fbpx

Извештајот за падот на „кингерот“, во кој загина претседателот Трајковски, испратен во Македонија

-

Извештајот за падот на авионот, во кој во 2004 година животот го загуби македонскиот претседател Борис Трајковски и членови на неговиот кабинет, е испратен до македонските власти, изјавил шефот на истражниот тим за утврдување на причините за авионската несреќа, Омер Кулиќ, за агенцијата „Срна“, пренесуваат медиумите.

Кулиќ, за „Срна“, посочил дека до средината на декември, извештајот ќе биде подготвен и презентиран пред јавноста во Босна и Херцеговина.

Како што објавуваат босанските медиуми, тој рекол дека неговиот тим во целост успеал да ја утврди причината за падот на авионот и за загинувањето на македонскиот претседател Борис Трајковски.

– Точно утврдивме што се случило. Сите актери во тој настан во истрагата се опфатени, но не смеам да кажам кој е одговорен. Нашата задача е да испитаме како се случил падот на авионот, тоа ќе му го кажеме и на нашиот и на македонскиот обвинител, а нивна е одлуката што ќе прават понатаму затоа што тоа се светски стандарди во ваквите активности – изјавил Кулиќ.

Како што најави предходно шефот на истражниот тим, завршниот извештај прво ќе биде предадени на Советот на министри и на главниот јавен обвинител на БИХ, а потоа ќе биде проследен до македонските власти и до македонскиот државен јавен обвинител.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...