fbpx

Во бегство е осомничениот за убиството во казиното кај Млечен ресторан

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот, кој е во бегство

-

Во бегство е осомничениот 44-годишен скопјанец за убиството на 31 март годинава во казино на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ кај Млечниот ресторан, соопшти Јавното обвинителство.

Од обвинителството велат дека јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

„Бидејќи тој во моментот е недостапен на органите на прогонот, доколку биде прифатен предлогот на обвинителот, мерката ќе започне да се извршува од неговото пронаоѓање и лишување од слобода“, додаваат од обвинителството.

Кривичната пријава за убиство против осомниченото лице МВР ја поднесе вчера, 11 дена по убиството. Од полицијата соопштија дека осомничениот е идентификуван и дека станува збор за Џ.С., на возраст од 44 години, но не беше кажано дека лицето е во бегство.  ​

Убиството се случи утрината околу 8 часот на 31 март годинава. Според пријавата, осомничениот, жртвата и уште две лица заедно дошле во казиното и играле на покер апаратите. Помеѓу осомничениот и оштетениот дошло до вербална расправија и започнале да се туркаат, по што осомничениот успеал да го земе пиштолот што оштетениот го носел во појасот и пукал неколку пати во него. Потоа, повеќе пати со рачката од пиштолот го удрил оштетениот во пределот на главата и избегал.

МВР: Идентификуван осомничениот за убиството во казино кај Млечниот ресторан

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...