недела, 7 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: истрага | 450 резултати

ТМ: Надлежните да спроведат истрага за злоупотреба на ИПА-фондовите

април 7, 2016

Изјавата на белгискиот експерт Питер Ванхауте дека постојат силни индиции за злоупотреба и за корупција при трошењето на дури 40 отсто од средствата од ИПА-фондовите кои ѝ биле доделени на Македонија, е уште еден финансиски скандал што ги потврди сериозните сомневања кај невладиниот сектор во земјата и на меѓународните организации за степенот на корупција во највисоките ешалони на власта […]

Панамското правосудство ќе отвори истрага за „Панама пејперс“

април 5, 2016

Правосудството на Панама ќе отвори истрага за светскиот даночен скандал „Панама пејперс“, кој вклучува политички лидери и познати личности од светот на економијата и на спортот, соопштија панамските власти. – Фактите опишани во домашните и во странски медиуми под името „Панама пејперс“ ќе бидат предмет на истрага – се наведува во соопштението. Неколку земји почнаа […]

СЈО отвори истрага „Тврдина“ за уништувањето на системот за незаконско прислушување во МВР

март 30, 2016

Специјалното јавно обвинителство денеска ја презентираше новата истрага со кодно име „Тврдина“. Како што изјави обвинителката Ленче Ристовска, во оваа истрага се вклучени петмина службени лица, началници во МВР, кои ја злоупотребиле својата службена положба со што во првата половина во 2015 година ги уништиле средствата за незаконско следење на комуникациите. Во истрагата осомничена е и […]

Ристовска: СЈО ги доби сите документи од Централен регистар

март 28, 2016

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ги добило сите барани документи од Централниот регистар, потребни за дел од истрагите што ги води, соопшти на денешната прес-конференција, обвнителката на СЈО, Ленче Ристовска. Обвинителката рече дека нема уништени материјали меѓу оние што биле предмет на нивен интерес. – Во Централен регистар немаше уништени документи, а наш интерес беа, односно […]

Јанева: И претседателот и пратениците и уставните судии се избрани нелегитимно

март 22, 2016

Од доказите што Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ги има за случајот „Титаник“, произлегува дека самиот избор на претседател на државата, на уставните судии и на пратениците во Собранието е доведен во прашање и сите овие институции се нелегитимни, изјави специјалната обвинителка Катица Јанева, запрашана за коментар за одлуката на Уставниот суд околу Законот за помилување. […]

Грчкото обвинителство покрена истрага за летокот во Идомени

март 22, 2016

Грчкото обвинителство ќе го истражува случајот и ќе ги бара одговорните за летокот со кој бегалците на Идомени се повикаа на нелегално преминување на грчко-македонската граница. Според информациите во Грција, обвинителката од грчкиот врховен суд, Ефтерпи Куцамани, издала наредба до солунското обвинителство да се почне прелиминарна кривична истрага за да се најде кој стои зад целата […]

Обвинителството апелира да не се шпекулира за смртта на девојката од Аеродром

март 11, 2016

Основното јавно обвинителство Скопје апелира да не се изнесуваат шпекулации во јавноста во врска со смртта на девојката од Аеродром, а по утврдувањето на нови релевантни околности, Обвинителството дополнително ќе излезе со информации. Од ОЈО информираат дека очекуваат МВР да им ги достави комплетните податоци од спроведените полициски истраги и прибраните известувања од сите граѓани […]

Германската полиција истражува документи со идентитети на борци на ИД

март 10, 2016

Германската полиција за борба против тероризмот почнала истрага во врска со документи што ги откриваат идентитетите на голем број борци на Исламска држава (ИД), јавува „Би-би-си“. Според британските и германските медиуми, кои дошле до документите, станува збор за прашалници за регрутирање кои го откриваат идентитетот на илјадници поддржувачи на ИД од околу 50 земји. Како што […]

Немало „МВРО-ВМРО“, вели Јанкулоска во првото интервју по оставката

март 4, 2016

Поранешната министерка за внарешни работи, Гордана Јанкулоска, по речиси една година откако си поднесе оставка на функцијата, денеска го имаше своето прво јавно обраќање, во интервју за порталот „Прес 24“, кој го уредуваат новинарите на телевизијата „Сител“, Александар Спасовски-Сарма и Славица Арсова. Во интервјуто, Јанкулоска тврди дека не сторила никакви кривични дела и дека истрагата […]

СДСМ за акцијата во Струмица: Баџанакот на Мијалков спроведува нарачки на Груевски

март 3, 2016

Oд опозицискиот СДСМ денеска преку соопштение реагираа на акцијата на Основно јавно обвинителство и на МВР во која се запленети компјутери од Општина Струмица. Од СДСМ велат дека Никола Груевски е уплашен и дека следува одговорност за изборниот грабеж што го правеле тој и неговите најблиски соработници. „Акциите што денеска се спроведуваат во Струмица, на барање […]

