fbpx

Лиле Стефанова останува обвинител на „Титаник“, „Траекторија“ и „Маџар Телеком“

-

Oбвинителката Лиле Стефанова и понатаму останува надлежна за предметите што ги водеше СЈО, „Титаник“, „Траекторија“ и „Маџар Телеком“, со овластување на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.

Стефанова заедно со уште петмина поранешни обвинители во СЈО добија овластување да ги застапуваат предметите што и досега ги водеа.

Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски продолжија да го застапуваат „Монструм“, а Ленче Ристоска предметот „Талир 2“.

Стевчо Донев и Елизабета Јосифовска, пак, ќе ги застапуваат предметите „Триста“ и „Тотал“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...