Обвинителството нареди истрага против косовски државјанин кај кого е пронајдено големо количество муниција

Кај косовскикот државјанин биле пронајдени зољи, рачни бомби, пиштол за светлосно звучна сигнализација “BLOW AUTOMATIC F92“ кал.9mm, еден дел од пиштол – рам од оружје за светлоснo-звучна сигнализација, четири шаржери од кои три со по 30 куршуми, а еден со 20 куршуми со кал.7,62х39mm

-

Основното јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против 37-годишен државјанин на Косово со престојувалиште во Кондово, за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Како што соопштија од Обвинителството, на 18 јуни, при претрес во објектот во кој престојувал, полицијата открила поголемо количество огнено оружје и муниција, вклучувајќи и оружје, муниција и експлозивни материи кои на граѓаните им се забранети.

„Кај него бил пронајден рачен ракетен фрлач „РБР 64mm, M80”, кој преставува бесповлечно противоклопно ракетно средство за еднократна употреба познат како „зоља” од југословенско производство, како и три рачни бомби, од кои две фрагментирачки рачни бомби од типот „RGD-5” и една дефанзивна рачна бомба од типот „F1” од кинеско или од источноевропско производство“, информираат оттаму.

Освен ова, полициските службеници пронашле и еден пиштол за светлосно звучна сигнализација “BLOW AUTOMATIC F92“ кал.9mm, еден дел од пиштол – рам од оружје за светлоснo-звучна сигнализација, четири шаржери од кои три со по 30 куршуми, а еден со 20 куршуми со кал.7,62х39mm, 6 патрони од ловна муниција со кал.12 од разни производители, наменета за испалување од ловни огнени оружја, како и уште вкупно 164 куршуми од различен калибар, вклучувајќи и боева муниција, муниција изведена со панцирно пробивни, запалливи и трасирачки проектили и муниција изведена со експандирачки проектили.

Бидејќи постои опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор.

Иран ќе започне да ги обновува oбјектите оштетени во израелските напади

Иранските власти соопштија дека ќе започнат со обнова на домовите и објектите оштетени во израелските напади, пренесува „Гардијан“.  Тие ќе ги обновуваат станбените области и јавната инфраструктура, кои беа оштетени во израелските...

Работилница во Подгорица: Дезинформациите привлекуваат кликови, но фактите градат доверба

Поминавме долг пат од економијата на пари, преку економијата на информации, потоа до економијата на внимание, па се до економијата на емоции. Денес имаме економија на доверба. Клучната промена е што...

Усвоен акциски план при топлотен бран: Да се реорганизираат работните процеси за вработените изложени на сонце

Владата денеска ја усвои Информацијата за спроведување на мерки согласно фаза 3 од акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025 – 2030. „Се задолжуваат сите...

Скулптурата „Отровни стрели“ поставена на скверот кај Порта Буњаковец

На скверот кај Ким во Порта Буњаковец, во центарот на Скопје, поставена е впечатлива уметничка инсталација, насловена „Отровни стрели“. Идејата за оваа скулптур, која го претставува говорот на омраза како невидливо,...

Иран ќе започне да ги обновува oбјектите оштетени во израелските напади

Иранските власти соопштија дека ќе започнат со обнова на домовите и објектите оштетени во израелските напади, пренесува „Гардијан“.  Тие ќе ги обновуваат станбените области и јавната инфраструктура, кои беа оштетени...