fbpx
Таг: Љубомир Јовески

таг: Љубомир Јовески

Битолчанецот кој се закани дека ќе ги убие Јовески и Рускоска е уапсен

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека е уапсен 56-годишниот С.З. од Битола, којшто ги испратил заканите по живот кон обвинителите Љубомир Јовески и Вилма Русковска. Веднаш му е поднесена и кривична пријава, од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР. Според полициското соопштение, пријавениот С.З. на 11 декември лани преку подружницата во Прилеп на...

Анонимна терористичка организација со закани по живот за обвинителот Јовески: Подготвени сме да гинеме

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија извести дека обвинителот, Љубомир Јовески, во текот на вчерашниот ден, преку препорачана пратка експедирана од Пошта Битола на 17.1.2022 година во 10:26 часот, доби закана по неговиот живот. Анонимната препорачаната пратка со заканата е напишана на македонски и на англиски јазик. Според писмата кои обвинителот Јовески ги објави, заканата се однесува на конкретен кривичен...

Јовески: Нееднаквоста на граѓаните пред законот е плодно тло за корупцијата

„Ние, обвинителите и судиите, во работата и одлуките кои ги носиме, мора да ја обезбедиме еднаквоста на граѓаните пред законот. Сè додека не се постигне тоа, граѓаните нема да имаат доверба во нашата работа. Тоа ја поткопува правната сигурност во општеството и е плодно тло за корупцијата која не познава граници и подеднакво ги напаѓа развиените и неразвиените држави“,...

Сторителите во случајот „Монструм“ се обвинети врз основа на неспорни и цврсти докази, вели обвинителот Јовески

Погрешна е перцепцијата во јавноста дека пресудата во случајот „Монструм“ е укината само поради евентуално постоење на прислушувани разговори. По жалбата на обвинетите, Врховниот суд утврди дека вистинитоста на решавачките факти се доведува под сериозно сомневање и укажа дека при повторната постапка потребно е да се изврши реконструкција на настанот и од аспект на исказот на загрозениот сведок, дека...

Обвинителот Јовески за „Јавна соба“: Потребни се измени на Кривичниот законик и јакнење на свеста на граѓаните

Со употребата на технологијата, интернет комуникацијата, со глобализацијата, се јавуваат и нов вид на кривични дела кои претходно не сме биле ниту во можност да ги предвидиме. Затоа ги поддржувам предлозите за дополнување на Кривичниот законик со кривичните дела „демнење“и „сексуално вознемирување“. Ова го вели републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески во интервју за Дојче веле. Тој потенцира дека од не...

ЗНМ бара од ОЈО посебно одделение за решавање на напади кон новинари

Претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски, директорот на ЗНМ Драган Секуловски и адвокатот кој застапува група на новинари за нелегалното прислушување, Филип Медарски, вчера остварија средба со државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески, информираат од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ). На средбата биле отворени повеќе прашања поврзани со подобрување на безбедноста на новинарите и медиумските работници и како Основното јавно обвинителство...

СЈО официјално згасна, но борбата за правда не застанува, вели Фетаи

Од денеска стапува во сила новиот Закон за јавно обвинителство. Со тоа и официјално престанува да постои Специјалното јавно обвинителство, СЈО, кое беше во центарот на вниманието на јавноста додека ги водеше истрагите и покренуваше обвиненија против членови на поранешната власт, но и поради случајот „Рекет“ во кој специјалната обвинителка Катица Јанева веќе има првостепена осуда на 7 години...

Лиле Стефанова останува обвинител на „Титаник“, „Траекторија“ и „Маџар Телеком“

Oбвинителката Лиле Стефанова и понатаму останува надлежна за предметите што ги водеше СЈО, „Титаник“, „Траекторија“ и „Маџар Телеком“, со овластување на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески. Стефанова заедно со уште петмина поранешни обвинители во СЈО добија овластување да ги застапуваат предметите што и досега ги водеа. Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски продолжија да го застапуваат „Монструм“, а Ленче Ристоска предметот „Талир...

Обвинителството бара притвор за Катица Јанева за случајот „Рекет“

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева е уапсена по налог на Обвинителството за организиран криминал и корупција, потврди републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески. Поранешната шефица на СЈО е новото осомничено лице во предметот „Рекет“, а се товари за кривичното дело „злоупотреба на службената положба и овластувањата“. Обвинителката Вилма Русковска на денешната прес-конференција потврди дека уапсената Јанева прво е однесена во просториите...

Kривичен суд до Обвинителство: Судот и судиите работат согласно законските одредби

Судот и судиите работат согласно законските одредби, го почитуваат начелото на еднаквост на оружјата, уставно загарантираните права и слободи и одлучуваат врз основа на доказите и аргументите, а не врз основа на лични желби на странките во постапката, се вели во писмената реакција од Основниот кривичен суд Скопје во однос на вчерашната изјава на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески...

