fbpx
Таг: избори 2024

таг: избори 2024

МВР: Гласачки ливчиња се фотографирале и во Штип и Сопот

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти за нови случаи во кои се фотографирале гласачки ливчиња во текот на денешното гласање. Во 14 часот било пријавено дека на избирачко место во Штип, М.Ш. (23) го фотографирал гласачкото ливче. Во штипско е регистриран уште еден ваков случај, поради што полициски службеници го привеле Г.Ј. (34) од селото Тработивиште. Во 15.30 часот било пријавено дека...

ЗНМ: Претставка до ДИК за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Мета.мк

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) соопшти дека ќе достави претставка за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Новинската агенција Мета.мк до Државната изборна комисија (ДИК). Претставката се однесува за непрофесионален однос на претставник на избирачкото место број 2762 во скопската општина Кисела Вода каде Јордановска беше спречена во извршување на својата професионална новинарска работа. И покрај тоа...

Одѕивот на гласачите до 17 часот е за 9 отсто повисок од претходните претседателски избори

До 17 часот, според Државната изборна комисија, на претседателските избори гласале 397.612 лица, односно 44,18 отсто од обработените 1.788 гласачки места со вкупно 899.977 запишани гласачи. Најголема излезност има во Општина Новаци, над 67 проценти, а најмалку во Пласница, каде што околу 15 проценти од запишаните гласачи го оствариле своето право на глас. Од ДИК на прес-конференција изјавија дека засега изборниот...

МВР: Фотографирани гласачки ливчиња во Скопје, Охрид, Берово и Радовиш

Пет лица си ги фотографирале гласачките ливчиња во текот на денешното гласање, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Станува збор за два случаи во Скопје и по еден во радовишко, Охрид и Берово. Околу 11 часот и 10 минути било пријавено дека во селото Коџалија, Општина Радовиш, на избирачкото место 1602, С.А. од селото си го фотографирал гласачкото ливче. Истото го сториле...

Излезноста до 15 часот е 35,9 отсто – 7 отсто повеќе од 2019 година

До 15 часот на првиот круг на претседателските избори гласале 392.066 гласачи  од вкупно 1.092.341, односно 35,89 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Излезноста е повисока во споредба со процентот на граѓани кои го оствариле своето право на глас до 15 часот на првиот круг на претседателските избори во 2019 година, кога излезноста била 28,69 отсто. Според податоците за излезност кои...

Излезноста на изборите до 13 часот е 26,3 отсто

Излезноста до 13 часот во првиот круг од претседателските избори е 26,35 отсто. Гласале 430.364 граѓани, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК). Оваа бројка е во реалност и повисока, имајќи предвид ДИК сè уште ги нема пребројано сите гласови. Правото на глас го оствариле 6 отсто повеќе граѓани во споредба со изборите во 2019, рече на прес-конференција претседателот на...

Мирно и без проблеми тече гласачкиот процес, 4 отсто излезност до 9 часот

Мирно и празно, невообичаено за изборен ден. Вака беше денеска во основното училиште со ресурсен центар „Иднина“ во општина Чаир. Екипа на Мета беше во ова училиште околу 10 часот. Немаше гласачи пред избирачките места, a во училниците имаше едвај по еден гласач. Сепак, пред училиштето имаше полициско обезбедување. „Обично наутро кај нас е најголема излезноста, но еве денеска нема...

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот список се запишани вкупно 1.814.317 гласачи. Бројот на избирачките места во земјата за претседателските избори годинава изнесува 3.480, додека за гласање во странство беа предвидени 31 избирачки места во дипломатско-конзуларните...

Може да се раскине кој било договор, прашање е цената

Ванковска делумно точно оценила дека раскинувањето на договорите со Бугарија и Грција „е лесно“ и „малку потешко“. Но, нејзината проценка колку лесно или колку тешко се раскинуваат билатералните и мултилатералните договори на државата, не е круцијална за оценката делумна вистина. Таа не кажува колку и какви проблеми ќе се отворат повторно и во кои сè институции и меѓународни организации,...

Јакимовски со полувистини за реалните проблеми околу финансиите на Пентагон

На вчерашната дебата на Националниот сервис МРТ, кандидатот за претседател Стевчо Јакимовски, изјави делумно вистинито дека американскиот Пентагон (односно Министерството за одбрана) не дозволува да им се направи ревизија, дека се под сомнеж за проневера од 1,9 трилиони долари и дека Конгресот има донесено специјален закон за да дозволи ревизија. Иако во сите три става има дел вистина, ниту...

