fbpx

Кривичен суд бара Јовески и Собранието да се изјаснат за надлежноста на СЈО

-

Скопскиот Кривичен суд побара Јавниот обвинител Љубомир Јовески да се изјасни кој обвинител ќе ги работи случаите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и да побара автентично толкување од Собранието за членот 22 од Законот за специјалното јавно обвинителство, јавува „Порталб“.

Таква одлука била донесена на вчерашниот состанок на Кривичниот суд по правното мислење на Врховниот суд кој го оспорува почнувањето истраги и поднесувањето обвиненија од СЈО по 30 јуни 2017 година и нареди овие случаи да бидат преземени од редовните обвинителства.

Според барањето од судот, Јовески мора да се произнесе кој ќе биде овластен тужител на случаите на СЈО, дали СЈО или Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Притоа јавниот обвинител ќе треба од Собранието да побара автентично толкување на законот за СЈО, бидејќи само законодавецот смее да ги толкува законските одредби, а судските тела се надлежни само за спроведување на одредбите, а не нивното толкување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Твич“ ги укина новите правила за рекламирање откако стримерите почнаа да ја напуштаат платформата

Услугата за пренос во живо „Твич“ објави дека ги укинува своите нови правила за рекламирање - одлука што ја донеле откако неколку стримери најавија дека ја напуштаат платформата. Оваа платформа,...
Free Download WordPress Themes
Download Nulled WordPress Themes
Free Download WordPress Themes
Download Nulled WordPress Themes
lynda course free download
download coolpad firmware
Download Premium WordPress Themes Free
free online course