Груевски: Не сум во тек, не сум запознаен со заплената на компјутерите во Струмица

март 3, 2016

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска во Штип рече дека не знае ништо за истрагата за изборни измами против лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Прашан за коментар за двата компјутери што Одделот за организиран криминал и корупција ги запленил од Општина Струмица, рече дека нема никакви информации. – Не сум во тек со тоа, еве сега […]

СЈО предлага да се воведе ново кривично дело – попречување на правдата

март 2, 2016

Специјалното јавно обвинителство предлага измени на Кривичниот законик и воведување ново кривично дело – попречување на правдата, поради, како што велат, континуираните опструкции на работењето на ова jавно обвинителство. „Би сакале да ѝ појасниме на јавноста дека во согласност со членот 9, став 9 од Законот за јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и […]

Специјалното обвинителство обвини десетина институции за опструкции и за несоработка

март 2, 2016

Специјалното јавно обвинителство побара одложување на главната расправа за предметот „Пуч“ поради тоа што судот, и покрај тоа што му било побарано, не доставил копија од сите докази, стои во соопштението од СЈО. „Појаснуваме дека првото наше барање кон Судот за достава на копии од списи и на електронски докази е упатено на ден 21 декември 2015 […]

Обвинителство: Нема нови околности во истрагата за смртта на претседателот Трајковски

февруари 26, 2016

До овој момент и од досега утврдените факти во истрагата, како и од извештајот од Меѓународната комисија за испитување на причините за авионската несреќата во која животот го загуби претседателот Борис Трајковски, не произлегле нови околности што би довеле до „донесување на поинаква одлука од претходно донесената резолуција“, соопшти денеска Јавното обвинителство. „Јавното обвинителство на Република […]

Уапсени 22 лица за терористичкиот напад во Анкара

февруари 21, 2016

Турската полиција уапсила 22 лица во рамките на истрагата за терористичкиот напад во Анкара, кој се случи на 17 февруари, а во кој загинаа 28 луѓе, соопшти турскиот премиер Ахмет Давутоглу, јавуваат агенциите. Според Давутоглу, припадниците на групата што стои зад нападот е поврзана со курдската работничка партија и силите за самоодбрана на сириските Курди. „Во […]

Обвинителството ја заврши проширената истрага за „Диво Насеље“

февруари 13, 2016

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал синоќа соопшти дека ја завршило проширената истражна постапка за настаните во „Диво Насеље“ од 9 и од 10 мај минатата година. Станува збор за истрага против седум македонски државјани, осомничени за кривичните дела терористичка организација и тероризам. Во соопштението се наведува дека до одбраната е доставено известување за […]

Твитер-реакции: Обвинителки – кралици, царици, амазонки!

февруари 12, 2016

  По одржаната прес-конференција на специјалната обвинителка Катица Јанева, на која таа ја најави првата акција под името „Титаник“ во која биле отворени истражни постапки против поранешните министри, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, на социјалните мрежи се појавија голем број реакции во знак на поддршка на Специјалното јавно обвинителство, а особено на трите обвинителки, Катица Јанева, […]

Пронајдена марихуана кај надзорник од „Идризово“, обвинителството почнало истрага

јануари 29, 2016

Основното јавно обвинителство Скопје повело истрага против надзорник во затворот „Идризово“, кај кого при претрес била пронајдена марихуана, соопштија денеска од јавното обвинителство. „На 28 јануари 2016 година, при редовна контрола и личен претрес на лицето врaботено како надзорник во Казнено поправната установа „Идризово“, во неговите лични работи пронајдено е топчесто пакување налепено со лелива лента […]

„Дојче банк“ ја потврди загубата од 6,8 милијарди евра во 2015 година

јануари 28, 2016

„Дојче банк“ потврди дека остварила нето-загуба од 6,8 милијарди евра во 2015 година поради високите трошоци за реструктуирање, резервирање за ризични пласмани и пониски проходи. Загубата само во четвртиот квартал изнесувала 2,1 милијарди евра, соопшти банката. Банката моментно е заглавена во судски спорови, имајќи предвид дека против неа се поднесени 6.000 тужби. Минатата година беше […]

Јанева со тимот на терен во Битола, ја испитува работата на Талески и на Општината

јануари 25, 2016

Специјалната обвинителка Катица Јанева и членови на нејзиниот тим деновиве биле во посета на Битола, а во врска со постапката што Специјалното јавно обвинителство ја води против градоначалникот на Општината, Владимир Талески, дознава „Мета“. Од обвинителството ни потврдија дека членови на тимот на Јанева ја посетиле Битола, но не прецизираат дали со нив била и Јанева. „Точно […]

Страна 18 од 23