fbpx

Ковачевски пред една недела знаеше кој е ставот на Груевски за уставните измени, а сега не знае

Може да се оцени дека изјавата на Ковачевски во делот дека има различни ставови во ВМРО-ДПМНЕ во делот на разликите помеѓу Груевски и Мицкоски, може да се оцени како недоследност.

-

Премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски се доведе во ситуација на недоследност во изјавите околу ставот на претходниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени. Причина за ова најверојатно е војната што се води меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за тоа кој има „пишманџии“ во своите редови околу уставните измени, со кои Бугарите треба да бидат споменати како посебна етничка заденица во Уставот, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Премирот Димитар Ковачевски на 28.03.2023 година даде изјава во јавноста во која може да се детектира недоследност:

Таму гледаме дека се води дебата во однос на многу актуелни теми, каде што поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ е прилично активен, особено на социјалните мрежи. И затоа кажав дека првин треба да се усогласат, јас не кажав дека знам каков став има. Но, тие треба првин да се усогласат на ниво на политичка партија, кој е ставот на ВМРО-ДПМНЕ во однос на уставните измени. И повторувам уште еднаш, убеден сум дека во ВМРО-ДПМНЕ има политичари и има луѓе што имаат визија и одлучност да ја поддржат европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ бидејќи тоа е за граѓаните

[Извор: Макфакс – Ковачевски/изјава; датум – 28.03.2023]

 

Образложение:

Претседателот на Владата на РСМ, Димитар Ковачевски вчера (28.03.2023) одговорајќи на новинарско прашање за ставот на ВМРО-ДПМНЕ околу уставните измени поврзани со преговарачката рамка на земјата со ЕУ, вели дека не рекол дека знае каков став има поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, бегалецот Никола Груевски во врска со ова прашање, што е недоследност во однос на неговата изјава дадена само неколку дена претходно.

Оваа недоследност, како што може да се потврди од Макфакс, кој ги објави двете изјави, е очигледна.

Кога зборуваме за опозицијата, таму треба јасно да се постави прашање кој каков став има. Јас сè повеќе гледам дека еден став има актуелниот претседател, а друг има бившиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Ќе треба да се видат и ставовите во однос на финалниот став на таа политичка партија да се усогласатрече премиерот Димитар Ковачевски на 23.03.2023 година  тоа и може да се види во видео снимката што е пласирана на Макфакс.

Оваа недоследност најверојатно произлегува од војната со изјави што ја водат ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ околу тоа дека во двете партии имало пратеници и други функционери или членови на партиите, кои или биле, или не биле со став дека уставните измени треба да се случат што поскоро под дадените услови во преговарачката рамка за ЕУ, претходно означена како Француски предлог. Во еден од последните анализи на такви изјави „Вистиномер“ тоа го детектираше и како спин од ВМРО-ДПМНЕ. Факт е дека оваа војна на изјави продолжува, па така и во вчерашната изјава на Ковачевски, цитирана на почетокот на овој текст се тврди истото.

Но, засега, може да се тврди дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасно деклариран од претседателот на таа партија, Христијан Мицкоски, како и од други високи функционери од партијата во текот на претходните неколку дена, што може да се види и на сајтот на ВМРО-ДПМНЕ  (на пример, ставовите на Милошоски и Муцунски од 27 и 28.03) и низ медиумите.

Поради погоре наведените аргументи може да се оцени дека изјавата на Ковачевски во делот дека има различни ставови во ВМРО-ДПМНЕ во делот на разликите помеѓу Груевски и Мицкоски, може да се оцени како недоследност.

 

 

Извори:

Оцени: Теофил Блажевски

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...