Русковска: Целата структура на ВМРО-ДПМНЕ била во функција на настаните од 27 април

По опсежна предистражна постапка, вчера е донесена наредба за истражна постапка против организаторите на настаните од 27 април, a се работи за пет осомничени лица Н.Г. , Т.В., М.Ј., С.Р. и Н.Б, кои се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, информираа денеска на заедничка прес-конференција државниот јавен обвинител Љубомир Јовески и обвинителката Вилма Русковска од Основното...

Јовески го испрати барањето за автентично толкување до Собранието

Јавниот обвинител Љубомир Јовески денеска до Собранието го испрати барањето за автентично толкување за член 22 од Законот за Специјалното јавно обвинителство. Ваквиот потег уследи откако стручниот колегиум на Јавното обвинителство на проширениот состанок пред една седмица одлучи дека начелно-правното мислење на Врховниот суд за предметите на Специјалното јавно обвинителство ја нарушува законитоста и дека ќе поднесе барање до Собранието...

Јовески: ОЈО ќе бара автентично толкување за надлежностите на СЈО

Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески соопшти дека стручниот колегиум на Јавното обвинителство на денешниот проширен состанок одлучил дека начелно-правното мислење на Врховниот суд за предметите на Специјалното јавно обвинителство ја нарушува законитоста и ќе поднесе барање до Собранието за давање автентично толкување на член 22. од Законот за СЈО. Кривичниот суд Скопје завчера побара од државниот јавен обвинител Љубомир Јовески...

Кривичен суд бара Јовески и Собранието да се изјаснат за надлежноста на СЈО

Скопскиот Кривичен суд побара Јавниот обвинител Љубомир Јовески да се изјасни кој обвинител ќе ги работи случаите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и да побара автентично толкување од Собранието за членот 22 од Законот за специјалното јавно обвинителство, јавува „Порталб“. Таква одлука била донесена на вчерашниот состанок на Кривичниот суд по правното мислење на Врховниот суд кој го оспорува почнувањето...

Јовески и Јанева разговарале за одлуката на Врховен суд, СЈО ќе продолжи „да постапува“

Јавниот обвинител на Република Македонија Љубомир Јовески денеска се сретнал со Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, информираа преку заедничко соопштение двете обвинителства. Јовески и Јанева разговарале за одлуката донесена на вчерашната седница на Врховен суд дека СЈО не може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражната постапка после 18 месеци од денот на преземањето на предметите и материјалите...

Снимките од Груевски, системот во Албанија ги избришал оти не можел подолго да ги чува

Снимките од безбедносните камери од бегството на осудениот Никола Груевски од Албанија не се обезбедени, и оваа држава не постапила по барањето за меѓународна правна помош од безбедносните служби, одговори на новинарско прашање, државниот обвинител Љубомир Јовески на дебатата на Законот за СЈО во МАНУ. - Има неколку образложенија од албанската страна, но основно е дека имало голем број снимени материјали на...

Јовески: СЈО постави нови стандарди, но важно е кој ќе го надгледува

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески во интервју за МИА вели дека суштествено е да се одлучи кој ќе го врши надзорот над работата на Специјалното јавно обвинителство. – Со Стратегијата за реформи на правосудниот систем на Владата, предвидено е СЈО да стане дел од обвинителскиот систем. И јас се залагам да има единствен закон во кој ќе се инкорпорира и...

Јовески: Груевски ја нема напуштено Македонија на било кој граничен премин

Поранешниот премиер Никола Груевски територијата на Република Македонија ја нема напуштено на било кој граничен премин. Сослушани се и сведоци, но за да не наштетам на предистражната постапка други детали не можам да откривам, вели во интервју за МИА, државниот јавен обвинител Љубомир Јовески. -Обвинителството презема повеќе дејствија за обезбедување докази, како што веќе соопштивме. Побарани се докази по меѓународна...

Јовески: Биле прислушувани фиксните телефони на Обвинителството

Јавното обвинителство отворило предистражна постапка за сторителот на незаконско прислушување на фиксните телефоните во Обвинителство од 30 септември 2016 година до вчера. Телефонските разговори биле снимени на два хард диска соопшти на брифинг со новинарите Јавниот обвинител Љубомир Јовески. Ќе се прави вештачење за да се утврди кој снимал, со која цел и дали прислушуваните разговори биле изнесувани надвор и дали...

Обвинителите кои се побунија за случајот „Алмир“ за Јовески се пристрасни

Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески преку соопштение до јавноста ја осуди постапката на четворицата јавни обвинители кои изјавија дека одлуката случајот со трагичната смрт на 4-годишниот Алмир Алиу да се преквалификува во сообраќајка е „скандалозна“. Според Јовески, таквото обраќање е непрофесионално и вели дека со тоа се повредува функцијата јавен обвинител и тешко се прекршува Етичкиот кодекс на јавните обвинители...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...