fbpx

Притвор за скопјанец кој ја претепал партнерката со клоци и со шамари

Од ударите, жената се здобила со тешки телесни повреди  набиеници, подливи и мултифрагментарна скршеница на носните коски. Обвинителен предлог е поднесен и против едно 34-годишно лице, кое, според доказите, му помагало на првиот обвинет да го стори семејното насилство

-

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднел oбвинителен предлог против 46-годишен скопјанец за кој постојат основани сомненија дека ја претепал својата вонбрачна партнерка, односно ја удирал со шлаканици по лицето и главата и со клоци во пределот на екстремитетите, на бедрата и кај градниот кош.

Од ударите, жената се здобила со тешки телесни повреди набиеници, подливи и мултифрагментарна скршеница на носните коски.

Скопјанецот е обвинет за кривично дело – тешка телесна повреда од член 131 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинителен предлог е поднесен и против едно 34-годишно лице, кое, според доказите, му помагало на првиот обвинет да го стори семејното насилство.

Настанот се случил на 29 мај годинава, а според обвинителството, вториот обвинет бил присутен во домот на скопјанецот, но не презел ништо да ја заштити жртвата, туку напротив, му давал совети и упатства како да го изврши кривичното дело.

„Во домот била присутна и мајката на првообвинетиот, која се обидела да ја одбрани жената од физичкиот напад, но вториот обвинет ја запрел, обраќајќи ѝ се со зборовите ‘остани настрана, сами нека го решат проблемот тоа е нивнa личнa работа’. Дополнително, второобвинетиот во моментите на физичкиот напад го бодрел сторителот со зборовите ‘ако треба заедно со мене ќе ја издржиме казната’“, соопштуваат од обвинителството.

За скопјанецот кој ја претепал својата партерка претходно била определена мерка притвор, а јавниот обвинител му предложил на Основниот кривичен суд Скопје да ја продолжи притворската мерка.

Предлог за определување мерка притвор бил поднесен и за вториот обвинет, но судот не го прифатил предлогот на обвинителот и не определил мерки, па по приемот на решението надлежниот јавен обвинител најавува дека ќе поднесе жалба на ваквата судска одлука.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...