Масакрот во Сребреница е геноцид, меѓу жртвите има и жени

Во текот на претседателската дебата меѓу сите кандидати, Стевчо Јакимовски изјави дека во масакрот во Сребреница биле убиени само мажи и момчиња и затоа не е геноцид, туку само (воено) злосторство. Според Меѓународниот кривичен суд во Хаг, Европскиот парламент, како и други комисии и тела масакрот во Сребреница е деклариран како геноцид. А, без разлика што системски биле селектирани...

Ниту ЕУ е бајка, ниту е НАТО во прокси војна во Украина

Ванковска употреби наратив за ЕУ кој сугерира дека Унијата веќе не постои, т.е. не постојат заедничките вредности за добробит на сите граѓани на земјите членки, туку дека како сијамски близнак на НАТО се подготвувала за војна, што е невистина. Невистина е и дека НАТО е во прокси војна во Украина, што е класично тврдење на руската официјална политика за...

Претседателски избори: Сите го бараат гласот на младите, но што нудат за возврат?

Среде жестоките политички кампањи на претседателските кандидати кои веќе неколку недели се борат за вниманието и гласовите на граѓаните, а меѓу нив и на младите, се наметнува прашањето: што навистина нудат за возврат кандидатите за прв човек/жена на нацијата? Седуммина кандидати влегоа во трката за македонски претседател, а млади лица можеа да се забележат во нивните рекламни видеоспотови, како и...

Завршува кампањата, од полноќ предизборен молк

Вечерва на полноќ завршува изборната кампања за првиот круг од претседателските избори 2024 година и започнува изборниот молк кој трае до 19 часот на 24 април. За време на молкот, на 23 и на 24 април (до 19 часот), запира медиумското покривање во вестите и во посебните-информативни емисии на учесниците во изборните кампањи и за претседателските и за парламентарните избори,...

Неизвесна гордост во дел од „Македонија повторно горда“

Дел од Платформата „Македонија повторно горда“ на претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова, упатува на неизвесност на иднината на државата кога станува збор за евроинтеграциските процеси и за односите со Грција и со Бугарија. Бугари во устав нема да има бидејќи такво нешто нема во Договорот со Софија, а Преспанскиот договор е правно и политички отворено прашање, пишува Вистиномер во...

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но, иако тој лично не присуствуваше, во Струга вчера се одржа централниот митинг и кампањата за претседателските избори на Европскиот фронт продолжува, пишува Вистиномер.  Текстот го пренесуваме во целост:   Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која...

Поради изборите, Владата ги прогласи 24 април и 8 мај за неработни денови за сите граѓани

Владата на денешната седница заклучи дека 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) да бидат неработни денови за сите граѓани на Република Северна Македонија, заради непречено спроведување на изборите за Претседател на Република Северна Македонија и изборите за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија и овие два неработни дена нема да се одработуваат. „Денешната владина...

Шега на Пендаровски на митинг во Делчево претставена како закана

Не станува збор за никаква закана на Пендаровски упатена до граѓаните на Делчево, како што тоа сака да го прикаже објавата што се споделува на Фејсбук. На видеото од митингот во Делчево (9:30 до 9:55 минута) може да се види дека Пендаровски се шегува и се смее. Впрочем и Пендаровски на митингот во Кавадарци, објасни дека се шегувал (26:57 до 27:38...

ДИК: Партиите ќе треба да достават извештај со примени донации на нивните сметки

Политичките партии имаат обврска, на 11 ден од изборната кампања да достават извештај со образец за примени донации на трансакциска сметка. Ова е една од измените во роковникот за спроведување на изборите за претседател на државата, која на денешната седница ја усвоија членовите на Државната изборна комисија. „Согласно последните измени на Изборниот законик, ДИК треба да го смени роковникот за...

Ветувања, кампањи, програми, билборди – седумтемина претседателски кандидати ја почнаа кампањата

Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова, Максим Димитриевски, Билјана Ванковска, Стевчо Јакимовски, Бујар Османи и Арбен Таравари ја започнаа претседателската кампања за изборите кои ќе се одржат на 24 април. Седумтемина кандидати ги презентираат програмите, отвораат изборни штабови, делат ветувања. Најголемиот дел од нив ја потенцираат европската иднина на земјава и ветуваат дека ќе водат чесна кампања. Дел од кандидатите денеска...

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...