Твитер ги врати сините ознаки на дел влијателни медиуми, познати личности и компании

Добитникот на Нобеловата награда за економија Пол Кругман, кој го исмејуваше Маск минатиот јули, велејќи дека има „лоша контрола на импулсите“, рече дека неговата сина ознака е вратена, но дека тој нема никаква врска со тоа и дека „дефинитивно не платил“

Photo by Joshua Hoehne on Unsplash

Сината ознака, некогаш бесплатен симбол на автентичност на познати личности и компании, сега треба да се плаќа по осум долари месечно. Сопствениците на акаунти кои не се претплатиле и имале сина ознака ја изгубиле во четвртокот, бидејќи сопственикот Илон Маск имплементирал стратегија наречена „Твитер Блу“.

„Само мал дел од корисниците означени со сини ознаки се претплатени – помалку од пет проценти од 407.000 засегнати профили“, рече Тревис Браун, развивач на софтвер со седиште во Берлин кој ги следи платформите на социјалните медиуми, објави АФП.

Сепак, во изминатите два дена, голем број познати личности ги добиле своите сини значки, без наводно да платат, вклучувајќи ги Стивен Кинг, шампионот во НБА, Леброн Џејмс и поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Профилите на некои починати познати личности, како на пример американскиот готвач Ентони Бурдејн, исто така доби сина ознака. Многу официјални медиумски профили исто така добиле официјални ознаки, вклучително и АФП, агенција која не се претплатила на „Твитер Блу“.

Добитникот на Нобеловата награда за економија Пол Кругман, кој го исмејуваше Маск минатиот јули, велејќи дека има „лоша контрола на импулсите“, рече дека неговата сина ознака е вратена, но дека тој нема никаква врска со тоа и дека „дефинитивно не платил“.

Некои пак од најследените славни личности на Твитер го изгубија статусот што ја потврдува автентичноста на нивните профили, вклучувајќи ги Џастин Бибер, Кејти Пери, Лејди Гага, Ким Кардашијан, Селена Гомез, Бил Гејтс, Џенифер Лопез, Бијонсе, Опра Винфри…