fbpx

Француските офицери на СФОР – важна, ама заборавена алка за падот на „кингерот“

-

Во новиот извештај за падот на „кингерот“ во кој животот го загуби претседателот Борис Трајковски, според она што го пренесуваат босанските медиуми, не се споменува одговорност на СФОР за несреќата, што повторно го наметнува прашањето дали исклучувањето на воената мисија на НАТО во БИХ од можна вина е засновано на официјални искази на француските офицери кои кобното утро, на 26 февруари 2004 година, биле одговорни за контролата на летање на мостарскиот аеродром „Ортијеш“.

Припадниците на францускиот баталјон на меѓународната мисија и во извештајот од првата истрага, а според информациите, најверојатно и во овој, се поштедени од секаква одговорност.

Информациите што се појавија во медиумите, по несреќата, велеа дека по падот на „кингерот“ двајца офицери од францускиот контингент на СФОР, кои биле дежурни на контролната кула, уште истиот ден биле повлечени во Франција.

Портпаролот на СФОР во БИХ, Дејвид Саливен, тогаш веднаш ги демантираше ваквите информации, нарекувајќи ги шпекулации и тврдејќи дека „тие се тука и им дадоа изјави на надлежните органи“.

Сепак, овој момент се најде и во извештајот на европарламентарецот Адреас Грос, врз основа на кој швајцарскиот социјалист во 2007 година пред парламентарното Собрание на Советот на Европа бараше отворање нова истрага за случајот за падот на „кингерот“ за да се расветлат и решат некои контроверзни наводи.

– Од неколку соговорници имам слушнато дека надлежниот француски офицер бил испратен дома утрото на 27 февруари, што е многу невообичаено имајќи предвид дека остатоците од авионот сè уште официјално не беа пронајдени и соработката од контролата на воздушниот сообраќај е, секако, потребна за истрагата за причините за несреќата. Официјалниот извештај од истрагата ги наведува беспрекорните професионални квалификации на надлежниот контролор, но во него нема индиции дека контролорот бил интервјуиран од истражителите – стои во извештајот на Грос, поднесен до Советот на Европа.

Според она што го пренесуваат босанските медиуми, во новиот извештај стои дека „СФОР беа надлежни за вкупната состојба и за функционирањето на аеродромот во Мостар“. Во тој контекст биле одговорни за контролата за летање, воспоставување и за изработка на процедура и точност на податоците во процедурата за приод. Исто така, системот за комуникација бил под надзор и во организација на СФОР. Услугите на контролата за летање ги давале воени контролори на летање на француските воздухопловни единици, кои не поседуваат цивилна дозвола за контролор на летање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сенатот изгласа 95 милијарди за Украина и Израел, но и потенцијална забрана за ТикТок

Сенатот на САД, односно горниот дом на Конгресот, изгласа предлог-закон кој вклучува хуманитарна и воена помош за Украина, Израел, Газа и Тајван во вредност од 95 милијарди долари, но...