fbpx
Таг: Јавно обвинителство

таг: Јавно обвинителство

Јавните обвинители со упатство како да постапуваат по ревизорските извештаи

Јавното обвинителство ќе изготви задолжително упатство со насоки до јавните обвинители за начинот како да постапуваат по ревизорските извештаи. Ова е заклучено денеска на работниот состанок меѓу главниот државен ревизор Максим Ацевски и заменик главниот државен ревизор Орхан Адеми со јавниот обвинител Љубомир Јовески и јавниот обвинител – раководител на Одделението во ЈОРСМ за соработка со други институции, Башким Бесими. Средбата...

Претреси на 24 локации и уапсени 18 лица во голема истражна акција за шверц на луксузни автомобили

Дваесет лица се сомничат, а 18 се уапсени во голема истрага на полицијата и на обвинителството. Во текот на ноќта и утринава, извршени биле претреси на 24 локации, запленети биле 14 автомобили и еден мотор, во вредност од половина милион евра. По две лица се трага и за нив ќе биде предложена мерка притвор во отсуство. Истрагата, како што соопшти...

15 луѓе, преку пет држави, за 11 споменици – истрага за тоа како се переле пари од „Скопје 2014“

Воинот на коњ, двата пара лавови, Гоце Делчев, Даме Груев, Никола Карев, Методија Андонов Ченто, Цар Самоил, Јустинијан Први, АСНОМ, Основачите на ВМРО. Ова се единаесетте споменици за кои Јавното обвинителство, по долги години предистражна постапка, отвори истрага - сомнежите се дека 15 лица переле пари за нивното леење во Италија. Од буџетот на граѓаните се плаќале високи суми...

Латас и Лазаров не се чувствуваат виновни за изговореното во спорниот поткаст на Јутјуб

Драган Павловиќ-Латас и јутјуберот Стефан Лазаров на денешното судско рочиште рекоа дека не се чувствуваат виновни за обвинението за ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем. Обвинението беше поднесено од Основното јавно обвинителство по објавениот поткаст на 14 февруари годинава, во кој Латас му беше гостин на Лазаров во поткастот. Латас рече дека не се чувствува виновен...

Обвинителството нареди истрага против косовски државјанин кај кого е пронајдено големо количество муниција

Основното јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против 37-годишен државјанин на Косово со престојувалиште во Кондово, за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Како што соопштија од Обвинителството, на 18 јуни,...

Обвинителен акт против 11 диви копачи на културно наследство

По истражна постапка што се спроведуваше од 13 декември минатата година, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднел обвинителен акт против 11 лица. Петмина од обвинетите, освен за кривичното дело „злосторничко здружување“, се товарат и за кривичното дело „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или културни реткости“, а...

Притвор за скопјанец кој ја претепал партнерката со клоци и со шамари

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднел oбвинителен предлог против 46-годишен скопјанец за кој постојат основани сомненија дека ја претепал својата вонбрачна партнерка, односно ја удирал со шлаканици по лицето и главата и со клоци во пределот на екстремитетите, на бедрата и кај градниот кош. Од ударите, жената се здобила со тешки телесни повреди набиеници, подливи и мултифрагментарна скршеница...

Притвор за жител на Ресен под сомнение дека силувал шестгодишно девојче

Основното јавно обвинителство Битола донело наредба за спроведување истражна постапка против жител на Ресен против кого е поднесена пријава за кривично дело – Силување дете кое не наполнило 15 години согласно член 188 став 5 од Кривичниот законик. Според соопштението на обвинителството, постои сомнение дека ресенчанецот на 2 јуни извршил други полови дејствија врз девојче родено во 2017 година, со...

Обвинение за две лица – со лажни исправи ќе регистрирале полициски синдикат

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес поднел обвинителен предлог против две лица. Според обвинителството, на 6 март, во простории на СВР Велес, првообвинетиот 42-годишен велешанец измамил две лица, наведувајќи ги да се потпишат наводно на пристапници за зачленување во Независниот синдикат на полиција, а притоа им поделил пристапници за тогаш сè уште неформираниот Синдикат на полиција во Македонија. Ваквите...

Обвинителен предлог за двајцата што се обидоа да прават див паркинг кај поликлиниката „Бит Пазар“

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставило предлог за продолжување на определената мерка притвор за првиот обвинет од двајцата, кои се обидоа да прават див паркинг кај поликлиниката „Бит Пазар“. За второто обвинето лице на сила се определените мерки на претпазливост.​​ Од Основното јавно обвинителство Скопје информираат дека поднеле обвинителен предлог против двете лица за кривичното дело – узурпација...

