Притвор за тетовец осомничен дека силувал 14-годишно девојче

Според обвинителството, осомничениот на 12 април годинава, во близина на маркет кај старите згради на Државниот универзитет во Тетово, со употреба на сила и закана силувал 14-годишно девојче

-

Тетовското јавно обвинителство донело Наредба за спроведување истрага против 19-годишник за кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“, според член 188 од Кривичниот законик.

Според обвинителството, осомничениот на 12 април годинава, во близина на маркет кај старите згради на Државниот универзитет во Тетово, со употреба на сила и закана силувал 14-годишно девојче. Тој, заедно со уште едно непознато лице, ја пречекале жртвата во една уличка додека одела кон маркетот. Осомничениот, инаку нејзин сосед, ја повлекол за раката кон паркирано возило во близина. Другото лице го отклучило автомобилот, по што осомничениот го удрил девојчето по лицето и ја натерал да седне на задното седиште.

„Со возилото управувало непознатото лице, кое ги заклучило вратите и ги одвело 200 метри подалеку, по што го паркирало возилото и излегло. На задното седиште останале осомничениот и оштетената, а тој со употреба на сила го принудил девојчето на полови дејствија. Потоа му се јавил на непознатото лице и заедно со автомобилот ја вратиле жртвата од местото каде што ја зеле. Осомничениот ѝ се заканил дека ќе ја убие доколку каже некому за настанот“, велат од обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка во тетовскиот суд доставил предлог за определување притвор за осомниченото лице, оценувајќи дека тој би можел да избега, да влијае врз сведокот/жртвата или да го повтори делото.

Судот го прифатил предлогот на обвинителството и на осомничениот му определил 30-дневен притвор.

Вртоглавица, замор и повраќање се симптоми на топлотен удар, ИЈЗ со препораки за работниците

Поради најава од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за очекувани повисоки максимални дневни температури од 24 до 27 јуни, Институтот за јавно здравје повикува на почитување на мерките на заштита на...

Го удирале со клоци и тупаници, а потоа со камен го удриле по главата – Истрага за насилство во Батинци

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица – татко и син, осомничени за кривично дело Насилство од член 386 став 6 во врска со став...

Ученици со просек 5,00 денеска полагаа квалификациско тестирање во „Георги Димитров“ и во „Д-р Панче Караѓозов“

Ученици со просек 5,00 кои се пријавиле за упис во училиштата „Георги Димитров“ (гимназиско образование), „Д-р Панче Караѓозов“ (медицинска сестра и забен техничар на албански наставен јазик), како и во училиштето...

Врховниот лидер на Иран бара поголема помош од Русија која ќе ја искористи против САД

Врховниот лидер на Иран го испрати својот министер за надворешни работи во Москва за да побара од претседателот Владимир Путин поголема помош од Русија по најголемата воена акција на САД против...

Вртоглавица, замор и повраќање се симптоми на топлотен удар, ИЈЗ со препораки за работниците

Поради најава од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за очекувани повисоки максимални дневни температури од 24 до 27 јуни, Институтот за јавно здравје повикува на почитување на мерките на...