Таг: обдукција
таг: обдукција
Обдукцијата е завршена, телото на Вања е предадено на семејството
Обдукцијата на 14-годишната Вања Ѓорчевска, чие безживотно тело беше пронајдено во неделата е завршена, потврдија од Јавното обвинителство. Наодите треба да покажат кога настапила смртта кај младото девојче и на кој начин таа била убиена, со оглед на тоа што во јавноста се шират голем број различни информации.
Обдукцискиот наод треба да биде доставен до обвинителството, но оттаму нема да...
Јовески: Обвинителството сослушува сведоци за смртта на Јана, се чека наодот од обдукцијата
Битолското обвинителство обезбедува докази за случајот со смртта на шестгодишната Јана Христова, која минатата среда почина во битолската болница, откако била однесена со симптоми кои, според родителите, наликувале на настинка. Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески денеска изјави дека обвининителството сè уште не ги добило наодите од обдукцијата.
„Јавниот обвинител од надлежното јавно обвинителство Битола ги презема неопходните мерки и обезбедува...
Никогаш не биле забранети обдукции на починати од ковид
Факт е дека Светската здравствена организација никогаш не забранила обдукција на починати од коронавирус. Вистината е дека СЗО никогаш не рекла дека не смеат да се прават обдукции, туку дека треба да се преземат што повеќе мерки на заштита при таквите обдукции и препорачува тие да се прават со голема внимателност. Директорот на Институтот за судска медицина во екот...
КАРИЛ: Остро ги осудуваме сите шпекулации во однос на транспарентноста за смртта на младиот ракометар
Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) преку соопштение до јавноста истакна неколку „факти“ за случајот со хрватскиот ракометар Денис Тот, поради, како што велат, „сите шпекулации во јавноста во изминатиот ден поврзани со транспарентноста за трагичната смрт на младиот ракометар“.
КАРИЛ информира дека пациентот бил примен рано утрото на 7 април во Ургентниот центар во Скопје без срцева...
Смртта на хрватскиот ракометар Денис Тот е насилна, двајца од осомничените уапсени, третиот во бегство
Хрватскиот ракометар Денис Тот којшто вчера почина на Клиниката за реанимација, анестезија и интензивно лекување КАРИЛ во Скопје бил претходно нападнат во близина на дискотеката „Привилиџ“. Основното јавно обвинителство (ОЈО) соопшти дека на Институтот за судска медицина и геонтологија била извршена обдукција врз починатото лице и според првичните наоди, иако нема видливи повреди, смртта е насилна и настапила како...
Српскиот министер за здравје погрешно ги толкува препораките од СЗО
Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, односно од БиХ на север, до...
ОЈО: Се уште нема осомничен за тројното убиство во Дебар
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар издал наредба за обдукција на тричленото семејство – маж, жена и нивната 14-годишна ќерка кои беа убиени во Дебар. Обвинителот издал и наредба за вештачење на сите траги и материјални докази пронајдени на лице место, информираат од ОЈО.
„По наредба на јавниот обвинител беа земени парафински ракавици и беше извршен претрес во...
Во Обвинителство стасало вештачењето за смртта на Никола Саздовски
Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија при Медицинскиот факултет во Скопје по наредба од Основното јавно обвинителство Скопје, денеска до обвинителството го доставил вештачењето за причинско-последичната врска на нанесените повреди кај 21-годишниот Никола Саздовски, од претепувањето на автобуска постојка во Автокоманда со неговата смрт пред една седмица.
Наодот од вештачењето е кај надлежниот јавен обвинител, кој, заедно со...
Триесетгодишна девојка пронајдена мртва во тоалет на трговски центар во Скопје
Триесет годишна девојка синоќа била пронајдена мртва во тоалетите на трговски центар во Скопје, информираше денеска Министерството за внатрешни работи.
Според полицијата, вечера околу 19.30 часот во Единицата за информирање и команда Скопје, Д.С. пријавила дека од страна на обезбедувањето на трговски центар во Скопје, во тоалетите на приземјето од објектот, било пронајдено починато женско лице.
Смрт констатирала екипа на Итната...
Обдукцијата покажува дека Ивановиќ бил убиен со шест куршуми
Обдукцискиот наод покажува дека косовскиот политичар Оливер Ивановиќ бил убиен со шест куршуми од пиштол марка М70А, познат како „долга деветка“.
-Постојат шест влезни рани и четири излезни. Два куршума се задржале во телото. Повредите се во пределот на горниот дел на градниот кош – изјави Милан Ивановиќ директорот на Клиничко-болничкиот центар во Косовска Митровица.
Од таму додаваат дека обдукцијата траела...
