fbpx
Таг: Илон Маск

таг: Илон Маск

Ко-основачот на Твитер Џек Дорси регира на новите ограничувања

Ко-основачот на Твитер, Џек Дорси реагираше јавно откако сопственикот на социјалната мрежа, Илон Маск, го ограничи бројот на твитови кои корисниците можат да ги видат во текот на еден ден. „Тешко е да се води Твитер. Никому не му го посакувам тој стрес. Верувам дека тимот дава сè од себе знаејќи ги ограничувањата што ги имаат, кои се огромни“, напиша...

Твитер се согласи да се придржува до строгите закони на ЕУ за дезинформации и руска пропаганда

Откако претставници на Европската комисија влегоа во седиштето на Твитер за да ги проверат капацитетите на компанијата дали може да функционира во Европа, социјалната мрежа со согласи да се придржува до новите строги закони на ЕУ за лажни вести, руска пропаганда и онлајн криминал. Ваквиот чекор доаѓа само неколку недели откако Илон Маск, милијардерот-сопственик на Твитер, се откажа од доброволниот...

Илон Маск и Марк Закерберг договорија борба во кафез

Двајца од најпознатите технолошки милијардери во светот – Илон Маск и Марк Закерберг, се договорија да се борат во натпревар што би се одржал во кафез. Приказната, за која јавува и Би-би-си, започнува откако Маск на социјалната мрежа Твитер, инаку во негова сопственост, напиша дека е „подготвен за тепачка во кафез“ со Закерберг. I’m up for a cage match if he...

Линда Јакарино го замени Илон Маск на директорското место во Твитер

Новата шефица на проблематичната компанија за социјални медиуми Твитер, Линда Јакарино, започна да ја извршува својата функција неколку недели порано од очекуваното, пренесува Би-би-си. Јакарино, која претходно била шефица на одделот за рекламирање во „NBCUniversal“ (Ен-би-си Јуниверзал), се приклучи кон платформата неколку дена откако Твитер ја загуби и Ела Ирвин, втората шефица за доверба и безбедност во компанијата која минатата...

Илон Маск повторно е најбогатиот човек на светот

Извршниот директор на Тесла Илон Маск ја зазеде титулата на најбогат човек во светот, пишува Си-Ен-Ен. Неговото конто сега тежи 192 милијарди американски долари, според индексот на милијардери што го објави Блумберг. Богатството на Маск во средата ја надмина акумулираната нето вредност на Бернард Арно, кој сега тежи 187 милијарди долари. Овие двајца милијардери веќе подолг период се натпреваруваат за...

Твитер се повлече од доброволниот кодекс за дезинформации на ЕУ

Социјалната мрежа Твитер се повлекла од доброволниот кодекс на Европската Унија (ЕУ) за борба против дезинформациите. Веста ја објави комесарот за внатрешен пазар на ЕУ, Тиери Бретон, кој ја предупреди компанијата на Илон Маск дека ќе мора да ги почитува новите закони, пренесува Би-Би-Си. „Обврските остануваат. Можете да бегате, но не можете да се скриете“, напиша Бретон на Твитер. Почнувајќи од...

Илон Маск го клевети Џорџ Сорос дека „го мрази човештвото“

Илон Маск упати серија напади кон Џорџ Сорос, твитајќи дека либералниот филантроп со еврејско потекло го мрази човештвото и „сака да ја нагризе самата структура на цивилизацијата“. Сорос често е подложен на антисемитски теории на заговор, пишува Вашингтон пост. Под закрилата на Маск, на Твитер се зголемува ширењето на антисемитизмот и другите облици на говор на омраза. Сепак, Илон Маск...

Линда Јакарино е новата извршна директорка на Твитер

Шест месеци по контроверзното преземање на Твитер, Илон Маск ја именуваше новата извршна директорка на компанијата за социјални медиуми. Милијардерот рече дека на ова место доаѓа Линда Јакарино, поранешна шефица за рекламирање во „NBCUniversal“ (Ен-би-си Јуниверзал). Јакарино со работа ќе започне за шест недели, а Маск и понатаму ќе остане вклучен како претседател и главен директор за технологија. „Со нетрпение очекувам...

Илон Маск нашол заменичка што ќе го води Твитер

Илон Маск вели дека нашол нова извршна директорка што ќе го води Твитер. Тој веста ја објави на оваа социјална мрежа, која ја купи минатата година за 44 милијарди долари. Маск не го именуваше новиот шеф на платформата, но рече дека „таа“ ќе почне со работа за шест недели, а тој пак ќе стане извршен претседател и главен директор за...

Според Твитер, починатите Мајкл Џексон и Коби Брајант плаќаат 8 долари месечно за претплата на „Твитер Блу“

Откако извршниот директор на Твитер, Илон Маск го исполни ветувањето дека од април ќе ги отстрани сините беџови за верификација од профилите на корисниците што нема да платат, голем број познати личности повторно почнаа да ги добиваат беџовите на своите сметки – а меѓу нив, како што пишува „Врџ“, се и починати лица. Минатата недела Твитер започна да ги отстранува...

