fbpx

Јовески: Ни треба систематски пристап кон наодите од ревизорските извештаи

Јавното обвинителство и Државниот завод за ревизија заеднички ги финализираат посебните интерни упатства на двете институции со кои го регулираат постапувањето и меѓусебната координација

-

Потребен уште посистематски пристап кон наодите од ревизорските извештаи, пред сè од страна на владините институции кои треба да ги отстранат слабостите, но и од истражните органи во поглед на постапките против можните злоупотреби.

Ова го истакна јавниот обвинител Љубомир Јовески на работилницата во насока на унапредување на меѓуинституционалната соработка и на начинот на постапување по ревизорските извештаи, на која учествуваа претставници на јавните обвинителства во државава и на Државниот завод за ревизија.

„Соработката мора да ни биде силна, затоа што целите ни се заеднички. А тие заеднички цели се – вистината и борбата против корупцијата. Тоа го нотира и Европската комисија, која во најновиот извештај за нашата земја, објавен пред два дена, укажува дека е потребен уште посистематски пристап кон наодите од ревизорските извештаи, пред сè од страна на владините институции кои треба да ги отстранат слабостите, но и од истражните органи во поглед на постапките против можните злоупотреби. Тој посистематски пристап ние сме подготвени веднаш да започнеме да го градиме и во таа насока е и овој настан”, рече Јовески.

Јавното обвинителство и Државниот завод за ревизија заеднички ги финализираат посебните интерни упатства на двете институции со кои го регулираат постапувањето и меѓусебната координација.

„Ние мора меѓусебно да соработуваме за да обезбедиме уште поквалитетни ревизорски извештаи врз основа на кои јавните обвинители ќе можат да постапуваат, а обвинителите треба да добијат познавања за начинот на изготвување и содржината на ревизорските извештаи со цел да бидеме поефикасни во работата”, истакна главниот државен ревизор Максим Ацевски.

Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, Гаврил Бубевски, го презентираше начинот на постапување на јавните обвинителства по ревизорските извештаи и доказната вредност на наодите од ревизиите. Тој се осврна на обележјата на најчестите кривични дела кои можат да произлезат од ревизорските извештаи, како и на ефектот од измените во Кривичниот законик врз кривичниот прогон на овие дела.

Помошниците на главниот државен ревизор Соња Камбовска и Росица Шалевиќ Христовска имаа презентации за најчесто утврдените состојби во ревизорските извештаи и за структурата на ревизорските извештаи.

Оваа работилница е дел од активностите кои следуваат помеѓу двете институции во насока на превенција и борба против корупцијата и обезбедување на законско користење на средствата на даночните обврзници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...