среда, 20 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: истрага | 450 резултати

ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски да каже зошто „Гисеке и Девриент“ испечатила дупликат возачки дозволи

јануари 15, 2016

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ и денеска го повика министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, да ѝ соопшти „на домашната и на меѓународната јавност“ зошто германската компанија „Гисеке и Девриент“ двапати испечатила македонски возачки дозволи со ист сериски број. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вчера на прес-конференција обелодени дека при попис на сите обрасци за лични […]

Спасовски: Откривме 70.000 дупликати на возачки дозволи

јануари 14, 2016

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска на прес-конференција обелодени нови докази за злоупотреби на лични документи, овојпат 70.000 дупликати на возачки дозволи откриени во магацинот на МВР. Дупликатите, според Спасовски, се откриени во рамките на истрагата за незаконското издавање лични карти. Според истрагата, во овој случај е вмешан и висок раководител во МВР. – […]

ЕК почнала истрага за новите, контроверзни закони во Полска

јануари 13, 2016

Европската комисија (ЕК) отворила истрага која треба да утврди дали новите полски закони ги кршат демократските начела на Европската унија (ЕУ), објави заменик-претседателот на ЕК, Франс Тимерманс, пренесува „Би-Би-Си“. Станува збор за измените на законите со кои полската влада ги стави под контрола Уставниот суд и јавните медиуми во земјата. Механизмите на ЕУ ѝ овозможуваат […]

Обвинителството ја прошири истрагата за убиството на 19-годишникот на Бит-пазар

јануари 12, 2016

Основното јавно обивнителство Скопје ја проширило истрагата за убиството на 19-годишното момче, што се случи на 3 јануари годинава, откако две лица, од кои едниот малолетник, деновиве се пријавиле во полициска станица како извршители на кривичното дело, соопшти денеска Јавното обвинителство. Претходно за убиството на момчето беше уапсено и притворено лице на 19-годишна возраст. „По […]

Скопски бизнисмен осомничен за даночно затајување на околу 715.000 евра

декември 29, 2015

Основното јавно обвинителство Скопје, по добиено известување од Управата за финансиска полиција, оформило предмет и издало наредба за спроведување истражна постапка против скопјанецот Ф.С., сопственик и управител на фирмата „Фарком инженеринг“, осомничен дека затаил данок од околу 44 милиони денари или околу 715.000 евра, соопшти Јавното обвинителство. „Според добиеното известување, во периодот од 2010 до 2015 година лицето […]

Спасовски: Без нов, кристално чист, доверлив избирачки список, не се можни фер избори

декември 26, 2015

„Роковите за прочистување на избирачкиот список се одамна поминати. По сите злоупотреби што ги најдовме и тоа само што чепнавме на површината околу начинот на кој се издавале лични документи од страна на МВР, со кои се гласа, повеќе од јасно е дека постојниот избирачки список е крајно спорен, со сериозни индикации за криминални податоци […]

Лавров: Да се истражат наводите за користење хемиско оружје во Сирија

декември 25, 2015

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, денеска изјави дека е потребна темелна и непристрасна истрага за употреба на хемиско оружје во Сирија. Лавров на состанокот со катарскиот министер за надворешни работи во Москва, рече дека извештаите за употреба на хемиско оружје се појавиле откако екстремистите дошле до хемиско оружје. – Тоа се случи откако борците […]

Заев: Вистината е дека мафијата е во Владата

декември 22, 2015

Цело време бараме од граѓаните да ни пристапат со документи за криминалот на оваа власт. Тоа што сум се гледал со сите овие граѓани каде било во Македонија, ја отвора можноста да се сликам и со некое сомнително лице, изјави на попладневната прес-конференција Зоран Заев, претседател на СДСМ. Во Македонија, според него, во жар е […]

Спасовски: Хајката нема да нè спречи да спроведеме професионална истрага

декември 22, 2015

Времето на хајки заврши и време е за законски и за професионални истраги, рече, меѓу другото, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на денешната прес-конференција посветена на аферата со фалсификуваните лични карти. Тој е убеден дека истрагата ќе покаже за што биле употребени тие. Според него, истрагата била комплексна, повеќеслојна и чувствителна и сè уште […]

Груевски: Меѓународната заедница да го следи процесот за случајот со фалсификувњето

декември 20, 2015

Премиерот Никола Груевски денеска изјави дека тоа што го слушнал за фалсификувањето на личните карти било фрапантно и упати апел до меѓународната заедница одблиску да го следи случајот. – Засега само би им честитал на професионалците во јавното обвинителство и во Министерството за внатрешни работи за тоа што успеале да го постигнат и би апелирал […]