Притвор за двајца македонски државјани за шверц на 105 килограми кокаин

Jавниот обвинител побарал притвор за четворицата македонски граѓани за кои постои сомневање дека биле дел од меѓународната мрежа за шверц на 150 килограми кокаин запленет во Солун. Од обвинителството известија дека судијата на претходна постапка делумно го прифатил предлогот на обвинителството и на двајца од осомничените им определил мерка притвор во траење од 30 дена, додека за двајца определил...

Јовески: Во земјава сè помала е возрасната граница на сторители на тешки кривични дела

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески, изразува длабоко жалење и со загриженост ги следи настаните во соседна Република Србија, каде во оружени напади во претходните денови беа убиени повеќе лица, соопшти Јавното обвинителство. Истовремено, Јовески предупредува дека во земјава има тренд на намалување на возрасната граница на сторители на тешки кривични дела. Јовески побара поефикасна контрола на оружјето...

Јавното обвинителство лани решило три случаи за напади на новинари

Јавното обвинителство во 2022 година на територијата на целата држава се евидентирани четири случаи поврзани со напади врз новинари, од кои три се решени, соопштија од обвинителството, по повод 3 Мај, Денот на слободата на медиумите. ОЈО Гостивар постапувало против едно лице за физички напад врз новинар со секира, а по поднесеното обвинение изречена е пресуда за кривичното дело –...

Советот на јавни обвинители ќе ја достави до Етичкиот совет изјавата на Ленче Ристоска

Ленче Ристоска е обвинителка и таа треба како обвинителка да ги знае постапките, односно требало, исказите нејзини за наводно тргување со влијанија, да ги поткрепи со факти. Ова денеска го соопшти Антонио Јолевски, претседателот на Советот на јавни обвинители, по изјавата на Ристоска која кажа дека ова тело, од формирањето во 2008 досега, потфрлило во исполнувањето на примарната функција,...

Притвор за тетовец кој ја тепал и ја држел заклучена во соба невенчаната сопруга

Основното јавно обвинителство Тетово, поведе постапка против едно лице на возраст од 21 година, за кого постои сомнение дека сторил продолжено кривично дело – телесна повреда од член 130 и кривично дело – противправно лишување од слобода согласно член 140 од Кривичниот законик. „Почнувајќи од декември 2022 година, осомничениот вршел семејно насилство врз 19 годишна жена со која живеел во...

Притвор за тетовец осомничен дека силувал 14-годишно девојче

Тетовското јавно обвинителство донело Наредба за спроведување истрага против 19-годишник за кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“, според член 188 од Кривичниот законик. Според обвинителството, осомничениот на 12 април годинава, во близина на маркет кај старите згради на Државниот универзитет во Тетово, со употреба на сила и закана силувал 14-годишно девојче. Тој, заедно со уште едно...

Погребано детето кое почина откако беше искасано од кучето на соседот, истрагата е во тек

Тече постапката пред надлежните институции за смртта на осумгодишното дете од скопската населба Пинтија, кое беше искасано од соседско куче од расата „булмастиф“. Денеска беше извршен погребот на момчето, а две од вкупно три кучиња вчера беа одземени од сопственикот. Станува збор за женка од 12 години од расата англиски булмастиф и мажјак, стар две години, од истата раса. Нападот, според...

Во бегство е осомничениот за убиството во казиното кај Млечен ресторан

Во бегство е осомничениот 44-годишен скопјанец за убиството на 31 март годинава во казино на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ кај Млечниот ресторан, соопшти Јавното обвинителство. Од обвинителството велат дека јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот. „Бидејќи тој во моментот е недостапен на органите на прогонот, доколку биде...

Предложен казнен налог за повреда на угледот на поранешната амбасадорка на САД

Основното јавно обвинителство Тетово до надлежниот суд поднело Предлог за издавање на казнен налог против 40-годишен тетовец, кој се товари за кривично дело „Повреда на угледот на странска држава“ по член 181 од Кривичниот законик, соопштија од Јавното обвинителство. Обвинетиот, преку коментар со вулгарна и навредлива содржина на социјалната мрежа Фејсбук, на 12 април минатата година ја изложил на подбив...

Јовески: Приоритетни задачи за обвинителите се ефикасноста, отпорноста кон притисоци и транспарентноста

По повод 31 Март - Денот на правосудството, Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески упати порака до сите јавни обвинители во државава, во која ги наведе ефикасноста, отпорноста кон притисоците и влијанијата и транспарентноста како нивни приоритетни задачи. „Роковите за постапување мора да се почитуваат и да нема неоправдано одолговлекување на постапките. Граѓаните од нас очекуваат правда во разумен рок. Ја...

Хеликоптерот со иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...