Приведениот градоначалник подолг период под лупа на истражните органи

-

Покрај поранешниот градоначалник, во денешната полициска акција во Охрид приведени се и негови блиски соработници од општината, меѓу кои имало и жени, како и лица кои ги добивале тендерските договори за одредени активности во градот вредни околу два милиони евра, јавува охридското „Супер Радио“.

Градоначалникот бил под лупа на истражните органи откако минатата година ја загуби изборната трка за трет мандат. Тој во неколку наврати бил повикуван на разговор во СВР Охрид, додека се „чешлале“ документите од неговото финансиско работење како прв човек на општината.

Дека се испитува работењето на Општина Охрид во периодот кога со неа раководеше претходниот градоначалник потврди и директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Митко Чавков кој за таа цел, на 27-ми мај минатата година во Охрид се сретнал со новото раковдство на општината, предводено од ВМРО-ДПМНЕ.

– Целта на посетата и на состанокот беше еден општ разговор околу одредени состојби кои се индикативни и кои укажуваат на постоење на криминални активности во претходното работење со општина Охрид, односно поврзано со работењето на претходниот градоначалник. Имаме првични информации за финансиски криминал, корупција и така натаму – изјави тогаш Чавков.

Како што потврди тој, во испитувањето на финансиското работење на општината тогаш била вклучена финанската полиција, а подоцна, како што појасни, ќе се прошири тимот со претставници од Јавното обвинителство на Република Македонија, од Јавното обвинителство за организиран криминал и со инспектори од СВР Охрид.

САД ќе го прекинат финансирањето за вакцини за сиромашните земји, но ќе продолжат со одредена помош за ХИВ и туберкулоза

Администрацијата на Трамп има намера да ја прекине финансиската поддршка на САД за Гави, организацијата која помогна во набавката на клучни вакцини за децата во земјите во развој, спасувајќи милиони животи...

Студентската правобранителка на УКИМ: Да ја споделиме маката и да бараме систем кој работи за нас

По низата случувања во академската заедница во текот на изминатите две недели кои следуваа по трагедијата во кочанската дискотека „Пулс,“ попладнево со став се огласи студентската правобранителка на Универзитетот „Св. Кирил...

Српските студенти организираат изложба на кучиња за собирање средства за фамилиите на жртвите од пожарот во Кочани

Студенти на Факултетот за ветеринарна медицина во Белград во недела организираат изложба на кучиња со цел да соберат средства за семејствата на жртвите од пожарот во Кочани. „Ги покануваме сите љубители на...

Започнаа годишните билатерални разговори со НАТО

Денес и утре тим од НАТО – Алијансата предводен од високиот политички експерт и известител за нашата држава Стјуарт Ендрјус ќе учествува на билатералните одбранбени разговори со Алијансата, соопштија од Министерството...

САД ќе го прекинат финансирањето за вакцини за сиромашните земји, но ќе продолжат со одредена помош за ХИВ и туберкулоза

Администрацијата на Трамп има намера да ја прекине финансиската поддршка на САД за Гави, организацијата која помогна во набавката на клучни вакцини за децата во земјите во развој, спасувајќи...