Обвинителството со анализа на видеоснимки ќе го бара убиецот од Чаир
Основното јавно обвинителство Скопје ги зело и ќе ги анализира видеоснимките од камерите што се наоѓаат во околината на местото каде во петокот минатата недела, беше убиен 35-годишниот И.А. од селото Блаце.
Од Обвинителството денеска соопштија дека надлежниот јавен обвинител ги презема сите неопходни мерки за откривање на сторителот и на мотивот за убиството.
„Обезбедени се видеозаписите од камерите што се...
Човечко тело во распаѓање пронајдено во канализациска шахта во Сопиште
Вчера, околу пладне, во полициската станица во Кисела Вода, било пријавено дека при изведување градежни работи на локацијата „Сончев град“ во селото Сопиште, во канализациска шахта било откриено човечко тело во напредна фаза на распраѓање, информираат денеска од МВР.
Екипа на СВР Скопје извршила увид на местото, а по наредба на јавен обвинител телото било предадено на обдукција.
Од МВР велат...
Полицијата трага по скопјанец осомничен за убиство на поранешната партнерка
Полицијата и гостиварското јавно обвинителство трагаат по скопјанец, осомничен дека ја убил својата поранешна партнерка, чие тело денеска било пронајдено на улица во Гостивар, соопшти Јавното обвинителство.
Како што информираат оттаму, првично било пријавено дека жената настрадала во сообраќајна несреќа, откако жители на Гостивар забележале возило како го напушта месотото на кое веднаш потоа бил пронајден трупот. Но, при увидот,...
Штипјанец пронајден мртов во својот стан
Педесет и петгодишниот К.Г. вчера околу 20.15 часот бил пронајден мртов во неговиот стан на улицата Стојан Гологанов во Штип, информираше денеска полицијата.
Засега нема информации за причините за смртта на штипјанецот, која била констатирана од страна на лекар.
Јавен обвинител, лекар патолог и екипа на СВР Штип извршиле увид на местото, а по наредба на јавниот обвинител телото на починатиот...
Обдукцијата на бебето пронајдено во Кленоец не утврдила траги од насилство
Основното јавно обвинителство – Гостивар соопшти дека е извршен увид во кичевското село Кленоец, каде синоќа било пронајдено починато шестмесечно бебе, и дека е извршена обдукција, која не покажала знаци на насилство.
Обдукцијата е извршена по наредба на јавен обвинител, а првичните резултати укажуваат дека бебето имало вродени срцеви аномалии, а пред смртта дошло до застој на работата на срцето,...
Резултатите од обдукцијата покажуваат дека во Идлиб е користено хемиско оружје
Турскиот министер за правда, Бекир Боздаг, денеска изјави дека резултатите од обдукцијта на тројцата Сиријци, донесени во Турција по нападот во Северна Сирија, покажуваат дека биле изложени на напад со хемиско оружје.
- Со обдукција е утврдено дека е користено хемиско оружје – изјави Боздаг.
Повеќе од 80 лица, меѓу кои 30 деца загинаа во вторникот во напад во градот Кан Шеикун...
Битолчанец, кој бил пријавен за исчезнат, пронајден мртов
Вчера во 12.35 часот во Секторот за внатрешни работи Битола било пријавено дека на улицата Партизанска бил пронајден починат 68-годишниот М.Ј. од Битола, соопшти МВР.
Како што информираат од полицијата, М.Ј. на 12 март оваа година бил пријавен за исчезнат.
По наредба на надлежен јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција, која треба да ги утврди причините за смртта.
Притвореник починал на пат кон болница
На Р.А. (1951) од Струмица, притвореник во истражниот затвор „Скопје“, вчера му се слошило по што од страна на доктор од затворот му била укажана прва помош.
Потоа било повикано возило на итна медицинска помош и бил пренесен во ГОБ „8 Септември“, но по пат починал.
Доктор од итна медицинска помош констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото ќе биде...
26-годишен кочанец пронајден мртов со траги од насилство
Дваесет и шестгодишно момче утринава било пронајдено мртво во подрумот од зградата во која живеело во Кочани, а на телото имало видливи траги од насилство, соопшти Јавното обвинителство.
„Веднаш по добивањето на информацијата, надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани изврши увид заедно со увидна екипа од МВР. Со оглед на тоа што на телото беа најдени видливи траги на...
Обвинителството го истражува вчерашното убиство во Велес
Основното јавно обвинителство Велес го истражува убиство што вчера околу 14 часот се случило во местото Којник, кај Велес, кога вооружен маж дошол во куќата на сега починатото лице и веднаш почнал да пука во него.
Како што соопштија денеска од Јавното обвинителство, жртвата, во обид да му избега на сторителот, излегла од куќата и дошла до улицата, каде осомничениот уште...