fbpx

УЕФА покрена истрага против Интер, Ловерпул, Монако…

-

Европската фудбалска федерација почна истрага за кршење на финансискиот фер плеј против пет тимови, но ја проширува својата истрага и врз други клубови.

Истрагата е покрената против Хал, Спарта од Прага, Лион, Рух и Волфсбург. Тимовите ќе мора да ги испратат своите документи во седиштето на европската федерација, но за нив засега не се изречени никакви санкции.

УЕФА, исто така, ја прошири истрагата и против Ливерпул, Монако, Рим, Интер, Бешикташ, Спортинг и Краснодар.

Минатата сезона, УЕФА казни голем број клубови кои трошеа премногу пари за трансферите и за плати на играчите. Со казните најтешко беа погодени Манчестер сити и Париз Сен Жермен, кои мораа да платат повеќе од 50 милиони евра, но истовремено им се ограничени и средствата кои можат да ги потрошат на засилување со нови играчи. Исто така, тие мораа да го намалат бројот на играчите во тимот за Лигата на шампионите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...