fbpx

Илон Маск го клевети Џорџ Сорос дека „го мрази човештвото“

Илон Маск ги објави своите коментари за Сорос три дена откако неговиот инвестициски фонд објави дека ги продал сите акции во компанијата Тесла, која како производител на електрични автомобили исто така е предводена од Илон Маск

-

Илон Маск упати серија напади кон Џорџ Сорос, твитајќи дека либералниот филантроп со еврејско потекло го мрази човештвото и „сака да ја нагризе самата структура на цивилизацијата“. Сорос често е подложен на антисемитски теории на заговор, пишува Вашингтон пост.

Под закрилата на Маск, на Твитер се зголемува ширењето на антисемитизмот и другите облици на говор на омраза. Сепак, Илон Маск ги објави своите коментари за Сорос три дена откако неговиот инвестициски фонд објави дека ги продал сите акции во компанијата Тесла, која како производител на електрични автомобили, исто така е предводена од Илон Маск.

Маск се чини дека во своите твитови конкретно се обиде да го поврзе потеклото на 92-годишниот филантроп, кој го преживеал Холокаустот во Втората светска војна, со Магнето – еврејски супернегативец од стриповите на Марвел, кој се бори да им помогне на мутантите да ги заменат луѓето како доминантен вид во светот.

„Сорос ме потсетува на Магнето“, напиша Маск на Твитер.

Твитот предизвика бура од реакции на Твитер, кои го споредуваат Џорџ Сорос со различни симболи на злото и потсетуаат на теориите на заговор, кои го прикажуваат како еврејски милијардер кој ги користи своите филантропски фондации за да ја преплави Европа со бегалци и корумпирана американска политика.

Левичарскиот коментатор Брајан Красенштајн му одговори на Маск, посочувајќи дека Магнето е преживеан од Холокаустот во приказните на Марвел, каде што ликот манипулира со магнетните полиња за да им се спротивстави на хероите на филмовите и стриповите на X-Men.

„[Сорос], исто така, преживеан од Холокаустот, постојано е напаѓан поради неговите добри намери за кои некои Американци мислат дека се лоши само затоа што не се согласуваат со оваа политичка припадност“, напиша тој.

Илон Маск му одговори на Красенштајн пет минути подоцна:

„Претпоставувате дека тие се добри намери. Не се. Тој сака да ја уништи самата структура на цивилизацијата. Сорос го мрази човештвото“.

Неговите твитови во вторникот наутро ги осуди Џонатан Гринблат, кој е извршен директор на американската Лига против клеветата, која ги каталогизираше сличните теории на заговор, според кои Сорос сака да го контролира светот.

„Да се види како Илон Маск, без оглед на неговата намера, го храни овој сегмент – споредувајќи го со еврејски супернегативец, тврдејќи дека Сорос „го мрази човештвото“ – не е само вознемирувачко, туку е опасно: тоа ќе ги охрабри екстремистите кои веќе смислуваат антиеврејски заговори и се обидоа да го нападнат Сорос и еврејските заедници како резултат на тоа“, напиша Гринблат.

Инаку, Илон Маск, кој ја искористи својата позиција за да ja засили позицијата на личностите од екстремната десница откако го купи Твитер за 44 милијарди долари минатата година, звучеше многу поамбивалентно за Сорос пред неколку месеци, кога неговата компанија сè уште инвестираше во Тесла.

Радикално десничарски коментатор кој повикува Сорос да биде уапсен, му постави прашање на Маск во јануари годинава какви прашања тој би му поставил на Џорџ Сорос, на што Илон Маск одговори: „Дали всушност знаеш каде одат твоите пари?“.

Илон Маск во март годинава се впушти и во разговор со екстремно десничарски корисник на Твитер под називот Катурд, кој го промовираше лажното тврдење дека Сорос донирал 1 милион долари на окружниот обвинител во Њујорк.

„Сорос смисли паметна можност за арбитража“, му кажа тогаш Маск на Катурд. Малите политички натпревари, рече тој, „имаат многу поголемо влијание по потрошен долар отколку големите трки, така што многу е полесно да се промени резултатот“.

Инаку, проверувачот на факти на американскиот весник Вашингтон пост констатираше дека твитовите на Илон Маск се многу погрешни, укажувајќи дека тие „имаат улога во креирањето стереотипи за богатите еврејски финансиери кои тајно ги контролираат настаните“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ниту едно од поглавјата за преговорите со ЕУ не е отворено

Во својата програма за парламентарните избори во 2020 година, СДСМ вети дека 80 отсто, односно 25 од 33 поглавја за влез во ЕУ, ќе бидат отворени до крајот на нивниот...