fbpx
Таг: Илон Маск

таг: Илон Маск

Илон Маск го сруши Гинисовиот рекорд за најголема загуба на богатство

Илон Маск го собори светскиот рекорд за најголема загуба на лично богатство во историјата. Од ноември 2021 до декември 2022 година тој изгубил околу 165 милијарди долари, објави Гинисовата книга на рекорди во блог на својата веб-страница, пренесе Би-би-си. Бројките се засноваат на податоци од магазинот „Форбс“, но Гинис рече дека други извори сугерираат дека загубите на Маск можеле да бидат...

Од следниот месец Твитер ќе дозволи постови долги до 4.000 карактери

Од почетокот на февруари ќе можеме да твитаме долги постови со дури 4.000 карактери, наместо сегашните 280, потврди извршниот директор на Твитер Илон Маск. Ова е само една од бројните промени која што милијардерот ја планира за годинава, пишува Индепендент. Маск објасни дека долгите твитови „ќе го добијат истиот простор на екранот на временската линија како и другите твитови, но...

Метаверзум, заштита на лични податоци, хаос на Твитер – како се променија социјалните мрежи во 2022?

Од вложувањата на Мета милијарди долари во остварување на Метаверзумот, преку големите промени на Твитер и обидите за забрана на ТикТок во САД, до отпуштањата на десетици илјади работници поради економските пост-пандемиски проблеми на технолошките гиганти – 2022 година ја одбележаа неколку големи настани во однос на развојот и иднината на социјалните мержи. Најголемо внимание, сепак, привлече промената на...

Твитер со нови отпуштања на вработени задолжени за онлајн безбедност

Десетици вработени кои модерираат содржини и го следат говорот на омраза се отпуштени од Твитер во најновото кратење на работните места од оваа компанија, пренесува Гардијан. Станува збор за вработени со седиште во Даблин и Сингапур, кои биле дел од тимот за доверба и безбедност задолжен за меѓународна модерација на содржината, како и единицата која го надгледува говорот на...

Твитер доби тужба затоа што не платил кирија од 136.250 долари

Твитер доби тужба од сопственикот на Калифорнија Проперти Траст затоа што не платил кирија од 136.250 долари во нивните канцеларии во Сан Франциско. Откако Илон Маск ги затегна конците на Твитер, состојбата резултира со тоа што компанијата не плаќа кирија, а персоналот мора да набавува сопствена тоалетна хартија, објави Њујорк Тајмс. Во декември, компанијата за социјални медиуми беше известена дека...

Илон Маск: Само верификувани сметки ќе може да гласаат на анкетите за политиките на Твитер

Сопственикот на Твитер, Илон Маск се обрати за првпат на социјалната мрежа откако повеќе од 10 милиони корисници гласаа за тој да се повлече од местото извршен директор на компанијата. Во твитот, Маск напиша дека само претплатените корисници на „Твитер Блу“ функцијата ќе можат да гласаат на идните анкети кои се однесуваат на политиките на компанијата, пренесува Гардијан. Во неделата...

Илон Маск преку анкета на Твитер праша дали треба да се повлече од местото извршен директор

Сопственикот на Твитер, Илон Маск, побара од корисниците на оваа платформа да гласаат за неговата иднина како извршен директор на компанијата за социјални мрежи. Во анкетата што ја објави, Маск праша дали треба да се повлече од функцијата шеф на Твитер, додавајќи дека ќе се придржува до резултатите. https://twitter.com/elonmusk/status/1604617643973124097?s=20&t=1fyBYPURZ-kMeL2Q7HnbQw Би-Би-Си пишува дека до утрово на анкетата гласале повеќе од 13 милиони...

Твитер ги избриша профилите на новинари кои известуваат за Илон Маск

Твитер ги суспендираше сметките на новинарите што известуваат за платформата за социјални медиуми и нејзиниот нов сопственик Илон Маск, а меѓу суспендираните се новинари на Њујорк Тајмс, Вашингтон Пост, Си-Ен-Ен, Гласот на Америка и други медиумски организации, јави Асошиејтед прес. Твитер не им објасни на новинарите зошто се отстранети нивните профили, но Маск вчера вечерта ги обвини новинарите дека споделуваат...

Твитер со недели не плаќала кирии и сметки по преземањето од Илон Маск

Во текот на изминатите две недели, Илон Маск направил промени во правниот оддел на Твитер, го распуштил советот што ја советуваше компанијата за безебедносни прашања и продолжил со преземањето драстични чекори за намалување на трошоците, јави Њујорк Тајмс. За да ги намали трошоците, Твитер со недели не плаќала кирија за седиштето во Сан Франциско ниту пак за која било од...

Илон Маск исвиркан од публиката во Сан Франциско откако се појави на сцена

„Дами и господа, направете врева за најбогатиот човек во светот“ – со овие зборови комичарот Дејв Шапел ѝ се обрати на публиката во „Чејс“ центарот во Сан Франциско откако на сцена го повика да му се придружи новиот сопственик на Твитер, Илон Маск. Гардијан пишува дека во првите неколку секунди Маск се појавил на сцената подготвен за еуфорично добредојде од...

