недела, 8 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: казино | 25 резултати

Татко си ги терал децата да питаат во Скопје и во Велес, а парите ги трошел во казино

9 април 2024

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од селото Извор, за две кривични дела – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, соопшти Обвинителството. „Постои основано сомнение дека во временскиот период од 2021 до 03 април годинава, осомничениот […]

Битолчанец истурил бензин и запалил слот машини во казино

4 март 2024

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 35 годишен жител на селото Долно Оризари, кој е осомничен за кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик, соопштија денеска во Обвинителството. „На 2 март, во вечерните часови, осомничениот влегол во казино на улицата „Лазо Трповски“ во Битола, се качил на […]

Реклама за казино претставена како сатанистички ритуал во црква во Украина

16 јануари 2024

Видео во кое се гледаат пејачи, маскирани и нашминкани како ѓаволи, кои пеат на украински, се користи од страна на руската пропаганда за да се дезинформира јавноста дека е снимено во украинска црква и како небаре Украина е сатанистичка и демонска. Но, ова видео не е снимено во црква во Украина, ниту е некако поврзано […]

Во бегство е осомничениот за убиството во казиното кај Млечен ресторан

12 април 2023

Во бегство е осомничениот 44-годишен скопјанец за убиството на 31 март годинава во казино на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ кај Млечниот ресторан, соопшти Јавното обвинителство. Од обвинителството велат дека јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот. „Бидејќи тој во моментот е недостапен […]

МВР со акција во ресторани, казина и обложувалници: Приведени се тројца, пронајдена е дрога

2 април 2023

Министерството за внатрешни работи од полноќ до 4:00 часот утрово спровела акција во ресторани, казина и обложувалници, при што се приведени три лица. Кај еден од приведените полицајците пронашле седум пакувања марихуана, кај друг е откриено оружје, а третиот е задржан поради точење алкохол на малолетници, соопшти МВР. Во акцијата биле опфатени 290 угостителски објекти, […]

Убиен маж во казино кај Млечниот ресторан во Тафталиџе

31 март 2023

Утрово околу осум часот во близина на Млечниот ресторан во Тафталиџе, пред казино бил убиен маж од Арачиново, соопштија од Министерството за внатрешни работи. Според информациите од полицијата, во 08.05 часот, во казино лоцирано на булеварот „М.Т.Гологанов“ кај Млечен ресторан, пријавено е пукање, при што Н.А. (46) од с. Арачиново подлегнал на повредите. Полицијата го […]

МВР одзеде документација од казино во Дојран заради сомнеж за фалсификување ковид сертификати

6 јануари 2022

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и СВР Струмица – ОВР Гевгелија во текот на вчерашниот ден по претходно добиена судска наредба од Основен суд Гевгелија, извршија претреси на три локации поради основано сомнение за сторено кривично дело, а во врска со наводите за фалсификување сертификати во казино во Дојран, информираат од Министерството за […]

Поранешниот градоначалник на Демир Капија повикан на разговор во Финансиска полиција

24 октомври 2018

Поранешниот градоначалник на општина Демир Капија, Трајче Димитриев, ќе биде кривично гонет заради продажба на општински објект на негов роднина, јави „Алсат – М“. Според телевизијата, во периодот 2008-2009 година, објектот бил реновиран со 500.000 евра од ЕУ, а потоа бил продаден на роднина на градоначалникот Димитриев, за сума од 32.500 евра. Како што дознава […]

Триесет и шест загинати во напад на казино во Манила

2 јуни 2017

Најмалку 36 лица загинаа, а 54 се повредени откако вооружен маж упадна во казино во Манила и го запали. Портпаролот на филипинскиот претседател тврди дека не станува збор за терористички напад, туку за грабеж. – Нападот во Манила не е поврзан со терористичка акција, рече портоаролот Ернесто Абела, со што ги потврди претходните изјави на […]

Шеснаесетгодишник од Батинци доби кривична пријава за обид за разбојништво

30 март 2017

Дека се обиделе да ограбат казино во раните утрински часови на 3 март, СВР Скопје товари шеснаесетгодишник од Батинци и негов четири години постар соселанец. Кривична пријава за обид за разбојништво добија А.Т. (20) и шеснаесетгодишникот, двајцата од скопското село. Тие во 3.45 часот влегле во казиното на улицата Иван Хаџи-Николов во Скопје и заканувајќи се со […]

