fbpx

Јовески го заврши мандатот со анкета дека граѓаните имаат доверба во судството

Не дозволувајте поединци да ја извалкаат професијата во која секојдневно се вложувате. Со чесна и напорна работа вашите резултати нема да останат непрепознаени од јавноста, вели републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески во своето поздравно обраќање

-

Мандатот на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески завршува денеска, по што тој ѝ се обрати на јавноста и на јавните обвинители.

Јовески во своето поздравно обраќање кажа дека во последниот извештај на Европската комисија, навистина се ниски оценките за борбата против корупцијата во земјава и од тоа не можеме да бидеме задоволни.

„Но, ниту една критика не е насочена директно кон обвинителството. Напротив, се инсистира државата да ги обезбеди и да ги зголеми ресурсите за непречена работа на Јавното обвинителство. Сакам да истакнам дека често поради непознавање на реалната состојба или намерно, правосудството, а со тоа и Јавното обвинителство, се цел на неосновани напади“, кажа Јовески во своето обраќање.

Со такви интереси, додава тој, секој си правел анкети и ги презентирал како релевантни.

„Анкетите, онака како што се прават за политичарите и политичките партии, не се соодветни за мерењето на довербата во работата на Јавното обвинителство“, соопштува Јовески.

Тој презентира неколку податоци од Светската банка кое деновиве целосно ќе биде објавено, а се однесува на состојбите со јавната перцепција на правосудството кај нас.

Според она што го презентира Јовески, на прашањето „колку се ефикасни правосудните институции“, генерално позитивна оценка дале 28% од граѓаните и 33% од бизнисмените.

Квалитетот на работата на правосудните институции, како што тврди Јовески, позитивно го оцениле 28% од граѓаните и 31% од бизнисмените, а во нивен предмет тој процент се искачува на 50% од граѓаните и 42% од бизнимените кои се задоволни од квалитетот на одлуките.

Во однос на прашањето „колку е фер правосудниот систем“, позитивно се изјасниле 24% од граѓаните и 23% од бизнисмените, додека од оние што имале лично искуство, позитивна оценка дале 60% од граѓаните и 55% од бизнисмените.

„Дали во изминатите шест години можевме и подобро и повеќе? Сигурно да, но во ниту еден момент не сум престанал да се залагам за повеќе и за подобри резултати“, вели Јовески, упатувајќи порака до колегите – јавни обвинители и заблагодарувајќи се на соработката.

„Стрпливоста и упорноста се столбовите на секоја кариера во правосудството. Ве повикувам во секоја можност да ја демонстрирате својата истрајност и решителност во борбата против криминалот. Не дозволувајте поединци да ја извалкаат професијата во која секојдневно се вложувате. Со чесна и напорна работа вашите резултати нема да останат непрепознаени од јавноста“, вели тој.

Додека не се избере наследникот на Јовески, Соња Симовска од Државното јавно обвинителство ќе ја врши функцијата републички јавен обвинител. Таа на функцијата вршител на должност може да остане до шест месеци.

На огласот за нов државен јавен обвинител се пријавија тројца кандидати – Фатиме Фетаи од Вишото јавно обвинителство Скопје, Лидија Раичевиќ од Основното јавно обвинителство Скопје и Љупчо Коцевски од Јавното обвинителство на РСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...