Платениот син беџ на Твитер е вратен во функција

Платената верификација на Твитер е повторно ставена во функција откако минатиот месец беше паузирана поради појавата на имитаторите. Верификацијата и понатаму чини 8 американски долари месечно, додека корисниците на Твитер кои користат уреди на „Епл“ ќе треба да платат повисока цена од 11 долари, пренесе Би-би-си. Сопственикот на Твитер, Илон Маск, претходно во низа твитови изрази негодување поради провизијата што „Епл“...

Отпуштените од персоналот за хигиена во Твитер биле „третирани како ѓубре“

Во разговор со Би-Би-Си, четворица чистачи кои работеле во седиштето на Твитер во Сан Франциско велат дека биле отпушени без отпремнина од компанијата. Според еден од нив, член на тимот на Илон Маск, извршниот директор на Твитер, рекол дека нивните досегашни работни места ќе бидат заменети од роботи. Сенатор од сојузната држава Калифорнија во САД изјави дека Илон Маск поранешните...

Твитер под раководство на Маск ја прекина политиката за дезинформации за ковид-19

Твитер соопшти дека повеќе нема да ја спроведува својата политика против дезинформации поврзани со ковид-19, предизвикувајќи загриженост меѓу здравствените експерти дека промената би можела да има сериозни последици доколку ја обесхрабри вакцинацијата и другите напори за борба против вирусот кој сè уште се шири. Според интернет-страницата на компанијата, Твитер престанала да презема мерки против твитовите кои ги прекршуваат нејзините ковид-правила...

Најбогатиот човек против највредната компанија: Илон Маск започна вербална војна со „Епл“

Во серија твитови, сопственикот на Твитер, Илон Маск, ја обвини компанијата „Епл“ дека се заканува оти ќе го отстрани Твитер од својата продавница за апликации, што би ги ограничило новите корисници да ја преземат апликацијата од „Еп Стор“. Ваквата акција би била еднаква на цензура, напиша Маск, без објаснување зошто Твитер би бил блокиран. Маск додаде и дека „Епл“ ги...

МСНБЦ: Илон Маск го гледа Твитер како политичко оружје

Најбогатиот човек на светот Илон Маск, како нов сопственик и нов главен извршен директор на социјалната мрежа Твитер го користи овој сервис како политичко оружје, оти зад невидениот хаос што го зафати Твитер, има знаци на намера, коментира МСНБЦ. Како што пишува Зишан Алим, колумнист на оваа медиумска мрежа, по реактивирањето на Твитер профилот на поранешниот претседател на САД, Доналд...

Маск го врати суспендираниот Твитер-налог на Трамп

Твитер-налогот на Доналд Трамп, поранешниот претседател на САД, којшто беше суспендиран откако неговите приврзаници на 6 јануари минатата година го нападнаа Капитолот во исчекување на прогласувањето на Џо Бајден, противкандидатот на Трамп за победник на претседателските избори, е вратен. Ова е дело на новиот сопственик на Твитер, Илон Маск, кој е најбогатиот човек на светот. Тој ја поништи забраната за...

Маск преку онлајн анкета прашува дали Трамп да се врати на Твитер, гласаат по еден милион профили на час

Најбогатиот човек на светот, Илон Маск, кој неодамна ја купи една од најкористените социјални мрежи, Твитер, објави онлајн анкета на која бара корисниците на оваа мрежа сами да одлучат дали да го реактивира профилот на поранешниот претседател Доналд Трамп. По шест часа откако ја објави анкетата, Маск напиша дека гласале по околу 1 милион Твитер профили на час. Trump poll getting...

Стотици вработени во Твитер дале отказ, компанијата ги затвори канцелариите

Твитер им соопштил на вработените дека деловните згради на компанијата ќе бидат привремено затворени сè до понеделник, 21 ноември, кога повторно ќе ги отворат своите врати за вработените, без да ја наведе причината за овој потег. Би-би-си пишува дека најавата доаѓа во време на извештаите дека голем број на вработени дале отказ откако новиот сопственик Илон Маск ги повикал да...

Паузирана платената верификација на Твитер по појавата на бројни измамнички профили

Премиум услугата на Твитер наречена „Blue“, со која се доделуваа сини беџови за потврда на идентитетот на секој што е спремен да плати 8 долари месечно, стана недостапна во петокот откако платформата беше преплавена од голем број измамнички профили одобрени од Твитер. Гардијан пишува дека последниот потег претставува хаотичен почеток за новата претплатничка услуга, која беше една од првите големи...

Илон Маск не ја исклучува можноста Твитер да банкротира

Федералната трговска комисија на САД вели дека ги следи настаните во Твитер со „длабока загриженост“, откако највисоките службеници за приватност и усогласеност на платформата дале отказ. „Гардијан“ пишува дека заминувањата на директорите се случија истиот ден кога Илон Маск, новиот сопственик на Твитер, во своето прво обраќање до вработените рече дека не е исклучена можноста од банкрот. Компанијата за социјални мрежи...

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...