fbpx

Јовески: Обвинителството сослушува сведоци за смртта на Јана, се чека наодот од обдукцијата

Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески денеска изјави дека обвининителството сè уште не ги добило наодите од обдукцијата за шестгодишното девојче кое минатата недела почина во битолската болница

-

Битолското обвинителство обезбедува докази за случајот со смртта на шестгодишната Јана Христова, која минатата среда почина во битолската болница, откако била однесена со симптоми кои, според родителите, наликувале на настинка. Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески денеска изјави дека обвининителството сè уште не ги добило наодите од обдукцијата.

„Јавниот обвинител од надлежното јавно обвинителство Битола ги презема неопходните мерки и обезбедува докази во врска со смртта на девојчето. Протоколот од извршената обдукција обвинителството сè уште не го добило. Во исто време обвинителството работи на обезбедување и на други докази, сослушани се повеќе лица за кои обвинителството смета дека имаат сознанија да помогнат за расветлување на овој случај“, изјави Јовески.

Вчера на плоштадот „Магнолија“ во Битола се одржа протест за смртта на шестгодишното девојче, под мотото „Правда за Јана“, „Сите сме Јана“. На протестот во Битола присуствуваа стотици луѓе, кои изразија сомнеж за начинот на кој била третирана Јана Христова во битолската болница, која три дена претходно имала симптоми на посилна настинка.

Битолчани на протест за смртта на Јана: „Немаме солзи да ви ги исплачиме гревовите“

Родителите на шестгодишното девојче, како што изјавија за дел од медиумите, сметаат дека несоодветниот третман во битолската болница довел до смрт на нивната ќерка. Тие велат дека нивната ќерка претходно немала никакви сериозни заболувања а дека во последните денови, пред да биде донесена во болницата „Д-р Трифун Пановски“ имала температура, болки во грлото и во мускулите и оток на очниот капак.

Државниот здравствен и санитарен инспекторат не најде недоследности од негова надлежност во третманот на шестгодишната Јана во битолската болница. Во меѓувреме, се чекаат резултатите од обдукцијата кои треба да покажат која била причината за смртта, а формирана е и комисија од детски ендокринолог, пулмолог, кардиолог, хематоонколог и анестезиолог кои исто така ќе го испитуваат начинот на кој девојчето било лекувано во битолската болница.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...