fbpx

Македонија е седма во светот по ниски даноци

-

Република Македонија се најде меѓу најдобрите десет земји во светот со најниска даночна стапка, се наведува во извештајот „Пеинг таксис 2015“ (Paying taxes 2015).

Од вкупно 189 земји, Македонија, со стапка од 7,4 проценти, се најде на седмото место. Минатата година даночната стапка во Македонија изнесуваше 8,2 отсто.
Во извештајот се наведува дека потребното време за плаќање даноци во Македонија изнесува 119 часа, што е најкратко време во споредба со земјите од Централна Азија и од Источна Европа.

Во документот, исто така, се наведува дека Македонија е на шестото место според бројот на плаќања од земјите од регионот од Централна Азија и од Источна Европа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...