fbpx

Филмска кражба во казино во Гостивар

-

Еден милион и седумстотини педесет илјади денари се украдени вчеравечер во казино лоцирано на улицата Борче Јовановски во Гостивар. Кражбата, која ја пријавил во полицијата вработен во казиното, ја извршиле три непознати маскирани лица, од кои две со качулки на главите и со ракавици на рацете, најпрво се искачиле на покривот од постар објект во непосредна близина и преку отворениот прозорец од казиното влегле внатре.

Тие се упатиле кон менаџерската канцеларија, насилно ја отвориле вратата, во која се наоѓале два метални сефа, од каде ги одзеле парите. Одземените средства ги ставиле во торба и незабележани од никого, на ист начин како што влегле, го напуштиле објектот, причинувајќи и материјална штета која се проценува на 5.000 денари. Извршен е комплетен увид, фото-документирано е местото, пронајдени се и подигнати се траги за вештачење и се работи на расветлување на пријавеното и откривање на сторителите.

Вчеравечер полицијата регистрираше уште една кражба во гостиварско Галате, во дом на 70-годишен жител од ова село. Непознат маскиран сторител насилно ја отворил вратата во приземјето на куќата, влегол внатре и целосно ги пребарал сите простории, при што од орман во спалната, одзел околу 6.000 денари. Кога тргнал да се оддалечи од местото, пред вратата бил затекнат од сопственикот на куќата, кого со метална шипка го удрил по главата и му нанел телесни повреди, по што избегал по патот кон селото Пожаране. По извршениот увид се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и за откривање на сторителот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...