fbpx

Јовески пред Грковска се пожали за недостигот од обвинители и ИТ кадар во обвинителствата

Во однос на изработка на електронски систем за водење на предметите, присутните посочија дека овој систем треба да биде прилагоден на спецификите на обвинителската работа, но, истовремено да цели кон намалување на улогата на субјективниот фактор при распределбата

-

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска одржа состанок со Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески, на кој биле отворени прашања со недоволните кадровски капацитети во овие институции, и од аспект на недостиг на обвинители, но и на информатички и друг стручен кадар, што ја отежнува работата и перформансите на јавните обвинителства.

На средбата присуствувале и претседателката на Советот на јавни обвинители, Душица Димитриеска, основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, Гаврил Бубевски и Наташа Гоџоска, јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје.

„На средбата се разговараше за прашања поврзани со дигитализацијата на процесите во обвинителството, при што вицепремиерката Грковска истакна дека носењето на новиот Закон за архивско работење во голема мерка ќе го олесни секојдневното функционирање, но и дека треба соодветно да се искористи донаторската поддршка во овој сегмент. Во однос на изработка на електронски систем за водење на предметите, присутните посочија дека овој систем треба да биде прилагоден на спецификите на обвинителската работа, но, истовремено да цели кон намалување на улогата на субјективниот фактор при распределбата“, се вели во владиното соопштение.

Вицепремиерката Грковска апелираше до присутните да дадат свој придонес во фазата на евалуација на актуелната и креирање на новата Стратегија за јакнење на капацитетите за водење на финансиска истрага и конфискација на имот. Зајакнување на Јавното обвинителство и зголемено применување на сите видови на конфискација како инструмент во борбата против организиран криминал и корупција мора да биде еден од приоритетите, рече таа.

На состанокот беше отворено и прашањето за одговорноста при непрофесионално и несовесно извршување на обвинителската професија. Јавниот обвинител Љубомир Јовески нагласил дека основна должност на јавните обвинители е секогаш да ги преземаат службените дејствија во согласност со важечкото законодавство.

Во таа насока, тој информираше дека од почетокот на примената на новиот Правилник за начинот на спроведување на постапката за утврдување одговорност на јавен обвинител за сторена дисциплинска повреда, донесен во 2021 година, поведени се дисциплински постапки против 12 јавни обвинители, од кои пет завршиле со изрекување на најтешката дисциплинска мерка-предлог за разрешување од функцијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уапсени двајца руски новинари под обвинение дека работеле за фондацијата на Алексеј Навални

Двајца руски новинари се уапсени под обвинение за „екстремизам“, поради обвиненијата дека работеле за група основана од починатиот руски опозициски политичар Алексеј Навални, пренесе Гардијан. Новинарите Константин Габов и Сергеј...