fbpx

ЕУ: Истрага за корупцијата во ЕУЛЕКС на Косово

-

Европската посредничак Емили О’Рајли, најави отворање на независна истрага на нејзините служби за наводите за корупција на мисијата на Европската Унија на Косово, ЕУЛЕКС, дознаваат европските медиуми, кои го објавија нејзиното писмо испратено минатиот петок до надлежните во европската служба за надворешна акција, ЕЕАС.

Во писмото О’Рајли вели дека медиумските извештаи за наводите за корупција и за митo во ЕУЛЕКС го привлекле нејзиното внимание.

– Одлучив да отворам сопствена истрага за начинот на кој ЕЕАС се справува со тоа прашање за да проценам сама дали ЕЕАС/ЕУЛЕКС спроведува правилна истрага за наводите за сериозни нерегуларности наведени од страна на обвинителот на ЕУЛЕКС –  пишува таа.

Улогата на европската посредничка е да го надгледува начинот на работење на европската администрација, во сите институции и да отвора истраги доколку постои сомнеж за лошо работење или за корупција. Иако одлуките на посредничката не се обврзувачки, европските институции секогаш ги следат препораките.

Т.М.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...