Твитер ги врати сините ознаки на дел влијателни медиуми, познати личности и компании

Сината ознака, некогаш бесплатен симбол на автентичност на познати личности и компании, сега треба да се плаќа по осум долари месечно. Сопствениците на акаунти кои не се претплатиле и имале сина ознака ја изгубиле во четвртокот, бидејќи сопственикот Илон Маск имплементирал стратегија наречена „Твитер Блу“. „Само мал дел од корисниците означени со сини ознаки се претплатени - помалку од пет...

Твитер започна со селективно одземање на сините ознаки за корисниците што не платиле

Социјалната мрежа Твитер вчера започна со отстранување на некогаш посакуваниот син беџ од илјадници кориснички сметки. Овој потег доаѓа додека сопственикот – милијардерот Илон Маск се обидува да ги промени правилата на компанијата за да оствари профит. Корисниците што пред преземањето на Твитер од Маск го имаат добиено синиот беџ со кој нивниот идентитет на платформата бил верификуван, доколку сакаат...

По интервјуто со Маск, Би-би-си според Твитер повеќе не е „медиум финансиран од владата“

Твитер ја промени ознаката на главниот профил на британскиот радиодифузер Би-би-си, овој пат означувајќи го како „јавно финансиран медиум“ (Publicly funded media), наместо „медиум финансиран од владата“ (Government funded media) – етикета која му ја додели во неделата за што радиодифузерот се спротивстави. Би-би-си на крајот од минатата седмица ја оспори доделената етикета од Твитер кој е во сопственост на...

Твитер повеќе не постои како компанија, се спои со „Екс Корп“

Твитер повеќе не постои како ентитет, откако „Твитер, Инк“ (Twitter, Inc.) се споила со „Екс Корп“ (X Corp.) корпорацијата, според судската пријава за промена на името поднесена во Калифорнија, САД. „Техкранч“ јавува дека бидејќи Твитер повеќе не е јавна компанија, не мора да пријавува ажурирања како промена на името, но новото име било забележано во документ од 4 април кој...

Само корисниците што плаќаат 8 долари месечно ќе можат да гласаат на анкети на Твитер

Нови промени на платената функција на Твитер, наречена Твитер Блу (Twitter Blue), најавува шефот на компанијата - милијардерот Илон Маск. Почнувајќи од 15 април, само корисниците што платиле за син беџ и имаат верификувани сметки ќе можат да гласаат на анкетите на оваа социјална мрежа. Според новата политика, само твитовите објавени од верификуваните профили ќе им бидат прикажувани како „препорачани“...

Твитер сега вреди помалку од половина од она што Маск го плати за компанијата

Твитер вреди помалку од половина од она што Илон Маск го плати за платформата пред шест месеци, според пресметките засновани на протечениот меморандум испратен од милијардерот до вработени во компанијата. Според напишаното од Маск во меморандумот, платформата за социјални медиуми сега се проценува на помалку од 20 милијарди долари, јавува „Гардијан“. Во октомври минатата година, за да го купи Твитер, Маск...

Нови отпуштања во Твитер, меѓу нив и на директорка што спиела во канцеларија поради премногу работа

Една од директорите во Твитер која минатата година објави фотографија на која се гледа како спие на подот во една од канцелариите поради долгите часови работа, е меѓу последните отпуштени од компанијата која е во сопственост на Илон Маск, пренесе „Хил“. Њујорк Тајмс во неделата објави дека Твитер викендов отпуштил уште околу 200 вработени – приближно 10 отсто од...

Илон Маск создал посебен систем за неговите твитови да им бидат прикажувани први на корисниците

Откако неговиот твит по Супербоул постигна полоши бројки од твитот на американскиот претседател Џо Бајден, извршниот директор на Твитер Илон Маск нарачал големи промени во алгоритмот на платформата, пишува „Врџ“ повикувајќи се на документи од „Платформер“. Братучедот на Маск и вработен во Твитер, Џејмс Маск, во понеделникот наутро испратил итна порака до инженерите во компанијата дека е потребно да се...

Златниот беџ на Твитер може да ги чини бизнисите 1.000 долари месечно

Твитер размислува да заработи од бизнисите што се присутни на платформата со тоа што ќе им наплаќа 1.000 долари месечно за да ги задржи нивните златни беџови, јавува „Врџ“ повикувајќи се на извештај на „Информејшн“. „Информејшн“ забележува дека бизнисите што нема да плаќаат илјада долари месечно ќе ги загубат своите златни ознаки, иако не е јасно кога тоа ќе се...

Твитер ги стави на аукција статуетката со птицата од логото и дел од канцеларискиот мебел

Твитер стави стотици предмети од своето седиште во Сан Франциско, САД на онлајн аукција. За статуетката со познатото лого со птицата во моментов се понудени 11.000 американски долари, а остануваат уште неколку часа за наддавање, јави Би-би-си. Жардиниерата висока 190 сантиметри во форма на симболот „@“ веќе чини над 4.300 долари. Продажбата на предметите доаѓа откако по големите кратења на трошоците...

Фотографија од Макрон е креирана со вештачка интелигенција

Ако внимателно ја набљудувате фотографијата на Емануел Макрон, забележливо е дека е создадена од вештачка интелигенција. На пример, претседателот на Франција има неприродно долги прсти на десната рака, а...