Јовески пред Анкетната комисија за онкологија: „Оставете нè да си ја вршиме работата!“

Секој чесен граѓанин треба доказите да не ги чува, да не се фали дека ги поседува, туку веднаш да ги даде на надлежните органи. Да не дозволиме да се компромитира постапката за политички поени, рече Јовески за случајот со Клинката за онкологија

-

Ниту постапувањето на јавното обвинителство, ниту на најголемиот дел од сведоците кои секојдневно ги повикувате тука можат да биде предмет на политичка одговорност. Кривичната одговорност, можеби ќе ве разочарам, но не е во ваша надлежност.

Ова денеска пред собраниската Анкетна комисија формирана за случувањата на Клиниката за онкологија го порача јавниот обвинител Љубомир Јовески, кој беше повикан да зборува во Собранието.

„Јас повикав на истото во оваа сала пред само неколку дена – оставете нè да си ја работиме работата. Предметот онкологија се води темелно и стручно и ќе дојде до вистината, без разлика на некои обиди за опструкции“, рече тој пред присутните, додавајќи дека „секојдневно, дипломатски претставници, претставници на Европската Унија и на други меѓународни институции, невладини организации, ве повикуваат вас, политичарите, да не се мешате во работата на правосудството“.

Тој апелираше да престане злоупотребата на предметот онкологија во политички цели и за тоа бара поддршка од целата јавност. Со мешањето на политиката во овој случај (алудирајќи на обвинувањата од страна на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски), тој рече дека директно се загрозува постапката и валидноста на доказите, а дека паралелна истрага е недозволива.

„Со тоа се загрозува истражниот процес и се дава можност на одбраната во суд да ни ги оспорува доказите“, рече Јовески и додаде:

„Свесни сме и знаеме сите – скоро и да нема семејство, нема дом, нема човек во државава кој не поминал или лично или преку некој близок низ траумите што ги носи дијагнозата на канцер. Мојот единствен брат почина на Клиниката за онкологија пред 4 години. Во моето најблиско опкружување и сега имам пациент на таа клиника. И ова не го кажувам за да се докажувам дека и мене ми е важно да се дојде до вистината, туку затоа што знам дека дури и тој личен факт, кој не треба никого да засега, може да се злоупотреби политички за да се фрли сомнеж на непристрасноста на постапката“.

Тој повика сите кои по собраниски, партиски и други јавни настапи велат дека имаат докази за случајот, да ги достават до обвинителството.

„Секој чесен граѓанин треба доказите да не ги чува, да не се фали дека ги поседува, туку веднаш да ги даде на надлежните органи. Да не дозволиме да се компромитира постапката за политички поени“.

Тој уште еднаш нагласи дека додека трае предистрагата за можните злоупотреби на Клиниката за онкологија, детали не може да се изнесуваат.

Трошоците на градоначалниците од Полошкиот регион: Над 47 илјади евра за патни трошоци и службени патувања за само три години

Градоначалниците на општините од Полошкиот регион од 2022 до 2024 година за патни трошоци (гориво, патарини) и службени патувања потрошиле вкупно 2.946.717 денари или над 47 илјади евра. Порталб.мк преку Законот...

МВР го приведе, па го пушти на слобода насилникот кој крвнички тепаше жена

Откако стана вирално видеото на кое се гледа и слуша како маж на лајв стрим на ТикТок тепа жена, Министерството за внатрешни работи го приведе насилникот, за кој е потврдено дека...

Потона подморница во близина на брегот на Египет, при што загинаа шест руски државјани и девет се повредени

Шест лица загинаа, а девет се повредени кога туристичка подморница со 45 патници потона во близина на брегот на Египет, соопштија провинциски власти од земјата. Тие зборуваа под услов на анонимност...

„Кој е следен?“ повикува на собир пред Собранието в сабота додека пратениците се на одмор

Одговорните од Иницијативата „Кој е следен?“ на нивниот профил на Инстаграм ги повикуваат граѓаните на собир пред Собранието во 11 часот. Во повикот пишува секој да си понесе столче. „Кога тие ги...

Трошоците на градоначалниците од Полошкиот регион: Над 47 илјади евра за патни трошоци и службени патувања за само три години

Градоначалниците на општините од Полошкиот регион од 2022 до 2024 година за патни трошоци (гориво, патарини) и службени патувања потрошиле вкупно 2.946.717 денари или над 47 илјади евра. Порталб.мк...