fbpx

Нова истрага за корупција против Милан Бандиќ

-

Против загрепскиот градоначалник Милан Бандиќ, које веќе е осомничен за корупција во аферата „Аграм“, покрената е нова истрага поради сомнеж дека незаконски помагал при собирањето потписи за референдум во рамките на граѓанската иницијатива „Во име на семејството“, пренесуваат хрватските медиуми.

Бандиќ, според сомневањата, се товари дека обезбедил печатење на летоци и на плакати и емитување на видеоспотови и отстапување на штандови, спротивно на одлуките на Градот.

Во рамките на овој случај, истрага е покрената и против началникот на Канцеларијата за образование, култира и спорт, Ивица Ловриќ, и против директорката на загребските пазари, Зденка Палац, исто така за злоупотреба на службената положба и овластување.

Со овие постапки на осомничените, градот Загреб и „Пазари Загреб“ биле оштетени за околу 40.000 евра, пренесуваат медиумите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...