fbpx

Јовески: ОЈО ќе бара автентично толкување за надлежностите на СЈО

-

Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески соопшти дека стручниот колегиум на Јавното обвинителство на денешниот проширен состанок одлучил дека начелно-правното мислење на Врховниот суд за предметите на Специјалното јавно обвинителство ја нарушува законитоста и ќе поднесе барање до Собранието за давање автентично толкување на член 22. од Законот за СЈО.

Кривичниот суд Скопје завчера побара од државниот јавен обвинител Љубомир Јовески да се произнесе кое обвинителство може во иднина да постапува како овластен тужител во предметите поднесени од Специјалното јавно обвинителство.

Од Судот посочуваат дека, сé до произнесување на државниот јавен обвинител дали предметите ќе останат во надлежност на СЈО или ќе бидат преземени од Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, Основниот суд Скопје 1 – Скопје во сите предмети постапува согласно одредбите од ЗКП, а за предметите на СЈО добиени по истекот на рокот за кој милење даде Врховниот суд, кои се итни и неодложни ќе одлучуваат надлежните кривични совети, сé со цел да не дојде до непотребно одолговлекување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...