачката да се наплатува тука, за парите да завршат во домашниот, а не во европскиот буџет. Законот за климатска акција, што го пропишува данокот на јаглерод, давачка што...

Ја живееме најтоплата година во историјата: климатските промени го менуваат целиот систем

Октомври го достигна „најтоплиот рекорд“, односно на глобално ниво бил за 1,7 Целзиусови степени потопол од генералниот просек за овој месец. Ова е петти месец годинава кој глобално гледано е потопол во однос на истите месеци во минатото, по што речиси е сигурно дека 2023 ќе биде најтоплата година во историјата. „Ваквото уривање рекорди е шокантно“, изјавува за Асошиејтед Прес...

„Шорткат“: 2023 – најтоплата година досега?

Европско истражување покажува дека планетата се загреала за речиси 1,2 Целзиусови степени над просечните температури, а за научниците веќе е практично сигурно дека годинава ќе биде најтоплата во последните 125.000 години. Ова ќе влијае на целиот биодиверзитет, а за последиците ве информираме во новата епизода на „Шорткат“. Во новите вести за млади информираме за младинската невработеност која се најде во...

ЕУ со порака: На регионалните депонии да работите и воздухот да го прочистите

С.Македонија годинава постигнала ограничен напредок во поглавјето Животна средина и климатски промени, потенцираат од Европската комисија во најновиот Извештај за земјава. Минатогодишните препораки се делумно исполнети, а во нареднава година треба особено да се работи на три точки. Од Европската комисија бараат наредниве месеци да се искористат за оспособување на регионалниот систем за управување со отпад во Источниот и Североисточниот...

Климатските промени ја интензивирале сушата во Сирија, Ирак и Иран

Климатските промени ја влошиле сушата која ги зафати Сирија Ирак и Иран последните три години и значајно ја зголемиле веројатноста ваквата суша да се случи, заклучува нова студија. Од 2020 година, во регионот е забележано пониско ниво на дожд, што довело до внатрешно раселување на населението, како и уништени посеви. Како последица, постои неконзистентно снабдување со храна во регионот, известува...

Кенија прогласи државен празник за садење дрва

Кениската влада денес објави дека 13 ноември 2023 ќе биде државен празник за садење дрва. Министерот за внатрешни работи на Кенија Китуре Киндики на социјалните медиуми напиша дека целта на пошумувањето е да се балансираат негативните ефекти на климатските промени, известува Гардијан. Оваа иницијатива е дел од поширокиот план на Кенија за справување со последиците на климатските промени. Се планира...

Бурата „Киаран“ ја зафати Европа: Петмина загинати во Италија, над 800 евакуирани во Шпанија

Бурата „Киаран“ предизвика природни катастрофи низ Европа. Според Гардијан, забележани се пет смртни случаи во Италија, еден во Франција, а во Шпанија се евакуирани над 800 луѓе откако избија неколку пожари кои брзо се шират поради силните ветрови на бурата. Дополнително, забележани се поплави во Словенија и Хрватска, вклучително и во Загреб, каде што се излеа реката Сава. Од Индекс...

Престанете да сонувате за исфрлање на јагленот до 2030 година, вели германски министер

Германскиот министер за финансии Кристијан Линднер ја стави под знак прашалник способноста на Германија за фазно исфрлање на јагленот како енергетски извор до 2030 година, цел којашто беше поставена во договорот на владејачката германска коалиција пред две години, пишува германската новинска агенција ДПА. „Сè додека не е јасно дека енергијата е достапна под пристапни услови, ние треба да престанеме со...

Балтичкото Море трпи штета на биодиверзитетот и ледената покривка

Балтичкото Море се соочува со „критични предизвици“ поради климатската криза и деградацијата на биолошката разновидност, вели ново истражување, а шведската крајбрежна стража се бори да го спречи влијанието на излевањето нафта на јужниот брег на земјата, пишува Гардијан. Во најсеопфатното истражување до сега, експертите од Балтичката комисија за заштита на морска животна средина (Хелком) во вторникот рекоа дека имало „малку...

Ученици од различни школи преку наставата во природа осознаваат растенија и инсекти [галерија]

Да се истражува во природа, да се собираат растенија, инсекти, почва и други материјали, кои потоа се анализираат и се изведуваат заклучоци е начинот на учење што го овозможува Мрежата на искуствено учење, која ја организира Македонското еколошко друштво (МЕД) заедно со неколку институции. Основци и средношколци можат да излезат од училница и да ја доживеат природата, да научат...

Најголем дел од младите не комуницираат со општините, но сакаат да се дел од зелени настани

Дури 58 отсто од младите во земјава не комуницираат со локалната самоуправа, но затоа пак мнозинството од 70 отсто од нив сакаат да се дел од зелени настани и би се вклучиле во креирањето политики доколку се навремено информирани и суштински вклучени. Ова е само дел од резултатите на истражувањето што го спроведе Здружението Гоу Грин со поддршка на...

Мета факт: Сите рокови за усвојување на Законот за климатска акција се пробиени

Сите рокови предвидени за донесувањето на Законот за климатска акција во Собранието на РСМ се пробиени. Иако владата во својата програма има ветено дека ова законско решение ќе биде усвоено во 2022 година, законодавниот дом до денешен ден ова го нема направено. Министерството за животна средина и просторно планирање дури на почетокот од август годинава ја објави финалната нацрт-верзија...

Во тек е повикот за учество на „Климатон Скопје“ – хакатон за климатски промени

Дводневен хакатон за климатски промени „Климатон Скопје“ ќе се одржи на 3 и 4 ноември во просториите на INNOFEIT, во организација на Центарот за развој на претприемачи и менаџери (CEED Hub) Скопје. Настанот, како што соопштија организаторите, е отворен за сите млади ентузијасти со иновативни идеи за решавање на климатските предизвици во главниот град преку дигитални решенија. Победничкиот тим ќе биде...

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...