четврток, 13 ноември, 2025
Meta.mk

Ознака: Љубомир Јовески | 52 резултати

Јовески: Ни треба систематски пристап кон наодите од ревизорските извештаи

13 ноември 2023

Потребен уште посистематски пристап кон наодите од ревизорските извештаи, пред сè од страна на владините институции кои треба да ги отстранат слабостите, но и од истражните органи во поглед на постапките против можните злоупотреби. Ова го истакна јавниот обвинител Љубомир Јовески на работилницата во насока на унапредување на меѓуинституционалната соработка и на начинот на постапување […]

Јовески пред Грковска се пожали за недостигот од обвинители и ИТ кадар во обвинителствата

6 ноември 2023

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска одржа состанок со Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески, на кој биле отворени прашања со недоволните кадровски капацитети во овие институции, и од аспект на недостиг на обвинители, но и на информатички и друг стручен кадар, што ја отежнува работата и перформансите на […]

Злоупотребите на Клиниката за онкологија ја отворија рак-раната за мешањето на партиите во правосудството

4 ноември 2023

И покрај апелите од страна на Јавниот обвинител Љубомир Јовески да не се мафта со документи и да нема „фалење во однос на тој кој има информации за работата на Клиниката за онкологија“ туку истите да се пријават во обвинителството, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и денеска продолжи да зборува за аферата, како што ја […]

Јовески пред Анкетната комисија за онкологија: „Оставете нè да си ја вршиме работата!“

3 ноември 2023

Ниту постапувањето на јавното обвинителство, ниту на најголемиот дел од сведоците кои секојдневно ги повикувате тука можат да биде предмет на политичка одговорност. Кривичната одговорност, можеби ќе ве разочарам, но не е во ваша надлежност. Ова денеска пред собраниската Анкетна комисија формирана за случувањата на Клиниката за онкологија го порача јавниот обвинител Љубомир Јовески, кој […]

Протест во Тетово: 14 жртви, нула дена затвор за пожарот во модуларната болница

8 септември 2023

„Денеска цела земја слави, а ние се собравме да им оддадеме спомен на членовите на нашите семејства кои беа изгорени пред две години овде во модуларната болница“, со овие зборови денеска започна протестот што го иницираа роднините на 14-те загинати лица во пожарот во тетовската модуларна болница што се случи пред две години. „Корупцијата убива! […]

Платформата за борба против корупција бара оставка од Јовески поради нецелосната истрага за тетовската модуларна болница

17 август 2023

Во документарецот на ИРЛ се виде она што се шпекулираше, дека Јавното обвинителство ја нема спроведено целосно истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово, во кој живи изгореа 14 лица и не се наведува како настанале причините за пожарот. Ова денеска го истакна Дарко Аврамовски од Платформата на граѓански организации за борба против корупција. […]

Јавните обвинители со упатство како да постапуваат по ревизорските извештаи

14 јули 2023

Јавното обвинителство ќе изготви задолжително упатство со насоки до јавните обвинители за начинот како да постапуваат по ревизорските извештаи. Ова е заклучено денеска на работниот состанок меѓу главниот државен ревизор Максим Ацевски и заменик главниот државен ревизор Орхан Адеми со јавниот обвинител Љубомир Јовески и јавниот обвинител – раководител на Одделението во ЈОРСМ за соработка […]

Од 30 предмети за струшкиот градоначалник Мерко – само една условна пресуда

11 јули 2023

Комисија на Јавното обвинителство извршила вонреден надзор над работата на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, како и во предметите поврзани со работата на општина Струга во периодот кога тој ја вршел функцијата градоначалник. Разгледувани се вкупно 30 предмети поврзани со струшкиот градоначалник, кој се најде на црната листа на САД како генерално неподобен за влез во […]

Јовески: Во земјава сè помала е возрасната граница на сторители на тешки кривични дела

8 мај 2023

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески, изразува длабоко жалење и со загриженост ги следи настаните во соседна Република Србија, каде во оружени напади во претходните денови беа убиени повеќе лица, соопшти Јавното обвинителство. Истовремено, Јовески предупредува дека во земјава има тренд на намалување на возрасната граница на сторители на тешки кривични дела. Јовески […]

Јовески: Приоритетни задачи за обвинителите се ефикасноста, отпорноста кон притисоци и транспарентноста

31 март 2023

По повод 31 Март – Денот на правосудството, Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески упати порака до сите јавни обвинители во државава, во која ги наведе ефикасноста, отпорноста кон притисоците и влијанијата и транспарентноста како нивни приоритетни задачи. „Роковите за постапување мора да се почитуваат и да нема неоправдано одолговлекување на постапките. Граѓаните од нас очекуваат […]