Пламен од запалка, причина за пожарот во фабриката за пиротехника во Сопиште

декември 18, 2015

Директна изложеност на пламен од запалка била причината за пожарот во фабриката за пиротехника „Ице – мак“ ДОО во Сопиште, кој се случи на 24 јули 2014 година и во кој животот го загубија три лица, утврдила истрагата на Основното јавно обвинителство Скопје, соопштија денеска од јавното обвинителство. Како што информираат оттаму, по наредба на […]

Замрзнати милиони швајцарски франци од сметките на ФИФА

декември 17, 2015

Милиони швајцарски франци на банкарски сметки сопственост на Светската фудбалска организација (ФИФА) денеска биле замрзнати на барање на истражните органи на САД, соопшти швајцарското министерство за правда. Како што пренесува „Би-Би-Си“, американските власти, кои ја водат истрагата за корупцскиот скандал во ФИФА, во чиј фокус е нејзиниот претседател Сеп Блатер, веруваат дека парите од корупцијата […]

Обвинителството отвори истрага за престрелката на патот Струга – Долна Белица

декември 16, 2015

Основното јавно обвинителство Струга донело наредба за спроведување истрага против пет лица осомничени за престрелката што се случи вечерта на 13 декември, на локалниот пат Струга – Долна Белица, во која едно лице беше убиено, а две беа ранети, соопшти денеска Јавното обвинителство. „Лицата се товарат за убиство од член 123 и за недозволено изработување, држење […]

Русија проверува помагачи на ИД

декември 16, 2015

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) води истрага за 1.600 лица и правни субјекти кои се осомничени за помагање на џихадистичката група Исламска држава, соопшти директорот на ФСБ, Александар Бортников. Тој додаде дека агенцијата идентификувала 2.900 руски државјани кои се поврзани со борците во Сирија и во Ирак, наведувајќи дека во борбите загинале 198 лица, а во […]

Египет: Нема докази дека рускиот авион е намерно урнат

декември 14, 2015

Египет досега не пронашол ништо што укажува на терористичка акција во врска со падот на рускиот патнички авион на Синај на 31 октомври, кога загинаа 224 лица, се наведува во прелиминарниот извештај за настанот. – Комисијата за техничка истрага досега не открила никаков знак за незаконско мешање или за терористички активности –  соопшти министерството за […]

Еден убиен и двајца ранети во престрелка во Струшко

декември 14, 2015

Основното јавно обвинителство Струга почнало истрага за вооружена престрелка која синоќа, околу 22 часот, се случила на локалниот пат Струга – Долна Белица, во која едно лице е убиено, а две се тешко повредени и пренесени во болница, соопшти утрово Јавното обвинителство. „Основното јавно обвинителство Струга изврши увид на местото на настанот, кој се случи вчера, […]

Платини останува под суспензија, арбитражниот суд му ја отфрли жалбата

декември 11, 2015

Арбитражниот суд за спорт ја отфрилил жалбата на претседателот на УЕФА, Мишел Платини, со која тој бара да му биде укината суспензијата од 90 дена, јавува „Би-Би-Си“. Поради суспензијата, на претседателот на УЕФА му се забранети какви било активности поврзани со фудбалот. Платини и претседателот на Светската фудбалска организиација (ФИФА), Сеп Блатер, беа суспендирани на […]

ЕК отвори истрага против „Мекдоналдс“ поради избегнување на плаќање данок

декември 3, 2015

Европската комисија покренала официјална истрага околу договорот на „Мекдоналдс“ со Луксембург, поради сомнеж дека благодарение на него компанијата плаќала помали даноци од оние што се предвидени во согласност со законите и правилата на Европската унија (ЕУ). Како што пренесува ХРТ, работничките синдикати неодамна го обвинија „Мекдоналдс“ дека избегнал плаќање на околу една милијарда евра данок […]

Покренато обвинение и против шестиот осомничен за тероризам во Париз

ноември 27, 2015

Белгиски судија денеска покрена обвинение и против шестиот осомничен за поврзаност со терористичките напади во Париз пред две недели, во кои 130 лица беа убиени, соопшти сојузниот обвинител. Во соопштението се наведува дека, вчера во Брисел едно лице било приведено на сослушување и дека истражниот судија му одредил притвор и го обвинил за терористички напади […]

ЛДП: Пред Јанева да почне истрага, Талески да си поднесе оставка

ноември 27, 2015

Пред да почне истрагата на специјалното јавно обвинителство, во општина Битола опозициската ЛДП бара градoнaчалникот Владимир Талески да си поднесе оставка. Повикувајќи се на веста дека специјалната обвинителка Катица Јанева ќе почне со работа на првите пет предмети поврзани со „бомбите“, либерал-демократите од Битола сметаат дека останувањето на градоначалникот на чело на локалната самоуправа е неприфатливо. […]

Страна 19 од 23