сабота, 18 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Државен завод за ревизија | 77 резултати

ДЗР: Во Охрид има дивоградби и во националниот парк и на крајбрежјето, општината ништо не презема за да се отстранат

јануари 27, 2026

Државниот завод за ревизија констатирал дека 4.847 дивоградби, меѓу кои некои и во националниот парк „Галичица“ и на крајбрежјето, добиле решенија дека не можат да се легализираат, но не се преземени мерки истите да бидат отстранети

ДЗР: Не функционираат речиси половина од технолошко-индустриските развојни зони

јануари 14, 2026

Ревизорите утврдиле дека 287 хектари од вкупната корисна површина на ТИРЗ и индустриските зони не се функционално искористени, додека седум од вкупно 16 зони, на површина од 203,5 хектари како и една индустриска зона од 3,2 хектари, не се ставени во функција и не се дадени под закуп

ДЗР: Во Државна лотарија откриени значителни неправилности во финансиското работење

декември 16, 2025

Ревизорите утврдиле нереални и неоправдани сметководствени записи за нелогични трансакции по повеќе основи, во вкупен износ од 122.490.000 денари, односно 1.987.377 евра, поради што постои сомнеж за злоупотреба на наведените јавни средства

ДЗР: Општина Сарај исплаќала илјадници евра субвенции и паушали без фактура

декември 2, 2025

Ревизијата открива дека спортско-рекреативниот објект и базен во Сарај издаден е под закуп на период од 25 години, без спроведување на законски пропишаната постапка за долгорочен закуп

ДЗР: Нема замена за енергијата од јаглен, зелената транзиција е голем финансиски и технички предизвик

септември 4, 2025

Термоелектраните, како најголеми производители на електрична енергија, но и најголеми загадувачи кои треба да се затворат до 2030 година, сè уште немаат соодветна замена, бидејќи ЕСМ нема изградено нови производствени капацитети. Електрична енергија на ЕСМ се продава на универзалниот снабдувач по цена пониска од производствената, предизвикувајќи загуби во работењето на компанијата и ја доведува во […]

Македонија пет години го одложува законот за климатска акција, иако е главна алатка за борба со климатските промени

август 27, 2025

Македонија нема закон за климатска акција, ниту, пак, Национален план за адаптација на климатските промени, не се знае колкави се емисиите на стакленички гасови, ниту пак какви се ефектите од мерките кои досега ги предвидела државата. Институциите се некоординирани во активностите за заштита од климатските промени, и иако земјата е во групата на сериозно ранливи […]

Вештачка интелигенција во јавниот сектор: Над 6 милиони евра за 48 проекти, никакви резултати

август 12, 2025

Државниот завод за ревизија (ДЗР) утврди дека Македонија нема стратегија, законска рамка, ниту соодветна инфраструктура за примена на вештачката интелигенција (ВИ) во јавниот сектор, и покрај тоа што во периодот од 2018 до 2023 година преку Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) се кофинансирани 48 проекти во вредност од 6,11 милиони евра. Ниту еден […]

ДЗР: Поради тоа што доцни изградбата депонијата во Свети Николе ќе чини 40 отсто повеќе

јуни 3, 2025

Изградбата на депонијата за регионално управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион ќе чини 40 отсто повеќе заради пролонгирањето на роковите и доцнењето на третата фаза од реализацијата на проектот. Ова го покажува најновата анализа на Државниот завод за ревизија, посветена на спроведувањето на јавните инвестиции кои треба да придонесат за долгорочно одржлив регионален […]

Мачна дигитализација на матичните книги – по 13 години и 8,5 милиони евра дел од изводите сè уште се прават со машина за пишување

мај 27, 2025

Државниот завод за ревизија откри сериозни пропусти во процесот на дигитализација на матичните книги, кој што трае повеќе од една деценија и досега е инвестирано над половина милијарда денари (приближно 8,5 милиони евра). И покрај ова огромно вложување, процесот сè уште не е завршен, а голем број граѓани сè уште добиваат изводи од матичните книги […]

Ревизија во Централен регистар, три регистри не функционираат и покрај тоа што може да се користат

февруари 11, 2025

Неправилности како продажба на патнички моторни возила без согласност од Владата, неусогласености во евиденцијата на приходи и нефункционирање на одредени регистри, утврдиле ревизорите по извршената ревизија за работењето на Централниот регистар. Државниот завод за ревизија (ДЗР) утрово соопшти дека извршил ревизија на финансиските извештаи, заедно со ревизија на усогласеност на Централниот регистар за 2023 година, […]

ДЗР: Загубите во работењето на АД Пошта влијаат на доставата и на квалитетот на услугите

ноември 14, 2024

Акционерското друштво за поштенски сообраќај се наоѓа во неповолна финансиска положба почнувајќи од 2017 година и во континуитет остварува загуби од работењето, а најголема загуба во износ 3.726.000 евра е искажана во 2022 година, покажуваат поредоците од последниот ревизорски извештај на Државниот завод за ревизија. Као што се наведува во извештајот, вкупните обврски за краткорочни […]

ДЗР: ЈСП „СКОПЈЕ“ не е во состојба да им обезбеди квалитетни и навремени услуги на граѓаните

октомври 29, 2024

Министерството за образование и наука (МОН) две години не плаќа за бесплатниот превоз на студентите. За секој извозен километар на автобусите на ЈСП Скопје се прави трошок од два денари, а приход од еден денар. Субвенционирањето од Град Скопје во висина од над 673.000 денари не е доволно за претпријатието да ги постигне стратешките цели […]

Онкологија добила донации од лекови од половина милион евра, кои никаде не се евидентирани

октомври 22, 2024

Државниот завод за ревизија извршил ревизија на финансиските извештаи на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија за 2023 година и утврдени се неправилности во спроведувањето на пописот на залихите и управувањето со истите, соопштуваат оттаму. Како што е наведено во последниот извештај за работата на Клиниката, недостасува вредносно усогласување на сметководствената евиденција за лекови и […]

ДЗР: 318 милиони денари исплатени за културни проекти без јасно дефинирани критериуми

октомври 15, 2024

Министерството за култура минатата година исплатило вкупно 318 милиони денари, односно над 5 милиони евра за различни културни проекти, без јасно дефинирани критериуми за распределба, што може да влијае на субјективен избор на проектите, се вели во новиот извештај што го објави Државниот завод за ревизија (ДЗР). Ревизорите констатирале недостатоци во распределбата на средствата за […]

Божиновска најави ревизија на сите државни институции во делот на енергетиката

јули 10, 2024

На денешната средба меѓу Сања Божиновска, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини и главниот државен ревизор Максим Ацески беше договорено да се предадат сите ревизорски извештаи кои се спроведени во делот на институциите под надлежноста на Министерството за енергетика, како и да се отпочне процес на постојана редовна ревизија на сите институции. „Несериозен е […]

ДЗР: Претпријатието за одржување на патиштата е во минус 44,5 милиони евра, сметката е блокирана 12 години

јули 4, 2024

Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта, 12 години континуирано функционира со сметка која е блокирана со извршни решенија за наплата на неизмирени обврски, а загубите во работењето го доведоа претпријатието во минус од дури 44,5 милиони евра, покажува последниот извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР). Во него е наведено […]

Страна 1 од 4