Јовески: Приоритетни задачи за обвинителите се ефикасноста, отпорноста кон притисоци и транспарентноста

По повод 31 Март - Денот на правосудството, државниот јавен обвинител Љубомир Јовески нагласува дека еден од најголемите предизвици за институцијата во следниот период ќе биде преговарачкиот процес со ЕУ

-

По повод 31 Март – Денот на правосудството, Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески упати порака до сите јавни обвинители во државава, во која ги наведе ефикасноста, отпорноста кон притисоците и влијанијата и транспарентноста како нивни приоритетни задачи.

„Роковите за постапување мора да се почитуваат и да нема неоправдано одолговлекување на постапките. Граѓаните од нас очекуваат правда во разумен рок. Ја имате мојата целосна поддршка да носите самостојни и сигурни одлуки. Не дозволувајте никој и ништо да влијае врз вашето постапување и да го компромитира вашиот личен интегритет како јавни обвинители. Одлуките кои ги носиме мора да станат видливи за граѓаните. Правдата треба и да ја видат и да ја почувствуваат. Не се плашете од јавниот суд, бидејќи само тој е вистински коректор на нашата работа“, се вели во писмото на Јовески до обвинителите.

Тој нагласува дека веројатно еден од најголемите предизвици за институцијата во следниот период ќе биде преговарачкиот процес со ЕУ, бидејќи од реализацијата на реформите во поглавјата кои директно ја засегаат работата на правосудството ќе зависи севкупниот напредок на земјата на патот кон Унијата.

Во писмото тој изразува и незадоволство од застарувањето на дел судски предмети за кои постоеше голем интерес во јавноста.

„Не можам да не изразам незадоволство со одредени судски одлуки кои овозможија застарување на предмети за чиј исход јавноста беше заинтересирана. Одредени постапки, пак, не се застарени, но и покрај ажурноста на обвинителското постапување, сè уште не ја добиваат потребната судска динамика и немаат разрешница“, пишува Јовески.

Тој вели дека сите добронамерни критики за нивната работа се прифаќаат, вклучително и оние што ги детектираше американскиот Стејт департмент во Годишниот извештај за состојбата со човековите права во светот во 2022 година.

„Постои една изрека која вели – Довербата се заслужува кога делата се совпаѓаат со зборовите. Затоа сметам дека наместо да зборуваме за нашата посветеност, најдобро е тоа да го покажеме со нашето постапување во предметите“, се вели во обраќањето на Јовески до обвинителите.

Таравари: Десет пациенти хоспитализирани во земјава пуштени на домашно лекување

Десет пациенти коишто се лекуваат во земјава ќе бидат пуштени на домашно лекување, информираше денес министерот за здравство, Арбен Таравари. „Вчера имаше три пациенти што ги испишавме. Моментално во Клинички центар лежат...

Јавното обвинителство отвори истражна постапка за 27 лица и три компании во врска со пожарот во Кочани

Јавното обивинителство отвори истражна постапка против 27 лица и три компании за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во која ноќта на 16 март загинаа 59 а повредени се над 190...

Аеродромот Хитроу е затворен поради пожар кој избувна во трафостаница што предизвика прекин на струјата

Британскиот аеродром Хитроу од утрово е целосно затворен откако пожар предизвика прекин на струјата, нарушувајќи летови за илјадници патници на најфреквентниот европски транспортен центар, пренесува Асошиејтед Прес. Според сервисот за следење летови...

Пожарот во Кочани не е злодело на прозападната власт со цел уништување на Македонците

Пожари со многу жртви имало и во Русија (во ноќниот клуб Хромаја лошад во Перм во 2009 г., трговскиот центар Зимњаја вишња во Кемерово во 2018 г. или кафулето Полигон во...

Таравари: Десет пациенти хоспитализирани во земјава пуштени на домашно лекување

Десет пациенти коишто се лекуваат во земјава ќе бидат пуштени на домашно лекување, информираше денес министерот за здравство, Арбен Таравари. „Вчера имаше три пациенти што ги испишавме. Моментално во Клинички...