Комисијата за дисциплинска одговорност бара разрешување на Вилма Русковска

30 март 2023

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност при Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, по спроведената дисциплинска постапка против три јавни обвинителки и разгледување на извештајот донесе решение, во кое меѓу другото се предлага разрешување на обвинителката Вилма Русковска. Во соопштението на Јавното обвинителство се вели дека „за поранешна основна јавна обвинителка на Основното јавно обвинителство […]

Јовески: Обвинителството сослушува сведоци за смртта на Јана, се чека наодот од обдукцијата

30 март 2023

Битолското обвинителство обезбедува докази за случајот со смртта на шестгодишната Јана Христова, која минатата среда почина во битолската болница, откако била однесена со симптоми кои, според родителите, наликувале на настинка. Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески денеска изјави дека обвининителството сè уште не ги добило наодите од обдукцијата. „Јавниот обвинител од надлежното јавно обвинителство Битола ги […]

Јавното обвинителство и МВР потпишаа протокол за соработка

30 март 2023

Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со посредство на Мисијата на ОБСЕ во Скопје потпишаа Протокол за соработка со кој се уредуваат клучни области на заедничкото постапување на двете институции. Протоколот е изготвен на иницијатива на Здружението на јавните обвинители, а со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. […]

Дисциплинска постапка за тројца јавни обвинители, Вилма Русковска е суспендирана

16 август 2022

Во согласност со членот 93 од Законот за јавното обвинителство, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија денеска поднесе предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност на тројца јавни обвинители, за кои постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеа 6 од Законот […]

Контраспин: Во „војната“меѓу Русковска и Муареми веќе настрада вистината

5 август 2022

Во целиот овој галиматијас со последици кои веќе се видливи – тешко нарушување на угледот на три многу важни институции за гонење на криминалот и корупцијата, УФП, ОЈО генерално и ОЈО ГОКК, како и Судот, Русковска изговори една многу моќна реченица: „Никогаш нема две вистини. Има само една“. Проблемот е што со толку многу уништена […]

Обвинителството сè уште ги анализира доказите за тетовската модуларна болница, Јовески очекува епилог наскоро

29 април 2022

Поминаа повеќе од 7 месеци од трагичниот ден кога избувна пожар во Модуларната ковид болница во Тетово и како резултат на тоа животот го загубија 14 пациенти кои се лекуваа од ковид-19. Обвинителството во овој период сè уште не успеало да ја заврши анализата на доказите. Обвинителот Љубомир Јовески вели дека тетовското обвинителство наскоро треба […]

Битолчанецот кој се закани дека ќе ги убие Јовески и Рускоска е уапсен

2 февруари 2022

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека е уапсен 56-годишниот С.З. од Битола, којшто ги испратил заканите по живот кон обвинителите Љубомир Јовески и Вилма Русковска. Веднаш му е поднесена и кривична пријава, од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР. Според полициското соопштение, пријавениот С.З. на 11 декември лани […]

Анонимна терористичка организација со закани по живот за обвинителот Јовески: Подготвени сме да гинеме

27 јануари 2022

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија извести дека обвинителот, Љубомир Јовески, во текот на вчерашниот ден, преку препорачана пратка експедирана од Пошта Битола на 17.1.2022 година во 10:26 часот, доби закана по неговиот живот. Анонимната препорачаната пратка со заканата е напишана на македонски и на англиски јазик. Според писмата кои обвинителот Јовески ги објави, заканата […]

Јовески: Нееднаквоста на граѓаните пред законот е плодно тло за корупцијата

2 декември 2021

„Ние, обвинителите и судиите, во работата и одлуките кои ги носиме, мора да ја обезбедиме еднаквоста на граѓаните пред законот. Сè додека не се постигне тоа, граѓаните нема да имаат доверба во нашата работа. Тоа ја поткопува правната сигурност во општеството и е плодно тло за корупцијата која не познава граници и подеднакво ги напаѓа […]

Сторителите во случајот „Монструм“ се обвинети врз основа на неспорни и цврсти докази, вели обвинителот Јовески

2 февруари 2021

Погрешна е перцепцијата во јавноста дека пресудата во случајот „Монструм“ е укината само поради евентуално постоење на прислушувани разговори. По жалбата на обвинетите, Врховниот суд утврди дека вистинитоста на решавачките факти се доведува под сериозно сомневање и укажа дека при повторната постапка потребно е да се изврши реконструкција на настанот и од аспект на исказот […]

Страна 1 од 3