Филмска кражба во казино во Гостивар

13 март 2017

Еден милион и седумстотини педесет илјади денари се украдени вчеравечер во казино лоцирано на улицата Борче Јовановски во Гостивар. Кражбата, која ја пријавил во полицијата вработен во казиното, ја извршиле три непознати маскирани лица, од кои две со качулки на главите и со ракавици на рацете, најпрво се искачиле на покривот од постар објект во […]

Две лица повредени со нож во казиното „Адмирал“ во Охрид

28 април 2016

Утрово полицијата го приведе и го лиши од слобода Б.Д. (35) од струшкото село Ливада. Приведениот е под сомнеж дека ноќеска, како учесник во нарушувањето на јавниот ред и мир во казиното „Адмирал“ на улицата Партизанска во Охрид, тешко повредил две лица. Тој употребил нож со кој ги повредил Н.М. (34) во пределот на градниот кош […]

Ограбено казиното „Сенатор“ во Гостивар

14 февруари 2016

Непознато маскирано лице, вооружено со пиштол, утринава околу 3.20 часот го ограбило казиното „Сенатор“ во Гостивар. Како што соопшти МВР, крадецот заканувајќи ѝ се со пиштол на вработената, одзел околу 50.000 денари, по што побегнал. Полицијата трага по крадецот и работи на целосно расчистување на случајот.

Охриѓанец починал во казино во Струга

6 февруари 2016

Охриѓанец, на 54 години, чиј идентитет не се соопштува, починал во казино во Струга. Вработена во казиното, во полициската станица во Струга, пријавила дека мажот, играјќи на еден од апаратите, наеднаш паднал на подот во бесознание. Со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Струга, каде што е констатирана смрт без […]

Изгубил пари во казино, па лажно пријавил дека го тепале и го ограбиле разбојници

8 јануари 2016

Триесет и четиригодишен жител на тетовското село Копанце вчера пријавил дека бил нападнат и ограбен од тричлена разбојничка банда, но по кратката истрага, полицијата утврдила дека станува збор за лажно пријавување и дека повредите што му биле констатирани, осомничениот самиот си ги нанел. Како што информираат од МВР, вчера околу 22 часот во полициската станица […]

Маскиран и вооружен разбојник ограбил казино во ГТЦ

3 декември 2015

Непознат сторител, со маска на главата (фантомка) и вооружен со пиштол, синоќа ограбил казино во Градскиот трговски центар (ГТЦ), информираат од полицијата. Разбојништвото се случило околу 20 часот во казиното „Д-слот“, а сторителот одзел 140.000 денари или околу 2.300 евра.

Отворил казино во Шутка без лиценца

22 ноември 2015

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, поднесе кривична пријава против Б.М. (64) од Скопје, поради постоење основан сомнеж дека приредувал игри на среќа без лиценца, односно дозвола од надлежен орган. Како што соопшти МВР, пријавениот како физичко лице, во текот на 2015 година во точно неутврден временски интервал, во објект во општина […]

Разбојник однел 200.000 денари од скопско казино

13 јули 2015

Маскиран и вооружен разбојник ноќеска ограбил казино на улицата 11 Октомври во Скопје, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, разбојништвото се случило десетина минути по полноќ, во казиното „Слот“, каде сторителот, заканувајќи се со пиштол на вработените, одзел околу 200.000 денари и побегнал. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на разбојникот и за расчистување на случајот.

Разбојнички двоец однел 2.300 евра од скопско казино

18 мај 2015

Маскирани и вооружени разбојници, ноќеска околу 1 часот, извршиле разбојништво во казино „Слот“, на улицата 11 Октомври во Скопје, од каде однеле плен од околу 140.000 денари или околу 2.300 евра, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, разбојниците, едниот вооружен со пиштол, другиот со нож, им се заканиле на двајца вработени во казиното, ги собрале […]

Ќе се гради ново казино во Гевгелија

2 декември 2014

Во Гевгелија, во близина на граничниот премин Богородица, ќе се гради уште едно ново луксузно казино. Градежната парцела е веќе продадена и наскоро ќе почнат градежните активности, информираат од Општината. Во близина на граничниот премин Богородица веќе работат три големи казина, „Аполониа“, „Фламинго“ и „Принцес“, кои обезбедуваат вработување за жителите на општината.

Страна 1 од 2