fbpx

Притвор за двајца македонски државјани за шверц на 105 килограми кокаин

Како резултат на повеќемесечна соработка и размена на информации утврдено е дека од почетокот на 2022 година до 8 мај годинава, осомничените, како членови на меѓународна криминална група, заеднички делувајќи со грчки и албански државјани, организирале неовластена набавка и пренесување на кокаин

-

Jавниот обвинител побарал притвор за четворицата македонски граѓани за кои постои сомневање дека биле дел од меѓународната мрежа за шверц на 150 килограми кокаин запленет во Солун. Од обвинителството известија дека судијата на претходна постапка делумно го прифатил предлогот на обвинителството и на двајца од осомничените им определил мерка притвор во траење од 30 дена, додека за двајца определил мерка куќен притвор.​

Запленети 105 килограми кокаин во Солун, меѓу уапсените четворица македонски државјани

Според наводите во кривичната пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи, постои сомневање дека осомничените сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.3 в.в. со ст.1 од КЗ.

„Како резултат на повеќемесечна соработка и размена на информации со Директоратот за борба против дрога од Солун, Република Грција, е утврдено дека од почетокот на 2022 година до 8 мај годинава, осомничените, како членови на меѓународна криминална група, заеднички делувајќи со грчки и албански државјани, организирале неовластена набавка и пренесување на наркотична дрога – кокаин од Еквадор, Јужна Америка до Солун. Притоа секој од членовите имал своја улога при набавката, пренесувањето и складирањето на наркотичната дрога“, велат од обвинителството.

Првоосомничениот, со цел неовластена набавка и пренесување на кокаинот, на почетокот на 2022 година остварил средба со второосомничениот. На средбата било договорено второосомничениот да биде основач и управител и да регистрира правно лице со дејност увоз-извоз во кое целокупното работење ќе го извршува првоосомничениот, а на второосомничениот ќе му исплаќа паричен надомест од 50.000 денари месечно.

Второосомничениот, согласно договорот, на крајот на јануари 2022 година основал фирма која се јавува како основач на нова фирма со неограничени овластувања во внатрешниот и надворешниот промет. На почетокот на годинава, второосомничениот, по инструкции на првоосомничениот, уплатил 19.000 долари на правно лице од Еквадор за набавка на 1.080 пакети банани.

Во договор со првоосомничениот, засега непознати лица во Еквадор, ја сместиле дрогата во контејнер и заедно со уште два контејнери преку пристаништето Болвар – Еквадор ги испратиле кон пристаништето во Солун.

На почетокот на овој месец, пратката пристигнала на солунското пристаниште. Првоосомничениот за транспорт на контејнерот ја ангажирал фирмата каде четвртоосомничената била управител. Таа ја изготвила комплетната документација, а третоосомничениот со товарно моторно возило требал да го пренесе контејнерот со наркотичната дрога од пристаништето во Солун до Р.С.Македонија.

На 8 мај годинава, по предходно добиени инструкции од првоосомничениот, третоосомничениот го презел контејнерот и се упатил во магацин во близина на Солун, каде го паркирал товарното моторно возило.

„Од засега непознати лица наркотичната дрога кокаин била претоварена во комбе кое набргу потоа било запрено од страна на Директоратот за борба против дрога-Солун. Во комбето се пронајдени 104 килограми и 644 грама кокаин, а во спроведената акција во Р.Грција од слобода се лишени седум грчки и тројца албански државјани“, велат од Јавното обвинителство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...